Ај пробај сода бикарбона со лимон, земи чепкалка за уши и чисти полека. Потоа помини со влажни чепкалки неколку пати за да не ја водениш цела. Тоа ми текнува во моментов, инаку моите ги мијам со шампон.
Ето видиш не ми текнало со сода и лимон а мислам дека ќе бидне, него тебе не ти се собира вода оддолу па да ги чекаш многу време скроз да се исушат?
Ги превртувам со четката надолу врз крпа и чекам. Ќе си ја пробам идејава со сода и сама за некој ден.
За Чешел од Авон незнам, ама знам дека четките на Авон се најдобри. Чешел можеш да најдеш во аптека или во поопремена парфемерија.
И мене ме привлече, ама некако ми е too good to be true Секако ми треба четка, а оваа е околу 400 ден, па ако се решам да ја купам, ќе споделам имресии
Исто, сосема иста ситуација сум и јас. Задоволна сум од четките на Ебелин, не сум многу надежна за којзнае каков сјај, ама сакам квалитетна четка. Особено ми се допаѓаат ваков тип на четки со влакненца, многу поубаво ја чешлаат косата и не ја кубат.
Дојдов во темава да ја постирам сликаваи гледам веќе се појавила на феминскиот пазарНека ме тагне некој ако ја пробаФала однапред @Mishela @Avery
Да, 6 месеци траел. Мене не ме фасцинира толку тоа со кератинот, зашто и онака користам други препарати со такво дејство. Многу ми се допаѓа тоа што е густа и со онакви густи влакненца вметнати меѓу металните „запци“ со топчести врвчиња. Одамна барам таква четка. Ќе ја купам ама за некое време, па ќе пишам како ми се допаднала. Не ми е моментално приоритетно нешто за купување.
Денес секаде каде што побарав, кератинската четка беше распродадена. Сигурно некоја феминка ја купила, па ве молам споделете мислење
Користам обичен чешел од овој тип Ја чешлам само пред миење, долку не ја пеглам после тоа. Кога ја носам пеглана ја чешлам почесто.
Ја купив, пишував пред некое време во некоја од темите - ништо посебно, слична е можеби наликува на tangle teezer, ама дека прави чуда со косата - не. Ако ти се даваат толку пари, земи ја. Мене сепак ми е иста ко сите други со овој модел на влакна кои ги имам.
Купив од ДМ една слична на таа со кератин пред 2 месеца, густа е ми се допаѓа. Само мислев дека е 300 ден, на каса видов дека е околу 600.