Дали ви се има десено да ви се појави чир и како го излекувавте ??? Не внатрешен туку надворешен на кожата.... Однапред благодарам Поздрав
Da i toa na nezgodno mesto na zadnikot, ima edna crna mast rasprasaj se po apteki mnogu pomaga od dve mackanja odma go sushi cirot :roll:
Пред да легнеш да спиеш земи свеж квасец малку и врз чирот стави врз тоа обавезно памук бидејки од квасецот тој ке пукне за да не се помести у текот на спиење врз памукот со ханзапласт за да не мрда до сабајлето тој ке пукне и ништо нема да ти е ...
имав чир под пазувите првин ми се појави како мала бручка и премногу ме болеше за еден ден ми порасна стана поголемо и отидов на амбуланта ми го сечеа така без анестезиа без ништо беше многу болно...утредента отидов на контрола тоа пак се беше појавило и пак ми го секоа.... за една недела ипол ми помина
И мене ми се имаше направено. И тоа сега брзо ми помина. Јас имав под рамото. Му ставив прополис.Тоа е како топче, се затоплува и се прави како пластелин. Го залепив и ми пукна, но не цело. Следниот ден бев на доктор и докторката ми препорача, да направам смеса од сало, жолчка од јајце и брашно. Да се намачкам со тоа и да го залепам. Од него повеќе ме болеше, но со тоа побрзо рушни чирчето. Исто ми даде и Амоксиклав
Женски помагајте... и мене ми се појави чир и малце на незгодно место - на задникот. Умирам колку ме боли. Три дена не сум спана. Незнам што да праам. Се клукам со парацетамоли и аналгини и џабе е. Иначе не сум во Мк моментално такада некој ако знае некоја маст или некој домашен лек пишете ми оти умирааааам... многу ме болииии. Татко ми пошто е доктор ми рече да почекам неколку дена ако не да почнам да пијам антибиотик.Ама не можам да чекам,многу ми боли.
Мене ми се појави чир одма над устата.Прво се појавува како мозолче,кое собира гној.Јас мислејќи дека е мозолче,пробав насила да го пукнам за да истече и се зезнав.Во рок од 15 мин ми отече цела уста. Како лек додека го имате дефинитивно ви ја препорачувам црната маст,која помага за побрзо да собере гној и да пукне.Никако на своја рака да го стискате.Додека е нанесена црната маст,самото место чеша,но ништо страшно.Одприлика трае не повеќе од 7 8 дена(комплетно заздравување).
Незнам точно колку е Купена ми е од пред многу одамна.Не би требало да е повеќе од 150 ден. Знам дека не иде на рецепт.
Дедо ми имаше еден голем чир на грбот,но брат ми еден ден му го истиска и на то место имаше дупка сега на местото на дупката има пак чир.. Ќе може некој да ми каже што е чир и дали има некоја опасност врз здравјето?
Нема опасност врз здравјето.Може да се појави како последица од нервоза,слаба/јака крв... Голема(односно,огромно мозолче),боли на допир многу,и големи се веројатностите да се појави оток таму каде што е чирот.Два дена-најмногу собира гној,а после тоа самото почнува да истекува.Не треба да се стиска туку треба да се остави самото да истече до крај.И пак ќе кажам,без црната маст,оздравувањето е поспоро.
Благодарам што ми одговори,затоа што се грижев за здравјето на дедо ми поради чирот.Сега ке му кажам за црната маст
Купете мали газички од аптека и дестилирана вода.Прво местото исчистете го со водата,а потоа нанесете црна маст,и залепете го со ханзапласт за да држи убаво.Ќе видите дека утре веќе ќе почне да оздравува
И ја го барам чарето сестро. Ко троловине почнав во сите теми да спамам да ми го каже некој лекот.Гадно ми е да се гледам ваква.
Јас завршив на доктор, полно беше со гној од влакно, страшно беше, не помага ни црна маст ни ништо, ми се појави како бубулица на него, бела, и тој ја пукна со игла, па почна да стиска со цел да олесни, ама не се трпеше болката, па ми препиша лекарства, креми и постепено само се повлекуваше, и истече гнојот.... оди на доктор не чекај, мој совет.
Здраво, веќе подолг период ми излегуваат мали акни кои потоа прераснуваат во големи чиреви полни со гној. па ме интересира каде би можела да се обратам дали во некоја од приватните болници или каде ваша препорака?
Здраво веќе подолго време ми се појавуваат чиреви на стомакот ги мачкам со црната маст и поминуваат ама ми останува како белег на местото каде што бил чирот и да напоменам нонстоп ми излегуваат и само на стомакот дали некој има сличен или ист проблем
Здраво девојки ми се појавиа 2 3 грутчиња(незнам како би ги нарекла извинете) на препоните но внатрешни и тврди а од надвор нема никаква појава освен мала испакнетина би требало да се чирови дали можеби знае некоја од вас како да ги излечам,одстранам?