Ме интересира премногу....пред еден период го имав истиот проблем...се утепав од чешање...не можев да престанам...се молев кога ке престане сево ова...и престана..без ништо...не отидов на гинеколог затоа што ми беше некако незгодно....пред неколку дена бев на испит на крв и урина и во урината ми најдоа бактерија....за која не се знае сеуште која е...дали е можно да се открие ваква бактерија преку урина??....и не знам дали е кандида....Помош!!
Вулвитис - може да биде предизвикан од хемиска надразнетост или хемиска реакција на сапуни или средства за миење. За намалување на воспалението поврзано со вулвитисот и инфекцискиот секрет, билно средство за плакнење на вагината може да помогне. Прелиј со една чаша зовриена вода 1-2 лажички невен и остави го да стои 10 до 15 минути. Остави ја течноста да се излади пред да ја употребиш како средство за плакнење на вагината.
Штом ти нашле бактерија во урина, следен чекор е уринокултура. Така ќе се открие која е бактеријата и следствено, ќе се направи антибиограм за да се види на кој антибиотик реагира, па ќе го пиеш. Исто, убаво е да пиеш чај од брусница и увин чај, чисто за да ти се прочистат мочните патишта. А самата бактерија може да се прошири и на вагината, па и таму да предизвика воспаление, посебно ако ја оставиш долго време нелекувана.
Девојки мене ме чеша таму каде што се влакната на надворешнит дел околу препоните и во средина навнатре не ме чеша воопште и имам како некои ситни црвенила кажете ми что да правам до сега не ми се случувало така а сега веќе неколку ден ме чеша и некогаш е неподносливо а не сум имала исто така никогаш ни инфекции...
Веројатно ти е изиритирана кожата, што од депилација/брич/крем, што од тесни алишта, што од прашокот за перење, а може и од влошки. Кај мене такво чешање се јавува пред да добијам и кога ќе имам менструација, од влошките, ако не носам тампони. Не е ништо страшно
Devojki, mi treba pomos. Pred 4 dena, pocna da me cesa dolu okolu otvorot i crveno mi e mestoto. Ne me pece pri mokrenje, nemam belo pranje. Se mackam 3 dena so kanesten. Sto da pravam?????/ POMOOOOOOOS [mod-kirilica0ua0b42][/mod-kirilica0ua0b42]
Го имам и јас иститот проблем со чешањето , ного мислам дека ми е од депилацијата сега сум со менструација дали може да се измијам со камилица , нема да ништо лошо мислам зарем не ? пллссс одговоретее
Ништо не е страшно, можеш да се измиеш со камилица иако имаш менструација, а по завршување на менструацијата ако сеуште те чеша мачкај се со канестен мастот.поздравв
Јас последно време приметив, имам чешање за време и по завршувањето на менструацијата уште 2-3 дена, а потоа ми поминува, најверојатно од жешково и од влошките тие always...можеби не ми одговара тој гелот на нив...
oд влошките ти е дефинитивно . порано и јас така леле кога ке ми текне колку ми беше мачно тоа чешањето . користев влошки со гел итн . но ги исфрлив од употреба. употребувам бони од оние големите со крилца не од танките а при крај на менструацијата исто така бони но оние што се само памук ставен во памучна мрежа - медицински . значи не ставај влошки кои имаат најлон и веднаш ке забележиш разлика
Офф.. Овој месец за време на менструацијата ми се појави чешање на имтимниот дел но само надворешно и еве по една недела сеуште ме чеша а и црвенило има. Се измивам со чај од камилица но ништо. Претпоставувам дека е од влошките, наредниот месец дефинитивно ги менувам, па може и препораки ваши. До сега користев јап и се беше ок но во последно време почнав некои виолета и ете..
Најверојатно е од влошките, јас сум алергична на гелот од нив, конкретно, кога користев Always влошки како помлада ми се појави, одвај се излекував. Користи памучни влошки, измивај се со раствор на калиум перманганат, земи некој крем од типот на Канестен, поточно советувај се со гинеколог. Јас морав да пијам Флажил и да користам надворешно на вагиналните усни крем Дактарин - на два пати ми се јави (првиот пат немав поим дека ми е од влошките, гинекологот ми кажа), и само тоа ми помогна.
Се сомневам, т.е. 99% сум сигурна дека имам алергиска реакција од кондоми. Ужасно ме чеша, други симптоми немам. Што треба да превземам?
мене едно време ме чешаше и беше претеризам веќе и и се јавив на докторката и ми рече да се измијам со сода бикарбона и се измив и крај нема га више
Алергична си на латексот од кондомите. Мислам дека во тој случај треба да користите кондоми од други материјали, најчесто на нив пишува latex free. Ама се сомневам дека кај нас има, но во секој случај, не се толку сигурни како овие обичните кондоми. Мислам дека може да се порачаат преку интернет, ама дали вреди до толку? Други начини - да се тестирате и двајцата за СПБ и вируси, па после тоа да применувате други начини на контрацепција. А да не си алергична на сперма? И натаму ми оди паметот...
знчи неколку дена више осекам како иритација на вагината а притоа е и сува и ме пцека за време на мочкање Ч)) а исто така и од време на време почнува да ме чеша и чувството е насвистина непријатноо S