какви чешели и четки користите за косата и колку се ефикасни?дали ве кубат или ви ја мазнат коса? не забележав ваква тема ако има слободно канта.
Немам големо искуство со чешлање, дури некогаш и заборавам да се чешлам зошто имам супер коса па немам потреба
Чешлови и Четки за коса Имам една четка за коса со која се фенирам и е дрвена и од некакви си влакна појма немам какви беа за да не го кине влакното и не ми ја електризира косата. Бидејќи имам долга коса потребно ми е само една четка и тоа од оние што се најголеми. Ваква Спојлер А се чешлам со ваков чешел/четка Спојлер Барем еднаш на 2 недели ги мијам убаво а секојдневно вадам влакна од нив кои ми паѓаат при чешлање/фенирање. И тоа, друго ништо не се замарам
Чешлови и Четки за коса не.. освен ваков обичен, ништо друго. Неколку пати пробав да ја исфенирам косата со четка, ама ја заглавив, па веќе не се осудувам
http://www.google.com/imgres?q=%D1%87%D ... 7,s:0,i:94 за коса имам нешто вакво сакам да ја негувам косата и правам колекции од чешли.
Ја имам околу 3 години четкава. Задоволна сум . Единствена мана е тоа што кога треба да одиш некаде надвор од својот дом, никаде не ја собира . Големка е
„Врие“ дома од четки за фенирање и чешли. Се фенирам многу често затоа што секогаш сакам да го добивам тој ефект на „пресно излезена од фризерски салон“, па неизбежни реквизити ми се. Имам обична, кружна и голема за фенирање и помала за шишките. Четки за коса имам повеќе - де со такви, де со онакви влакна, ама искрено, ретко ги користам затоа што и ретко се чешлам. Немам коса која лесно се плетка, ми се мрси брзо и затоа избегнувам чешлање веќе со години. Тоа не значи дека воопшто не се чешлам, ами гледам тоа да биде поретко. Чешел си користам само кога правам фризура, бидејќи тешко ми оди со четка.
Сакам да најдам четка што не ствара електрицитет на косата, сугестија е добредојдена! Инаку користам обична широка четка со пластични иглички и четка за фенирање исто така, а имам впечаток дека најубаво чешлаат чешлите со запци. Можеби затоа што мојава коса ретко гледа таков чешел, се кубам и немам трпение со чешел да се расчешлам.
дали знаете каде би нашла ваква четка за коса или нешто слично барав на сајтот на орифлеим но ништо не најдов, а ми треба итно бидејќи претходната си ја скршив
Ова мене ич не ми се допаѓа.Имам вакво од пазар го купив околу 30 денари,ама ова е мало за да ја исчешлаш убаво косата(посебно ако имаш долга коса).А и само се собира внатре четката додека се чешлаш.