Каде кај нас можам да најдам ваква четка, ја користат за виткана коса. До сега на интернет не најдов а и во ДМ последно немаше.
Не знам дали сум на вистинското место да прашам но дали може некоја да ми препорача обична четка за фенирање од којашто сте задоволни? Ми треба нешто за сама дома да си ја фенирам косата, кога ќе имам потреба а не можам да си најдам нормална убава четка.
Јас со години се фенирам со Tangle Teezer ultimate finishing brush. Знам намената дека не и е за фенирање, но врши работа. Со неа и се чешлам. Од кога ја земав, друга четка немам фатено. А оние округлине, не ги можам едноставно. Лани купив една поскапа, али не научив да се фенирам со неа. Само така си стои.
Со четка за фарба и сјај. И тријам, дур не ја видам целосно чиста. Еднаш неделно ја мијам, не оставам валкана четка да ми чепне миена коса.