Поголемата 415 ден. , помалата 315 ден. И јас ја земав оваа четка, конечно да најдам добра четка, косата ја расчешлува без кинење и кубење на косата.
Мислење за четкава, да се зима или не? http://topprice.mk/index.php?route=product/product&product_id=930
Девојки, тие што сте користеле или користите ротирачка четка за обликување на косата, која би ми ја препорачале? Немам искуство, па ми треба нешто што нема да биде многу комплицирано, а нема да ја сплеска, туку ќе и даде убав волумен на косата. Инаку имам долга коса. Благодарам.
Olivia garden cetkite se SON!! Poskapi se od 800 do 1200 se dvizat ama imas dozivotna garancija. Jas zemav dve, pogolema i pomala i ne samo ato mi ja fenira kosata kako od salon, tuku ne ja elektriziraat, ne ja mrsat.. ma nemam zborovi. Ako ste vo moznost takvi zemete si veruvajte se isplati investicija.
Препорачајте четка за фенирање Кои се подобри, тие со топчиња на крај или другите? Од тие без гледав во парфимерија и се избоцкав, многу груби ми дојдоа а имам бемки на главава, се плашам дан ми направат беља.
Сум купувала многу четки за коса. Најзадоволна сум од фризерските четки и чешли. Кај фризерка си кажувам што сакам и ми порачува од дистрибутер. Имам еден чешел за коса кој морам да го пофалам. Од Hairspray продавниците во Обединетото Кралство може да се најде. Ми го донесоа роднини од Лондон. Како боцки е цел чешел и е скрос пластичен. Tangle Attack се вика, редовно кошта околу 15 евра, ми го купија на попуст за 8 евра и сите се чудат кога ќе видат како отплеткува коса, а воопшто не кубе и не боли. Една другарка не веруваше кога јас ја чешлав и мораше да се исчешла самата за да се увери. Има такви слични во ДМ по 600-700 денари, не знам какви се и дали кубат ама слично изгледаат.
Здраво девојки, треба да си купам нова четка за коса, за секојдневна употреба. Имам баш проблеми со опаѓањето долг период, па ми треба некоја што нема да ги кине и кубе влакната. Која би ми ја препорачале?
Tangle Teezer, доколку имаш од каде да ја купиш, од срце ти ја препорачувам! Има за секакви видови на коса.
За фенирање или обична? Јас оваа ја купив пред некој ден во ДМ за околу 220 ден и многу сум задоволна. Имаше и поскапи од истиов тип само поголеми.
Благодарам, ќе проверам дали ја има некаде кај нас. Обична ми треба, баш ги гледав овие во ДМ и се мислев дали се подобри со метални запци или природни влакна, па поим немав и не купив Многу ми е слаба и тенка косата откако мака мачам со опаѓањето, имам виткана коса што и не е толку важно моментално затоа што морав драстично да ја скратам и доста ми е поретка од порано, па не знам каква да одберам за да не ја малтретирам дополнително со кубење. Може да ја пробам четкава за почеток, не е скапа, таман и помала сакам.