Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Човековиот инстинкт за убивање во денешно време

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 30 мај 2018.

?

Дали вие сте психолошки подготвени да убиете друг човек во одредена околност?

  1. Да

    33,7%
  2. Не

    37,8%
  3. Не сум сигурен/на

    21,4%
  4. Немам став за ова прашање

    7,1%
  1. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    12.444
    Пол:
    Машки
    http://www.cakravartin.com/wordpress/wp-content/uploads/2015/12/Metaphysics-of-War-Evola-Julius.pdf

    Фала за читањево, лајт ми се чини. 8)
     
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    @Briar Rose, и мене уште кога ја отвори темата ме потсети на Злосторство и казна и ликот на Раскољников, посебно во делот на психолошката подготвеност да се убие.
    Тој и покрај тоа што долго време се „подготвува“, освен што не успева „совршено“ да го изврши убиството без оставање траги зад себе, исто така и психата со грижата на совест и товарот на вината веднаш почнува да го издава.

    Мислам дека треба да се нагласи дека дали би убиле некој и дали сте психички подготвени за тоа и она што следи потоа, се две различни прашања.

    Што се однесува до војните, воопшто не ги оправдувам во својата срж и за мене сите тие се бесмислени. И да, убиствата во нив не ги поврзувам со инстинкт, туку секогаш се работи за болна желба за моќ на една или повеќе личности и потоа индоктринација од страна на тие личности преку религија/политика и слично. Како пацифист, мене тој хероизам преку убивање што се спомна ми е тотално токсично воспитување од страна на општеството.
     
    На Scott Weiland, Lianna Anna, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Многу од вас не сте свесни што сè може да направите додека не дојде таков момент.
     
    На Rakometar, makedonkamak, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Во време на војна единствен криминал е да ја изгубите војната. ;)
     
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Еве од каде дојде моето прашање од првата страница. Овој член се согласува со тврдењето дека војната е експресија на потребата од хероизам, што впрочем го пишува во цитатот што го ставил на претходната страница.

    Сè убаво, само мене ме чуди што некој некаде може да смета дека хероизмот е погодно надоместување за деструктивноста на појава како војната.
    Хероизмот е коренот на проблемот со војната, а не нејзин позитивен side effect.
     
    На Scott Weiland, Avery, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @Lella ако се сеќаваш на одговорот што го напишав за твоето второ прашање на крајот од првата страница, ќе дојдеш до заклучок дека и хероизмот во овој случај, како концепт, претставува психолошки механизам на залажување зошто убиството во воена состојба е оправдано.

    Всушност, единствената причина поради која убиството се изедначува со хероизам и бидејќи човекот го оправдува убиството за време на војна.

    Една од главните карактеристики на хероизмот се:

    - несебичноста
    - заштита
    - ставање на туѓите потреби пред сопствените
    - интегритет
    - грижа
    - човечност
    - поддршка
    - емпатија

    Војната, главно се случува поради следниве причини:

    - економска добивка
    - територијална експанзија
    - религија
    - национализам
    - одмазда

    Според ова, сметам дека е абсурдно да се наоѓа поврзаност меѓу хероизмот и војната за да се оправдува убиство.

    Всушност, животот и секој ден поминат во него претставува војна да опстанеш како индивидуалец во едно генерично општетсво бидејќи луѓето секогаш ќе се обидуваат да најдат разни начини на кои ќе сакаат да се разликуваат од тебе.

    Навистина лицемерно, да се повикуваш дека сите луѓе се еднакви од една страна кога некое право ти е скратено, а да осудуваш, убиваш, па дури и војна да предизвикуваш поради твојата патетична тенденција да бидеш различен;

    Факт е дека модерниот живот, освен што нуди безбедност, удобност и леснотија, според голем број на луѓе нуди и голема досада- скратување на нагоните кои се длабоко поттикнати од нашата сенка и принципот на задоволтво.

    Колку homo sapiens и да се претставува дека е најинтелигентното суштетсво на оваа планета, со развиена свест, когнации и чувство за морал, сепак ништо не може да ја побие реалноста дека и тој преставува суштество, животно, вид, а не некаков бог.
     
    На Amellie13, КикиМаус, Dark artist и 5 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253

    Не. Одмазда е тоа, не правда. Се учиме да размислуваме потрезвено.

    @Mamli ова и за тебе важи:
    И во воен конфликт, убиството е убиство. Не е хероизам, не е оправдано убиство. Заведени сме да мислиме дека е така. Додуша, не дека ќе престанат војните, барем не за скоро, ама да си кажам.
     
    На Amellie13, КикиМаус, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.831
    Пол:
    Женски
    Мозокот е централен орган во кој се чува целото човечко искуство. Одредени инстинкти се зацврстиле во гените на луѓето и станале вродени однесувања. Има инстинкти кои човекот ги имал од камено доба и тие не се променети до денес. Често ваквите однесувања, тогаш, па и денес, биле и се основни работи кои обезбедуваат опстанок. Но како овие инстинкти се изразуваат себе си во нас, зависи од околината која не опкружува.

    Една личност, може да покаже различно однесување, во различни средини. Но инстинктот, ниту тогаш не е слеп импулс, а ниту ригиден реактивен модел и не спаѓа во групата на неконтролирано и ирационално. Напротив, алтруизмот и емпатијата, се во служба на опстанокот. Па дури и афективните состојби, не би биле толку опасни, ако нема нарушување на психата, макар и најмало.

