Изгледа малку посилно сум притиснала. На предните поминав и неколку пати, нив ги чувствувам така... Фала ти, од сега понежно
Да, точно е чувството, тоа е нормално, зошто се исчистени и тргнат е дел од забниот камен и наслаги. Истото чувство е кога на заболекар ќе ги исполираш. Немај страв. Само не ги чисти секој ден, туку 1-2 неделно.
Се чистат со конец после секое јадење, нема ефект чистењето двапати неделно, и плус е поболно така. @snegce подобра опција ти се интерденталните четки, со нив нема опасност од предлабоко навлегување меѓу забите како што е случај со конецот.
Мислам дека забниот конец е многу подобар од интерденталните четки и дека се помали шансите да се воспали непцето. Поточно интерденталните четки се препорачуваат да се користат кај пломбирани заби бидејки со конец постои опасност да ја извадиме и пломбата ако е странично поставена. Забен конец, четка за заби на курапрокс и вода за испирање на Листерин ми е совршенство за забите. Флос ис да бос
Со конецот е поголема опасноста да направиш белја, т.е многу полесно може да навлезеш подлабоко во просторот меѓу забите, да го повредиш местото и да создадеш предиспозиција за појава на џеб на тоа место. А со четките е помала веројатноста, затоа и се попрепорачливи за користење. Не дека забниот конец не е добар, таман работа, само што треба да бидеш екстремно внимателен за да не си направиш проблем.
Многу се нервирам, бидејќи мајка ми постојано ми вели дека забите ми се искривиле од забниот конец, јас мислам дека тоа нема врска, а морам некогаш да ги исчистам со забен конец.
Во искривувањето на забите би можело да влијае растење на заб кој создава притисок. Најчесто осмиците кога растат прават ваков проблем, па можеш да си направиш снимка за да си знаеш дали можеби тоа го предизвикало проблемот. Инаку од забен конец нема шанси да се искривени. Јас користам постојано и сите заби си се на место. Така што без грижа, не ти е од тоа.
Ај некој да ми каже ако може да прати некое видео, како се чистат забите со конец, а како со интерденталните четки, пошто јас не знам. Ке ми значи многу фала ви