@koritsaki како си задоволна од четката на Macadamia? И ако може предлог за квалитетна четка за долга и многу густа коса.
Можеби ти одговарам доцна но јас имам дрвена четка од Titania, таа со средна големина, и сум презадоволна од неа. Одамна ја купив, но мислам дека имаше 3 типа: за кратка, коса со средна должина и за долга коса, јас ја земав таа за средна должина, бидејќи тогаш имав пократка коса, но и сега кога имам подолга коса одлично си ја врши работата! Мислам дека цената се движеше околу 300-350 денари, јас мојата ја купив во Cosmo. Станува збор за оваа четка:
Мене еднаш ме чешлаа со оваа четка во фризерско студио Диор и баш се фасцинирав. Имам долга и виткана коса, тенко влакно кое многу се плетка и теоретски шанси нема да ја исчешлам косата додека ми е мокра, ја чешлам само сува одкако ќе и нанесам милон маски и масла и пак имам куп влакна на чешелот. Буквално со еден потег ме исчешла девојката и после ми ја покажа четката ни 5 влакна немаше на неа. Може да се купи и кај нив, мислам дека ми кажа 1000 ден. дека чини, сакав да ја земам ама сум заборавила, добро што се потсетив. Колку чини да се порача преку нет? И дали ја има на друго место да е негде поефтина? Тенкс.
^ Таа е цената од прилика. Јас овде ја гледав http://eu.strawberrynet.com/haircare/macadamia-natural-oil/no-tangle-brush/139273/?CatgId=p#DETAIL http://eu.strawberrynet.com/haircar...brush-set---pre-style/163272/?CatgId=p#DETAIL http://eu.strawberrynet.com/haircar...brush-set---pre-style/176414/?CatgId=p#DETAIL
@koritsaki @mims-89 фала ви девојки. Инаку има ваква и во Дм, околу 600ден, но не е на Макадамиа и не знам дали да ја купам. И мислаааам дека гледав во една продавница за козметика на големо и мало, позади Беверли, Александер или нешто така се викаше...
Ја има оригиналната tangle teezer во авон сега, со иста функција е како macadamia. Цената е 700 ден. Јас ја користам неколку дена, мојата коса е склона кон плеткање и кинење, и сум задоволна многу убаво расчешлува.
mims89 , јас од овде ја купив четкава на Макадемија http://www.lookfantastic.com/macada.../10790499.html?autocomplete=productsuggestion страната е од Англија , бесплатен е шипингот , плус имаш код (LFNEW) за 10% поевтино да ја земеш
Четкава ја има во Александар козметик, некаде околу 500 денари беше јас кога ја купив можеби има 5-6 месеци. Ги има и останатите производи на Макадамиа, маски шампони и масла. Гледам сте ја споменале онаа од ДМ, слична е, ги има и во многу убави бои ама не е оргиналната така да ми нема смисла копија да плаќам поскапо од оригиналот.
Ве читав и не знам дали добро разбрав, оваа четка ја има во Александар козметик? http://www.lookfantastic.com/macada.../10790499.html?autocomplete=productsuggestion Ќерка ми има многу виткана коса која многу тешко се чешла, односно не се чешла, би завршила работа оваа четка?
Да, таа е четката. Мајка ми има виткана коса, си ја купи за неа, па ќе споделам како ќе се покаже. Инаку, јас си купив обична дрвена четка од ДМ, мислам дека беше на Ebelin и ја купив 180 денари. Одлична ми е, не би менувала засега иако ме фаќа мерак за оваа погоре.
Се сеќавам дека повеќемина сакаа да купат дрвен чешел. Моја препорака е да си ги чувате парите, а со тоа и косата. Таков звук од кубење на коса - немам слушнато. Ја бланширав косата и мислев дека ми е оштетена и страшно непослушна заради тоа. Дефинитивно беше заради дрвениот чешел. Откако повторо се вратив на користење на обичен чешел, уште при првото чешлање и миење на косата забележав огромна разлика. Никогаш нема да си ги вратам оштетените влакна но можам да спречам некој друг да го направи тоа.
Пробај да ја "исчешлаш" со друга четка. Оваа ја држиш, а со другата минуваш по неа. Ќе се соберат влакната на купче и лесно ќе ги извадиш.
@LivingGlam Абе влакната лесно ги вадам него најдоле на самиот корен ми се насобира како да кажам како нечистотија како прав не знам баш дали добро се изразив дали ме разбра, тоа ми е проблемот, јас со прсти го чистам тој дел колку можам ама многу се едно по едно тоа да го правам често, а секако и ја мијам со шампон само што бавно се суши-многу вода собира оддолу па мислев некој друг начин да нема а не сум знаела.