Досега барав таква тема ама не успеав да најдам. ми треба помош. Сестрами имаше два дена крвава столица,и денес беше на лекар.го прегледале дебелото црево и и рекле дека е се во ред.и дека можно е да имала чир на желудникот и дека изгледа и пукнал.крвта и била слабена и затоа сега прима некои инекции,но што мене ми е многу чудно ја оставија да лежи во болница а дури во среда ке и го снимале желудникот со црево,затоа што со кашата ништо не покажало.дали некој имал таков проблем?чудно ми е зошто не ја испитаат веднаш,од една страна и викаат дека добро што дошла веднас,а сега па ја оставаат да чека до среда.ако некој имал ист проблем ве молам пишите,навистина сум загрижена.
чир на желудникот Можеби имат многу за преглед, па затоа ја оставиле за во среда. И јас го имав истиот проблем на мои 15 години,за среќа ништо страшно не ми се случи, во смисла да пукне или да имам крвава столица, ама многу ме болеше желудникот, секојдневно се виткав од болки. А,сестра ти туку така ли имала крвава столица,одеднаш?Пред тоа ја болело ли желудник?
Јас имав само јаки болки во желудникот, понекогаш ме тераше на повраќање.Имав и хеликобактер. Тие беа симптоми кај мене, ама тоа е индивидуално, можеби некој повраќал,некој не. Не знам да ти кажам. Имав и јас како жештини во стомакот.
Јас го имав овој проблем. Имав дури два цираЧ на дванаесетпалецно црево и на зелудник. Болките се стра шни, те боли долниот дел на стомакот ( мислис дека се јајници). Потоа се шири на лева страна до задниот дел кај бубрезите. Во стомакот имаш чувство дека некој те сече со жилет и те тера да бидеш згрбавена. Е мене ми препорачаа да пијам Балзам Шестаховски. Го купив од Бугарија, но неможев да го пијам. Изгледа на база на бор е и е многу густ и тежок. Слуснав дека циревите поминувале од зелка. Зимно време беше и секојдневно пиев по 1,5-2л. расолница и јадев доста салата од кисела зелка. До ден денес немам никаков проблем со циревите. Незнам сто се слу чи со нив. Не сум била на лекар. Немам потреба. Поздрав. (пс Понекогаш лекот е 5 пари)
Јас имав дури 3 на дванаесетпалечното црево. Не знам зошто те болело кај јајниците, кога најмногу боле во делот кај лажичката, под градната коска, пече, жеже. Јас пиев само Омепразол и ми поминаа. Имам слушнато за сок од зелка, ама не сум пиела. Пиев чај од мајчина душичка, лимон и мед, имам читано дека и од тоа мине, ама јас не пиев многу време.
Ова и мене ми се случи истите ѓи пиев Омепразол само насабајле пред полачас пред јадење само ми беше додаден и Реглан само навечер требаше да го пијам досега требаше да одам и на контрола ама се нешто испаѓаше па затоа неделава што доаѓа секако ќе одам и баш ке пробам од чаевиве што ти се напишани