Користам четка слична на таа од Авон. Мојава немам појма од каде е, моите ја купиле јас си ја земав . Ама многу убаво ми ја расчешлува косата и си ја носам со себе зошто мали чешлиња нема шанса да ми ја расчешлаат косата, само се кршат
Јас имам идентична како таа розевата од Авон, скроз иста, само уште Advance Techniques и фали да пишува, ја купив од Џамбо
Јас имам 3 чешли за коса од Тitania. Koсата ми е густа, малку виткана и подобро изгледа кога не е чешлана па затоа ја чешлам само после миење (а коренот секој ден). Иначе чешливе се многу квалитетни сите предходни ми се кршеле и брзо се сплескуваа. Не можам да најдам слика конкретно од моите, но нешто вака изгледа мојот омилен само што е малку поголем и зелен
Приборот за нега на коса го чувам во посебен дел од висечкиот четкарник и секако го користам само јас. Имам овална четка за фенирање,обичен чешел со средно дебили запци за чешлање и едно мало чешелче кое заедно со огледалце од Oriflame го носам во чанта.
користам чешалче за тапирање четка голема за фенирање (форма на круг пошто фризерката ме фенира со некоја коцкаста затоа нагласувам) чешал за после фенирањето т.е. ден по фенирање чешал-четка после чешлање то чешалот за да немам електрицитет
А може некој да ми каже како се витка косата (како се прават локни) сочекта за фенирање со некои меки влакна?
^ Се прават локни со кружна мала четка, онаа за фенирање кратка коса или шишки. Си одделуваш прамен, го омотуваш околу четката и фенираш. За ваквите локни потребен ти е фен кој има додаток со потесно грло, за да испаднат локните убави. Со обичен фен не се постигнуваат воопшто, затоа што потребно е нешто повеќе топлина концентрирана на тоа место за да излезе локна како што треба. Јас многу често си правам вакви локни, дури повеќе ми се допаѓаат од оние правени со преса или фигаро.
Kористам четка од орифлејм, и задоволна сум. А за излегување некаде во ташна си носам помала, и тоа е од Орифлејм
Колку им е цената на тие малите четки за коса од авон/орифлејм? Сакам да си купам една за во ташна да си ја носам. Квалитетот им е ист како и на големите така?
Околу 100 тина денари, ако мислиш на таа на преклоп со огледалце што е.Јас ја имав, ама ми се скрши на пола па сега башка си го користам и огледалцето и чешлето
знае ли некој каде мозам да најдам ваква четка за коса https://www.google.com/search?q=%D1%87% ... 7#imgdii=_