Прво, мора да направиме разлика помеѓу планско и организирано убивање, како војна, убивање со објективно оправдана причина, како самоодбрана и убивање од хир и лична сатисфакција, затоа што ова се прилично различни ствари. Второ, морам да кажам дека не се сложувам баш со цитатот од Ден Џоунс – мислам дека однесувањето на Homo sapiens-от не е толку радикално различно од останатите цицачи со високоразвиена интелигенција и дефинитвно нашата тенденција кон насилство е барем делумно биолошки и еволутивно условена. Во однос на војувањето, војуваат и нашите најблиски „роднини“ – шимпанзата, покажувајќи прилично агресивно, безмилосно и сурово однесување кон припадниците на противничката заедница. Постои одредено несогласување на темата дали забележаните случаи на „војни“ се во природата на шимпанзата или пак биле предизвикани од човечки фактор, но останува фактот дека шимпанзата се способни за такво нешто, без никаков проблем. Друг пример на високоинтелигентни цицачи кои покажуваат суровост се делфините – има документирани случаи во кои тие си поигруваат со својот плен и го измачуваат пред да го убијат без некоја друга очигледна причина освен, се чини, за сопствена забава. Така да, очигледно е дека суровоста е нуспродукт на високата интелигенција. А човекот, како најинтелигентното суштество, е логично да биде и најсурово од сите животни. Сепак, ставот дека склоноста кон насилство е биолошки предодредена кај луѓето за мене и не е толку песимистичко размислување. Затоа што истата таа висока интелигенција која можеби е одговорна за нашата суровост истовремено е одговорна за тоа што сме свесни и разумни суштества, што значи дека не е нешто што не може да се надмине некогаш во иднина. Конечно, и расизмот е тенденција која е биолошки условена кај луѓето, па сепак, со свесно размислување, сфаќајќи дека е целосно ирационална и нешто против кое треба да се бориме, сме успеале како човештво да направиме огромен напредок на тоа поле. И иако не сум оптимист дека војните ќе ги снема во некое скоро време, мислам дека разумот е многу помоќна алатка за обликување на нашето однесување од биологијата и нашите гени. Доколку прифатиме дека во секој од нас постои „вродена“ тенденција за суровост, насилство и војување, тогаш можеме активно да се трудиме да не дејствуваме врз основа на таквите импулси.
Не дај Боже да дојдам во таква ситуација. Доколку би била во ситуација ете да кажам да треба да пружам помош, а од друга страна да пукам во некого, ќе паднам во депресија и дефинитивно ќе го нарушам психичкото здравје. Не сум тип што може да пука во некој.
Човекот не се раѓа со инстинкт за убивање туку со инстинкт за преживување. Истинктот за преживување понекогаш може да натера човек да убие некого за да се заштити себе и семејството. Додека онаа агресија која ја има кај лугето кои се спремни да убијат човек кој ниту им згрешил нешто ниту воопшто го познаваат е подоцна стекнат под влијание на општеството и медиумите вклучувајки го интернетот кој има значајно влијание. Земете ги за пример само видео игрите кои се полни со убивање и крва, а кои предизвикуваат воодушевување кај машката популација. Нормално е да една личност која е незрела дека еден ден ке посака тоа и да го проба во реалноста, исто како што многу мажи незнаат да направат разлика помегу порно филм и вистински секс па очекуваат партнерката да биде совршена како таа на филмот.
Човек што практикува боречки вештини и се разбира во работите, знае што значи инстикт за убивање и знае како да убие, меѓу тие сум и јас, одговорот на прашањето е дека мојот инстикт се манифестира преку дисциплините кои ги практикувам, сврзан одговор со тоа - евентуално кога преку к ми е од се и сакам да убијам некој но, човекот не е креиран за да уништува туку да создава, така да килер инстиктот си го држам на страна за ситуации кога би требало вистински да го искористам, а тоа е неизбежна ситуација помеѓу живот и смрт, за да се заштитам себе или некои други кои би требало да им помогнам во таква лоша ситуација.
