Имам подароци што ќе си ги чувам до крај на живот, многу ми се драги. Слики не бришам. Зошто би сакала да заборавам убави спомени и моменти кога сум била среќна? А мислам сите знаеме што е разликата меѓу спомен и непреболеност. Минатото како и да e, е дел од нас. Многу ми е незрело и посесивно да се лутам за ова. Детски. И партнер што би бил љубоморен на моето минато, дефинитивно не е за мене, but that's just me.
Знаеш дека јас лично не знам што е разликата меѓу спомен и непребол? Не сум саркастична, мртва озбилна сум. Ако не те мрзи, направи ми диференција, па можеби ќе ми помогнеш во понатамошното расудување.
Емоциите, ништо друго. Непребол би ми бил некој со кого имам историја, и би сакала да сум со него, сеуште, а не сум. Едноставно не можам или па не сакам (а истовремено сакам, you feel me? Некогаш сакаме и погрешни работи), а причини може да има многу. Непребол е фиксација. Не е убава емоција, едноставно... тежи и тишти. И не дозволува да продолжиш. Се дур не стане само спомен, а дотогаш ќе е немир и котва во минатото. А на убавиот спомен се сеќавам со насмевка. И убаво, и топличко ми е на душата. Среќна сум што се случило, така како што се случило, макар и да имало болка. До душа, скоро секогаш има некаква болка. Ама и тоа е океј. Можам да се сетам, и да сум искрено среќна, ама да немам баш никаква желба да животот ми е поинаков од тоа што е во моментот. Вака бар јас ги разбирам работите. А за пишување има уште многу. Мислам дека баш срцето ни е бунар што не може да се преполни. Сешто собира внатре. И сосема почитувам ако некој сака некого да заборави, сите знаеме дека луѓето можат да бидат и срање. Ама ако има за паметење нешто убаво, и ако имало љубов, зашто да го празниме бунарот од тоа? Заради нечија посесивност? Ноу веј. Среќна сум, и благодарна ако партнерот има убави спомени, исто како што сум среќна и благодарна за себе.
Немам ништо од бившиот. Му вратив се. Стварно ми предивикуваа болка, а не сакав да ги фрлам ми значеа и му ги вратив. Може е детско, не знам. Нека ги фрли тој. Не би ми било сеедно ако видам кај некој што ми е дечко работи од бившата
Во целост се согласувам со тебе. Сликата од матурска што ја чувам од дечкото кога имав 18 години ми претставува само сладок спомен и потсетник на некои убави времиња, баш кога ја најдов си се потсетив и се насмеав. Не гаам никакви чувства кон него, тоа ми е нешто скроз заборавено но не планирам да ја фрлам. Додека работите од последниот бивши се уште ми претставуваат непребол, вака не ги гледам но ете немам сила ни да ги земам и да ги фрлам. Можеби еден ден и тоа чувство ќе ми помине и ќе остане само споменот. Во секој случај многу убаво објаснето.
Чувам и слики и едно честиче за нова година и кога случајно ќе налетав на нив ми предизвикуваја емоции бидејќи сеуште немав преболено, а за да преболам ми треба многу време, но сега веќе ми се како некој спомен.
Сакам повеќе да читам за оваа страна на мажите. Емоциите не се само 'женско' искуство... сите ги имаме исто. Само што не е 'машки' да се искажуваат.
Чувам неколку предмети и доста слики. Порано имав некаква емоција кога ги гледав, сега ми се обичен предмет, дури во прв момент не ми ни текнува дека "треба" да ме потсетуваат на некого. Сликите ми се тргнати некаде во фиока, и дел ми се во телефон ама стварно ептен ретко ги гледам дури заборавам дека постојат. За партнерот, би се лутела доколку тие подароци или спомени од поранешни партнерки се користат или се поставени (слики пример), со намера постојано да бидат потсетувани на таа личност. Доколку ги чува во некоја фиока, односно му служат само како потсетник за некој период од животот, а не константен потсетник за таа личност, тогаш немам проблем бидејќи и самата јас истото го правам.
Не чувам. Јас сум како Миранда од Sex and the city. Ако случајнo налетам на нешто кај партнерот коса ми се крева. Двајцата сме имале долги сериозни врски со големи моменти во нив и не мислам дека е ок да си чуваме спомени кога не успеале. Мојата врска не завршила мирно и другарски, всушност не знам за долги врски со многу љубов на 25+ кои завршуваат мирно и без скршени срца. Не сум љубоморна во стилот ќе ти бришам девојки од инста, или да си знаеме пасворди и слични детски работи ама збеснувам да најдам слика од бивша. Ми се има случено еднаш гледајки многу стари албуми. За мене е непочитување што не си расчистил со предметите од некое минато време пред мене. За подароци никогаш не можеш да знаеш на кој што од кога му е и не сум замерувала, особено ако е нешто што му користи, со здравје да му е Да најдам дека чува слики, писма, пораки, посвети после брак не знам, ваљда ќе спие на тераса. Или кај неа
Чувам писма, мечиња, неколку ташни и накит не сакам да ги фрлам, а двете единствени слики што ги имав во албум ги изгорев не знам што ми стана па сега ми е малку криво. А во телефонот сите слики од заедничките патувања ги чувам, не сакам да ги бришам.
