Ја немам ама читам по коментари многу ја фалат. Инаку ако уште не си ја порачала овде истата е поевтина. https://produkt.mk/product/eлектричнa-четка-за-сушење-и-фенирање-н-2/
Ако може да ми препорачате обична четка (не за фенирање) за многу густа коса. Чешел не можам да користам во никој случај, а сегашнава четка веќе не ми врши работа.
Јас само сува коса чешлам, додека е мокра никако, бидејќи ќе останам без коса. Четка користам titania hair care од dm ја зедов, мислам дека со бамбусови влакна беше, мека е многу.
Во ДМ има убави четки тие со дрвена рачка што се на ебелин има помала и поголема. Откако ја земав косата не ја кинам како претходно и многу убаво ја расчешлува косата, откако ја користам увидов дека со обичниот чешел сум ја малтретирала косата а имам долга коса која претходно едвај ја чешлав. Ако се решиш за оваа земи си ја поголемата околу 450 ден е, таа е за долга и погуста коса.
Мислам истиве четки ги има во ДМ , баш провери. Јас ја имам купено во Грција ама да ти кажам не сум многу задоволна, поубаво ми се расчешлува косата со обичен чешел. И не е точно дека не ги кине влакната..
Во Avon каталогот ја имаш четкава.. Екстра е @koritsaki И мене ми кинеше кога четкав од коренот кон врвот. После ме научи фризерка дека коса се чешла од краевите па нагоре
Верувам дека за оваа зборува. Потврдувам дека е прекрасна и дека е најдоброто нешто што и се случило на мојата коса.
Ја продавам 2000 ден. Многу малку искористена поради тоа што ја скратив косата.Ја препорачувам само за долга коса.Донесена ми е од германија
Поминало доста време, па да те прашам да не случајно ја купи четкава? Ептен ми треба нова четка за коса. Ја гледав оваа пред скоро и се мислев дали да ја купам, добра е? Најбитно ми е да не прави рани по скалпот со запците, па се надевам дека е добра.