Можам да се изгубам на момент и да лупнам некој, ама да убијам не.Доколку е во прашање самоодбрана можам да го направам тоа без око да ми трепне.
Се согласувам со некој поназад што пиша, кај човекот нема инстинкт за убивање туку за преживување. Кога е убиство за одбрана можам дури и да го оправдам, затоа што не е свесно и со намера, туку инстинктивно. Не го оправдувам убиството кое е намерно, со умисла. Никогаш не сум била во ситуација опасна по мојот живот или по животот на некој близок, но кога би била, сигурно дека мојата реакција би била резултат на моите мисли кои во моментот би велеле ,,Нападни за да се одбраниш'' а не ,,Нападни за да убиеш''.
Ајде да ви одговорам иако мислам дека е залудно, вие постојано и постојано имате потреба да си придавате значење реплицирајки на секој пост. Да, од секогаш лугето се убиваале и ловеле за да преживеат до денеска добар дел од лугето станале толку деструктивни што не им е потребна посебна причина или повод за да убијат друг човек или животно.... Да го земеме Скопје само како пример, во минатото за една деценија имало убиства кои се броеле на една рака, сега за една година има убиства кои не можеш да ги изброиш на двете раце. Порано оние кои биле убијци биле обележани и отфрлени од околината, додека денес тие луге се херои. Зборувам за изместени вредности заради тоа го спомнав интернетот кој на младите им нуди извртени вредности дека доброто е лошо а лошото добро, затоа што денес не е вест ако направил некој добро дело туку лошо.
Подискутабилно би требало да биде прашањето како ќе делува психички после извршеното убиство а не дали би биле спремни...ВО афект можда би си обидела некого да убијам, но како потоа да се продолжи со животот, како ќе го носиме тој печат на душа и како ќе се справиме со околината и нејзиното осудување...тоа е Побитно и тоа нормалниот човек го држи да не се избрзува многу, туку да расудува, да се воздржува, идр.
Кој смета дека убијците се херои? Немало ни еден период во човековата историја кога немало војни, а и убиства од секаква друга побуда.
Треба да те потсетувам на лугето обвинети за воени злоторства во поранешна Југославија? Како се доживуваат тие во матичните држави за кои се бореле? Треба да те потсетувам на земунски клан, Аркан.... огромен број млади ги сметаа за херои во тоа време и мечтаеја да бидат како нив. Но би било добро да се вратиме на основната тема околу инстинктот за убивање за кој јас тврдам дека нема човекот роден инстинкт за убивање, туку тоа се стекнува во текот на зивотот поради сдплет на околности. Војните во кои забегавме со муабетот се нешто друго, нив не ги прават обичните луге заради својот порив да убиваат туку тоа го прават заради некои болни умови кои се на врвот за да они остваруваат некаква корист а обичните луге си ги крвават рацете а ќарот го зема некој друг. Но тоа не е тема на оваа дискусија.
Те разбирам. Твоето гледиште е во однос на воените конфликти. И се согласувам со твоето мислење во врска со тоа.
