Секако дека во фотографскиве теми. А кога подобро ќе размислам, сфаќам дека никој од членовите не знам каде точно прв пат сум го забележала, што не е многу убаво од моја страна.
Не знам, можеби кога ми лајкнала некоја од сликите што ги ставав на почетокот во Ваши лични професионални бла бла. Што да правам, од таму се' ми почна на овој форум. Ама многу е емотивна и нешто нерасположена во последно време. Не се секирај толку, мила.
Мислам дека беше во Фемина Инстаграм побарав рецепт од една торта ако не се лажам. Период е мила, се надевам се ќе се среди наскоро
Абракадабра во ваши лични професионални фотографии или во темата за средношколски пленум... не сум сигурна каде беше прво
мислам во СДК или во СП. Баш се сеќавам дека си реков: аи што убаво ги организира постовите. Визуелно ти се многу хармонични и скоцкани што ретко се среќава на форум, а мене многу ми се свиѓа кога ќе го приметам кај некој еве ти . ај чао
Многу одамна во СДК, а она „Ваша М.“ со кое ги завршува сите текстови таму, некако ко да почнав да го бладам и низ останатите нејзини мислења, по навика.