Hairshop.mk имаат професионални четки за коса, можеш да видиш кај нив на сајт или во продавницата карши Рамстор мол. Но, немам искуство, не сум ги пробала.
Убави ли се тие tangle teezer четките за коса? Ги има ли тука и tangle teezer за расчешлување на мокра коса?
Топ е. Јас на ќерка ми го купив оригиналниот британски од дм, секој денар си го вреди. После демек начекав во кали продавничкине ефтин, земав за мене, врска нема! Ако мислиш да земеш земи си го од дм, скап е ама вреди. Пишуваи за суво имокро на него
Јас ја имам од космо британската Tangle Teezer The Ultimate Professional Finishing четка, можам да кажам дека доста е доста добра. Ја користам за влажно чешлање, и после фенирање, не ја кине воопшто косата.
Да потврдам и јас го имам tangle teezer веќе 2 години го користам и вреди за секој денар. Инаку имам долга коса со тенко влакно што многу лесно се кине, особено кога ми е сеуште водена од капење и откако го користам во многу подобра состојба ми е косата. Мојот го земав од ДМ, да не излажам точно цена не знам околу 900 и нешто беше тогаш.
Оваа ја купив неодамна и ептен ми се допаѓа, запците се меки и свитливи, одлично расчешлува и не кубе. Исто и прелесно се чисти, навистина ми се погоди четкава. Ја купив од Космо пред некој месец. На акција беше тогаш и онака ја купив без многу мозгање.
Сакам да прашам каква четка користите за густа коса? Мојата е дрвена со густи запци ама имам чувство дека не ми е скроз чешлана убаво. Сакам некоја убава квалитетна.
Tangle Teezer. Ја има во дм. Скапа е, но вреди за парите. Имам многу густа коса и супер се покажа до сега.
Оваа е, јас ја имам баш истава. Ја користев кога имав долга коса. Супер е, лесно ја расчешлува косата. Јас 9 евра ја земав од Нотино пред 3 год
Ќе видам дали го има тој бренд овде. Овие од Дм добро би било да имаат онлајн нарачување- 21 век сме.