Чиреви на интима (hidradenitis suppurativa)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Sandra93, 2 мај 2021.

  1. Sandra93

    Sandra93 Нов член

    Се зачлени на:
    2 мај 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Направив профил оти овој форум ми е последна надеж.

    Пред два месеца ме дијагностицираа со нешто што го кажа докторот како acne inversa а на интернет најдов дека по ново се вика hidradenitis suppurativa. Ми даде некои лекови, кратко антибиотик ама не помогна ништо. Ми се појавуваат големи чиреви на интимата и не само што се гадни на излгед туку и болат и гнојат па ми е страв од инфекции.

    Мојов доктор не ми препроача освен што ми кажа да се мачкам со benzoyl peroxide а јас барав на интернет и гледам дека има и други третмани ама неможам да најдам никој во земјава што се бави со оваа болест. Дали знаете некој што има ваков проблем или ваква дијагноза и некој доктор што колку толку се разбира или барем ќе сака да ми помогне? Ова веќе ми трае 6 месеци и ќе збудалам затоа што никогаш не сум имала вакви проблеми до сега.
     
  2. most54

    most54 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    10
    Здраво, и јас ја добив истата дијагноза пред неколку месеци. Навистина е тешко да се носи овој проблем посебно кога знаеш дека е хроничен и доживотен. Би сакала да знам како си сега и дали најде нешто што ти помага околу оваа состојба?
    Јас бев на преглед кај 3 различни доктори, сите ми предложија различни креми за третман.Но досега како највеќе да делува octeni sept спрејот, но не ги исчисти целосно.
     
  3. Detelinka <3

    Detelinka <3 Нов член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2026
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Незнам дали точно за истото се мисле ама и јас имам периодично долг период на меѓуножјето, секогаш ми се појавува само едно како внатрешно поголемо брунче(како топче) за среќа сега за сега и секогаш на исто место. На кожен доктор бев ми дадоа белоген, со него ми пука за краток период плус залепен ми е со ханзапласт поради тоа што ми смета при одење. На доктор само ми рекоа може да одиш да ти ги изгорат ама штоп секогаш излегува на исто место, пак ќе испаднат.
     
    На Linnka му/ѝ се допаѓа ова.