Види ја онаа што ја имам ставено неколку постови погоре. Мене ми е најдобра што сум ја користела до сега, а и сите што ја купиле после мене се презадоволни. Добро расчешлува, а не е груба. Јас и ја фенирам косата со неа, добар мазен ефект добивам.
Дрвена е, така? Како да ја видов ама не знам дали ми се измешале брендовите, ништо чудно и друга да сум гледала. Јас имам постара верзија на овој модел, навистина е прекрасна и пак сакам да земам четка од Ебелин само се мислам која.
Да, дрвена е и има пластични запци со топчиња и пократки остри влакненца ( чинам од дива свиња, ако нешто ти значи ) кои не го иритираат скалпот. Истата ја има во три величини и како четка за фенирање. Неколку страни назад и други ја имаат пофалено. Мислам дека нема да згрешиш со неа.
850den prviot model tangle teezer original proglasen e za najdobar pa zatoa i go zemav,ne mi se eksperimentirase so dr modeli po 1200den se tie...super iskreno ceslanje,nema kubenje da znaev porano da go zemev
Јас имам од сивата, 55ка и сум немала подобра четка за фенирање. Ме спаси цел карантин кога не можев да одам на фризер, а не сакав да се оеглам и виткам секој ден.
Девојки дали некој ги има користено овие четки од Александар козметикс? Јас ја купив, убава е, јас најголемата ја земав и за брзо време ја фенирам косата.
Ја има ли некој користено оваа четка да сподели искуство? Пишува дека е со природни влакна и не е баш евтина па да знам дали се исплати...
Од кој бренд на четки за фенирање сте задоволни? Во ДМ како да видов некои Olivia со малку повисока цена. Дали вредат?