Здраво на сите. Направив профил оти овој форум ми е последна надеж. Пред два месеца ме дијагностицираа со нешто што го кажа докторот како acne inversa а на интернет најдов дека по ново се вика hidradenitis suppurativa. Ми даде некои лекови, кратко антибиотик ама не помогна ништо. Ми се појавуваат големи чиреви на интимата и не само што се гадни на излгед туку и болат и гнојат па ми е страв од инфекции. Мојов доктор не ми препроача освен што ми кажа да се мачкам со benzoyl peroxide а јас барав на интернет и гледам дека има и други третмани ама неможам да најдам никој во земјава што се бави со оваа болест. Дали знаете некој што има ваков проблем или ваква дијагноза и некој доктор што колку толку се разбира или барем ќе сака да ми помогне? Ова веќе ми трае 6 месеци и ќе збудалам затоа што никогаш не сум имала вакви проблеми до сега.
Здраво, и јас ја добив истата дијагноза пред неколку месеци. Навистина е тешко да се носи овој проблем посебно кога знаеш дека е хроничен и доживотен. Би сакала да знам како си сега и дали најде нешто што ти помага околу оваа состојба? Јас бев на преглед кај 3 различни доктори, сите ми предложија различни креми за третман.Но досега како највеќе да делува octeni sept спрејот, но не ги исчисти целосно.