    Се друго, е тешка психопатија. Намалена функција на амигдалата, може да доведе до вакви тенденции.

    Јас на анкетата гласав со не. Иако знам, всушност сум сигурна дека би убила без размислување за моите деца. Би го дала и животот за нив. Она што ме натера да гласам со не, е тоа што знам дека не сум психички подготвена за истото. После таков случај, мене психијатрија не ми бега, ако претходно не ме убие грижа на совест. :worried:
     
    На Bender Rodriguez, theowndemon, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Точно така.
     
  10. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Да размислувате вака и кога се работи за животните...

    Верувам ќе дојде време кога нашите потомци ќе се убиваат меѓусебно без размислување, се со цел да преживеат, да се прехранат и слично.
     
    На Vitaly и Briar Rose им се допаѓа ова.
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Тоа е интересно предвидување, но во кои случаи мислиш дека тоа би се случило во иднина?
     
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Што е најтрагично повеќето размислуваат така ама сепак јадат месо. Иронично. Уште поиронично е тоа што не ги сметаат сите животни за живи суштества. Пример, сите се бунат што кинезите јадат кучиња а никој не се буни што за бајрам муслиманите милиони јагниња убиваат во само еден ден и тоа во чест на нивниот Бог. 21 век.... Поради ова почнав да сакам повеќе животни од луѓе.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    5.085
    "Сите живи суштества во природата убиваат. Само човекот, меѓутоа, освен по потреба тоа го прави од чист садизам, од задоволството да нанесе болка"
    (Донато Каризи – Ловец на души, стр,386)

    Извадок од една од најморничавите книги што ги имам прочитано. Лично сметам дека човек кој е способен да убие и да продолжи да живее најнормално е болен човек.
    Сериски убијци и терористи тоа се луѓе со испран мозок
    Ама за жал, се повеќе и повеќе ги има по светов и доаѓаме во ситуации да се плашиме за сопствениот живот во најбанални ситуации
     
    На Someonespecial, КикиМаус и Briar Rose им се допаѓа ова.
  14. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
     
    На Someonespecial и Briar Rose им се допаѓа ова.
  15. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Сите ние сме подготвени да убиеме, макар и во самоодбрана; и тоа е убиство. Единствениот човек на планетава кој не бил способен да убие е: Исус Христос.
    Сите ние ја имаме таа мрачна страна во нас, која е многу длабоко потисната како резултат на моралните вредности и цивилизациските вредности кои ни се наметнуваат уште од мали преку училиштето, родителите па и црквата.

    Пуштете го човекот да живее во некоја дивина, без било каков допир до цивилизацијата (па и племе) и ќе видите што ќе стане од него. Ако преживее, ќе се приспособи на околината (дел од еволуцијата е и тоа) а за да преживее сигурно и ќе убива.
    Така да, малку потешко дека ниту еден од вас не е способен да убие. Самоодбрана или не тоа е убиство. Тоа дали е оправдано или не е друга работа и друга тема.


    Само ќе напоменам повторно: на никого не му посакувам такво искуство и се надевам дека нема никогаш ни да му се случи тоа на некого. И на мене исто така не ми се случило а и не ни сакам да се најдам некогаш во таква ситуација.

    Но тоа дека некој не би се бранел за сопствениот живот - мало морген. Единствено Џизс Крајс.
     
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @КикиМаус Мислам дека факторите кои ги наброја имаат променлива релевантност во зависност од човековата перцепција која не секогаш е иста, односно е различна за секој поединец.

    Имено, додека некои луѓе сметаат дека човечките животи имаат некаква вредност, други луѓе не го делат истото мислење...

    @+++ морам да кажам дека потполно се согласувам со твоето мислење. Ако си прочитал мои претходни коментари во оваа тема, би воочил дека таа мрачна страна како што ти ја нарекуваш е всушност психологијата на самоодржувањето или позната како инстинкт за преживување.
    Иако во минатото, уште од самото постоење на човекот, тој бил многу често приморан да убива кога животот му се доведувал до опасност, сепак тоа не значи дека и тие ситуации не постојат и ден денес.

    Сметам дека, зависно од психолошкиот профил и тенденциите на човекот според неговата положба и улога во општеството, зависи како тој ќе се однесува откако ќе го изврши убиството, без разлика дали тоа ќе го стори во самоодбрана или не.
     
  17. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058

    Ова можам да ти го објаснам и со наједноставниот пример - со волците. Кучињата денеска постојат главно поради тоа што во минатото луѓето чувале и волци како домашни миленичиња и со тоа влијаеле на еден начин на еволуцијата. Затоа денеска имаме кучиња. Кучињата постојат благодарение на тоа.

    Ова е објаснето и докажано од страна на Дарвин. Секој се приспособува на околината. Имаше студија во Америка каде даваа како пример птици кои живеат и имаат гнезда под мостовите на автопатите во Америка. Тие птици често страдале од страна на камионите и како резултат на тоа после триесет години се докажува дека птиците почнале да растат со пократки крилја а пократките крилја овозможуваат и подобри и побрзи маневри а со тоа им се зголемува и можноста да преживеат.

    Поентата ми е дека ние сме станале „питоми“ благодарение на цивилизацијата и подобро е тоа што е така, според мене. Да се најде човек во околина во која ќе нема никаков допир до цивилизација ќе го прави она што може да го прави за да преживее, макар и да убива.
     
    На Someonespecial, theowndemon, КикиМаус и 2 други им се допаѓа ова.