Не ни имам нешто многу, ама да, си чувам. Се согласувам со другите дека служат како потсетник, а не како нешто непреболено... Не ми пречи и партнерот ако чува. Се знае дека јас треба да му бидам/сум најбитна, но не значи дека сум и единствената која ја имал во животот.
Јас имам и ги чувам Прилично ги мразам бившите , но не обрнувам толку внимание , не ми имаат значење ..имам слики со друштва и тие на сликите тоа е спомен , не значи нешто ко којзнае што па да се замарам со таква глупост
Прекинувам секаков контакт, бришам и фрлам се' што би ме потсеќало на таа врска. Потсетници за грешките не носат душевен мир.
Зависи што и како бил крајот меѓу нас. Доколку бил лош, освен поклони, не сум сакал да чувам нешто повеќе од таа личност. Обично не обожавам многу сликање, а и живееме во време каде физичките слики не се баш толку чести, па само еднаш се случи да имам, и не ги чувам повеќе. Одамна беше тоа, уште во тинејџерските години и тогаш мислев најдобро е така. Знам дека со бившата истрошивме цел аналоген филм и истиот остана кај неа. Не знам дали го разви или не. Електронски некои чувам, во некој клауд кој не го отворам. Предмети и останати поклони ги чувам. Ги гледам баш како секој обичен поклон што сум го добил дали било од пријатели, другари, родители. Писменца, иако не сум ги побарал, ги има некаде по фиоки, дали каде што живеев, дали во собата кај моите. Кај останало, таму. Знам дека чував шишенце од парфем од една бивша на полица во ќош позади некои украси, одамна потрошен. Прв пат кога дојде бившата кај мене, тоа го фрлив. Не гледав зошто би го оставил, иако не ми пречеше, не сакав да се чувствува таа лошо гледајќи женски парфем во соба каде таа престојува. Обично со минатото расчистувам и не се навраќам повторно на него, бар до сега не ми се случило, па овие предмети ми предизвикуваат само некоја топлина и добро чувство за некое време кое поминало, повеќе ги гледам на сентиментален начин, отколку романтичен.
Имам некои работи низ дома, меѓутоа веќе не ми значат ништо. Имам една шоља од бившиот и смешно ми е дека свесно секогаш бирам да ја избегнам и да не ја земам таа Кога ќе размислам имам многу поклони од него низ дома Имам една мечка огромна, со дм сега се зезаме да му ја дадам на кучето негово да се дружат, ама ја испра мајка ми, ја спакував и во контакт сум со друштво за донации, па деновиве заедно со други плишани играчки ќе се даде на дечиња што ќе и се радуваат. Маус имам, тој најмногу го користам, и ќе си го користам дур не ми цркне и не ми е гајле Имам и прстен на ланче од lord of the rings, и капа, шал и ракавици со грифиндор лого од хари потер и иако ми се од бивши ги чувам зошто си ги сакам фандомсот Едно писмо најдов пред некој период збутано во фиока, го фрлив. И блуза имав од бившиот мајка ми ја искористи ко крпа, се најде за нешто по дома Дм го немам прашано дали он чува нешто, ама и да чува искрено не би ми сметало, освен ако не е некое љубовно писмо што свесно го чува, тоа би ме пецнало малку
Облека или некои предмети кои се користат, накит чувам да исто како да ми се подарени од пријател. Не ми будат емоции емотивни, ниту пак никакви. Чувам и електронски слики некогаш зависи од мудот може нешто така да ме фати носталгија, убаво чувство, тага ама како секоја слика исто со пријатели што ќе ја видам од порано и ќе пробуди некое чувство, така и овие слики. Мојот сегашен дечко има проблем со тоа ама ептен во стил дрско, не ми де допаѓа тоа, сепак е мое минато, мои спомени, не ми значат на начин да треба тој дс го сфаќа како непочит....
Моето куче ми е поклон од бившиот. Сега, јас, мм и кутрето си живееме заедно. Никогаш не ни помислив дека треба да го вратам, или да му најдам друг сопственик!
Дечки, малце се измелези приказнава. Темата не е дали чувате поклони од бивши, туку дали чувате слики од нив и со нив и дали по дома ви се затурени лични предмети нивни. За поклони нит се лутам, нит сум фрлала, особено ако е нешто што ми треба, така да @Lavica_30 да си го чуваш кучето.
Од еден бивш имам книга. Првично се договоровме само да ја прочитам и да му ја вратам, но кога ја прочитав и ќе му речев да ја вратам, не ја земаше. И така си остана. Други предмети не чувам. Ни слики. Колку слики имам исфрлено, дури цело друштво кај што сме биле сликани, само затоа што на некој не сум сакала веќе суратот да му го видам.
Не разбирам зошто би постоела љубомора за фотографии од минатото? Кога раскинав со бившиот кој беше насилник, 90% од фотографиите ги изгорев, оти ми беше ску*чено во моментот, и со душа чекав на тој момент... моментот конечно да ме остави на мира. Сега ми фалат слики од 3 и пол години. На тие слики имаше и нови години, и мајови, и еден куп други славења, дружења со пријатели. Ми фали да ги имам сликите. Исто како што ми фалат сликите од 2 години, што ни беа само на лап топ, и кога се расипа ги изгубивме сите, оти глупите немавме бекап направено. 2 години од животот 'ни ги нема'. Како растеше малата, патувања... немам ни една слика од Венеција... и многу ми е криво.