Може да појави чешање на глвата од постојано менување на шампони или од передолго користење на еден ист шампон. Најдобро да се користата оние од брез, камилица или коприва не се со додатоци и посебни мирис како другите шампони но не ствараат чешање, а може да пробате и Фитовал за уништена коса исто е добар.
Мене постојано ми се случува ова кога ќе го сменам шампонот. Дури и кога ќе отидам на фризер,носам мој шампон. ДА глупо звучи ама си имам проблеми, скалпот ми е навикнат на само еден шампон и ни на крај памет не ми паѓа да го менувам. Пробав се, од Пантен, Нивеа, и повторно се вратив на Алкалоид,не битно дали е бреза или коприва.
На сите кои имаат проблеми со чешање на косата до лудило и првут (т.е корупки од првут) е медицинскот шампон РЕКОНАЗОЛ кој се наоѓа само во аптеките на Реплек и чинам е нивно производство.Верувајте,феноменален е.Инаку јас го дознав преку една моја колешка од Подгорица,аптекарка од таму и го препорачале и јас и го пратив од овде.Значи,далеку бил прочуен.Цената му е 150 денари.По завршувањето на шишето се прави пауза.Па за 150 денари вреди да се проба,а и медицински е,така да полоши не може да биде.Но верувам дека ќе бидете задоволни.И јас го користам.
Па сега не знам дали ме чеша косата поради пречесто користење на истиот шампон или пак од фарбиве ме чеша а не ми е дојдено време за фарбање има денови цело време ме чеша главата не сакам да го менувам шампонот затоа што така уште повеќе ми мрси косата. А се мијам со Wash n Go Има ли некој лек за ова ??? едит: немам проблем со првут само многу ми се мрси косата
Баш пред неколку дена се измив со еден шампон и главата ја откорнав од чешање Ретко ми се случува, но неподнослуво е Вчера повторно си ја измив со друг шампон и сега сум спасенаааа Често ги менувам шампоните поради ова. Сега користам Wash n Go
Мене пак, пред едно месец дена, на топло многу ме чешаше главата. Чим застанев до печка подолго време, некогаш и од фен.. Абе ми идеше да ја откорнам главата. Исто и сестра ми. А различен шампон користиме, јас Гарниер, она Воуш енд гоу.
И јас имав сличен проблем. После подолго време користење Nivea, главата почна да ме чеша а и првут ми се појави. Од тогаш поминаа 2-3 години и пак пробав Nivea но се беше во ред
И мене некој пат многу ме чеша главата,прво мислев дека е од шампон ама кога си ја прашав докторката ми рече дека може да е и од голем стрес и не мора само главата да чеша при стрес туку и цело тело,некоја реакција било...
мене од dove ме чеша и главата и телото ми ..ми се прави црвенило ..засега единствен шампон сто ми одговара е herbal essence
Herbal essence рекоа ќе ги запреле од продажба,ама не можам да кажам дека е точно 100%.Иначе моментално и јас го користам. Исто ми се случува да ме чеша главата од шампони,ми се прави првут,обично кога некој шампон е силен,ама на почеток пример ми е ок,но по некое време,кога веќе ми ја суши кожата на главата (обично тоа се овие за против мрсење на косата) и го менувам одма,па одма се осеќа разлика.Потоа можам по некое време пак да се навратам на тој шампон.А и секако се препорачува менување на шампоните на некое време.Јас пример користев syoss машки што е за мрсна коса,на почеток ми беше преубав,но потоа почна да ме чеша главата и сега сум на хербал е. Потоа ќе си го користам пак сајосот.Така да ,некогаш ако почни да ве чеша од шампон,сменете го со поблаг,тие бебешките се добра опција или некој сензитив.
Здраво драга, поголемиот број на шампони во својот состав содржат агресивни сурфактанти кои премногу ја мијат косата и го надразнуваат темето. При изборот на шампоните избегнувајте ги оние кои содржат Содиум лаурил сулфат (Sodium Lauryl Sulfate или SLS) затоа што е еден од најагресивните. Нивото на агресивност му е 3 додека Аmmonium lauryl Sulfate ниво на агресивност5. Овој вид на сурфактант одлично ја мие маснотијата меѓутоа е премногу агресивен за кожата па затоа се помалку е употребуван во козметичките препарати и е заменет со SLЕS. Мој личен совет е да се избегнува иако може да биде и ублажен од страна на бетаинот, затоа што имам многу лошо искуство на алергија и чешање на темето на главата поради употреба на производи кои го содржеа (а на времето не знаев зошто). SLЕS (односно содиум лаурет сулфат или Sodium Laureth Sulfate) има иста база меѓутоа е различно третиран (еден дел од молекулата е синтетички па затоа ја има и наставката -eth) и е помалку агресивен од SLS. (нивото на агресивност е 2,3). Козметичките компании го користат затоа што е економичен и лесно се згуснува со помош на обична сол (и таа е економична) па со малку пари прават производ. За да биде помалку штетен за кожата мора да се наоѓа во добро избалансирана формула, што значи дека неговата агресивност треба да биде ублажена со бетаин или пак со глукозид (decyl glucoside или lauryl glucoside). Значи да разјаснам ако во продавница земете еден шампон и во декларацијата ја видите следнава формула:Aqua, Sodium Laureth Sulfate, Sodium Chloride веднаш вратете го производот на полицата затоа што е премногу агресивен. Добра формула е следнава: Aqua, Sodium Laureth Sulfate, Cocamidoproryl Betaine, Sodium Chloride....вака избалансиран SLЕS каде солта доаѓа после бетаинот не е агресивен за косата. Провери ја формулата на шампоните кои ги користиш и водо дали сурфактантот е добро избалансиран од бетаинот и ќе го најдеш одговорот зошто темето на косата те чеша и се иритира. Од друга страна пак органските шампони најчесто користат благи сурфактанти како: Decyl glucoside, Lauryl glucoside, Coco glucoside, Sodium lauroyl sarcosinate, Babassamiopropyl betaine, Coamdopropyl betaine, Sodium cocoamphoacetate, Glycerin, Lauryl glucoside, Sodium Cocoyl glutamate и други. (да не ве замарам со многу информации). Затоа секогаш контролирајте ја декларацијата и не се ослонувајте на марката, рекламата, опаковката и така натаму. Се надевам ти помогнав.