Јас купив од битпазар во една продавница мода една четка 60 денари има повеќе видови четки јас си купив 5 и сум презадоволна.
Користам четки од ГР... Со природни влакна се. Многу ми се допаѓаат. До сега ниедно влакно не испадна, а ги користам од мај месец. Имам четка за блендирање од Орифлејм, толку влакна испопаѓаа, добро што на попуст ја земав тогаш. Во јуни некаде ја земав. Сунѓерче со четка имам исто од ГР навистина е меко и сега сакам ново да си купам.
Пишуваше дека се од природно влакно ,ги имам подолго време и многу сум задоволна како нови се ниту едно влакно им нема паднато.
Од Али експрес си нарачав мноогу убави комплет за 3 долари, многу задоволна Не се исплаќа да дадеш 200 денари за убава четка тука кога онлајн ке ги најдеш тродупло поевтино.
Токму баш сега ме потсети членката погоре... да прашам колку чини каргото да порачам козметика од страната Tambeauty? Во план сум да нарачам некои производи,па кој знае од искуство да каже.Се надевам не е премногу ..Можеби не е соодветно место прашањево за тука но незнаев каде би се обратила другде.
Имаш цела тема за порачување шминки од интернет, шипингот на Tam Beauty е 4,8 фунти (или 330 денари).
@MagsDestiny @Alisa22 @Mishela или некој друг Користите сеуште силиконско сунѓерче за нанесување на пудра? Како се покажа на долг рок? Се мислам да го земам тоа на Ebelin, 115 ден е во Дм, но ми треба мислење затоа што не сум користела никогаш нешто слично. Фала
Да да, користам. Се случува одвреме навреме да употребам и обично сунѓерче, ама силиконсково перниче ми е некако најудобно за користење, плус и од аспект на економичност зошто не упива, и од хигиенски поглед. Јас земав две за околу $1 од Ebay, ама ако не ти се чека, земи си и оттука, пробај
Јас ја користам само blending brush, и убава е. А имам читано по форумов мислам позитивни зборови за Аура четките, дека се добри + со добра цена.
Девојки дали сте задоволни од четките на Real Techniques? Дали се исплаќа да ги земам? Има понуда некоја три комплета за 50 евра. @Rose96
@macka91 Неповикано ќе ти одговорам... јас ги имам веќе две и пол години, влакно им нема мрднато, земај ги, презадоволна сум. Јас ги имам овие, кор колекшн, портокаловиве, а сакам и овие травел есеншлс да ги земам. Едит - понудата е и повеќе од добра, јас едните ги земав околу 20-30 долари, така нешто, не се сеќавам баш.