Тоа всушност е многу добро прашање. Ме потсети на овој цитат: "Every blade has two edges; he who wounds with one, wounds himself with the other" —Victor Hugo, Les Misérables Сепак, треба да се има на ум дека кај секој човек убиството (без разлика дали било во самоодбрана или со предумисла) влијае различно на неговиот психолошки профил и идни промени и адаптации. Имено, додека некои чувствуваат вина, каење и грижа на совест, други можат всушност да се почувствуваат посилни, моќни но да не го повторат тоа претходно, а трети се дури и охрабрени да извршуваат уште убиства. Но гледано на еден или на друг начин, самиот факт дека си извршил убиство остава одредени последици и психолошки состојби кои се привремени или трајни. Еден од најчестите последици на психолошко вознемирување е појавување на симптоми на PTSD (Post Traumatic Stress Disorder). На почеток воопшто не е лесно да бидеш прогонувана од минатото и полека да чувствуваш како се претвораш во една бесчувствителна, себична, апатична, позлобна и поизвртоперена верзија од твоето поранешно себе, со темна смисла за хумор и нездрави механизми за справување со одредени работи, макар тоа да се работи за ситници. Опишано на посликовит начин, би рекла дека се чувствуваш слично како портретот на Доријан Греј додека се менувал; Знам дека додека повеќето луѓе ме сметаат за најинтелигентната, дефинитивно не ме сметаат и за најљубезната или најдобродушната личност што ја запознале. И би излажала кога би кажала дека некогаш сум почувствувала грижа на совест и каење за тоа што сум го направила, но тоа не е поентата. Поената е да научиш да се адаптираш и да го живееш животот за себе, бидејќи јас не се сметам за инертен збир од случајно составени молекули кои лебдат каде и да ме дувне универзумот. Отсекогаш сум мислела дека би можела да бидал лоша, но сега сум сигурна дека тоа е вистина бидејќи сум опколена сo т.н. "добри луѓе" и воопшто не наликувам на нив...
Како обожавател на класична литература, особено Руската, би рекла дека ликот на Раскољников совршено ја отсликува суштината која сакам да ја доловам со оваа тема. Неговото одење кај лихварката е испитувачки обид за намерата што се раѓа кај него - да ја убие бабата. Всушност, интересна е и самата филозофија која тој ја имал за луѓето и како ги делел. Според Раскољников сите луѓе се поделени на две групи: * обични - кои го поминуваат животот во послушност, покорувајќи им се на животните околности, и * необични - силни луѓе, кои преминуваат преку нормите и законите, луѓе на кои им е дозволено сè за да ја постигнат својата цел.
Инаку, додека месојадните животни убиваат само за да се прехранат, луѓето се во состојба да ги убијат членовите од нивното семејство, нивните деца, родители, браќа и сестри, туѓинци и непознати, луѓе кои се различни од нив во физички изглед, верувања, раса и социјален статус. Се убиваат и самите себеси преку самоубиство, убиваат за предност и за одмазда, па дури и за чиста забава...
Море, и животни се тепаат меѓу себе, за територија, женки, плен, итн.. Плус, има и животни кои си го убиваат и јадат подмладокот, оти биле гладни. Подобри сме ние. Има надеж. Само проблем е со целиов технолошки напредок и можностите кои ги пружа, полесен пристап до жртвата, појаки оружја... итн.
Кога некој би ја повредил ќерка ми ...би му ја ликвидирал цела фамилија... инаку, освен во воен конфликт, каде јасно се поставени правилата на војна по сите конвенции(оправдано убиств на униформирано вооружено лице од спротивна страна со цел одбрана на сопствениот живот и држава), не оправдувам убиство !!
Тоа можеби е точно во одредени случаи ама сепак има разлика бидејќи на крајот на краиштата животните не се оние со развиена свест, интелигенција, морал, етика и когнации, туку тоа сме ние. Затоа и се нарекуваме Homo sapiens...
“The fundamental principle underlying all justifications of war, from the point of view of human personality, is ‘heroism’. War, it is said, offers man the opportunity to awaken the hero who sleeps within him. War breaks the routine of comfortable life; by means of its severe ordeals, it offers a transfiguring knowledge of life, life according to death. The moment the individual succeeds in living as a hero, even if it is the final moment of his earthly life, weighs infinitely more on the scale of values than a protracted existence spent consuming monotonously among the trivialities of cities. From a spiritual point of view, these possibilities make up for the negative and destructive tendencies of war, which are one-sidedly and tendentiously highlighted by pacifist materialism. War makes one realise the relativity of human life and therefore also the law of a ‘more-than-life’, and thus war has always an anti-materialist value, a spiritual value.”