Јас користам крупни четки за коса,таква ми е косата,и не ме скубат него баш ми ја,ајде да кажеме чешлаат
сакам да си купам четка за фенирање само незнам дали дрвена густа или пластична поретка која ја прави поубава косата или и двете се убави иначе јас сакам дрвена па кажете ми ве молам одма ми се брза позз чД
Здраво девојки. Барам скроз дрвен чешел, па сакам да ве прашам дали имате некаде видено и кај може да се купи? Јас барав по аптекиве, но нема баш таков. Ваков Фала многу.
Јас ја користам оваа четка од АВОН. Ја имам 3 години можеби и повеќе и ниту едно запче не и падна. Сеуште е здрава и како нова е.
Пред некое време постојано со четка ја чешлав косата и од горе ми беше мазна но внатре во косата ми беше заплеткана. Сега спијам со врзана коса но сепак си ја чешлам со обичен чешел и немам проблем.
Каде да најдам од овие четките за коса на кои запците лесно се виткаат со што прави лесно да се чешла мократа коса и отплеткува сувата заплеткана коса, освен во ДМ? Спојлер
Јас го користам овој од Авон и сум презадовлна,бидејќи имам густа коса најубаво ми е чешла А во ташна со мене секогаш си го носам ова малцково исто од Авон е
Јас ваков си порачав од Алиекспрес,но се уште го немам добиено. Ако не ти е за брзање оттаму,инаку не сум видела на друго место.
незнам каде ја има но дефинитивно е најдобриот чешел што го имам дома . Го имам веке две години го купив 18 евра и дефинитивно вреди за секое евро. Мојот е од постарите -оној што има добиено награда. Сега го има во такво издолжено издание. Муабетот ми е да внимавате кога го купувате. Во прилог ви покажувам слика од мојот како изгледа. Знам дека има излезено многу копии уште тогаш имаше , не велам дека копиите не се добри -ги немам користено , но сепак ако го сакате оригиналот мора да поседува потпис и нешто како гаранција за него. Инаку за разлика од обичните четки овој штити од распукување на косата при чешлање и е наменет за мокра и сува коса. И дополнително и дава сјај-како да имаш ставено капки за коса, но не ја мрси.
Штотоку ја порачав четкава од Macadamia - No tangle ,ја порачав од нет од еден англиски сајт ме интересира дали ја имате користено дали сте задоволни или се зезнав што ја порачав како и да е ќе пишам кога ке стигне
Јас користам четка од Авон и задоволна сум но сега баш се заинтересирав за овие така да ке нарачам таква да ја пробам.
Ова огледалце со чешел секогаш го носам со мене, доста практично. Инаку четка за коса од Голден Роус.
Женски дали некоја знае од каде да си купам дрвена четка за коса. Имам моментално од Субрина ама почна да се распаѓа и многу ми ја корне косата кога се чешлам ? Дали има во Тинекс ?