1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чувството кога некој близок ќе замине некаде далеку

Дискусија во 'Психологија' започната од worrieddd, 10 септември 2018.

  1. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки

    Секогаш има едно големо ЗАВИСИ од ситуацијата.......
    Лично навивам сите луѓе да се среќни и тоа мене ми иде во прилог пошто и мене автоматски ќе ме усреќуваат и ќе ми споделуваат добра енергија.
    Во секој случај жалосно е што тука се давиме во фекалии. Тоа е.
     
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    13.419
    Често читам како пишуваат некои луѓе на форумов дека некој што заминал во странство е „себичен“ и дека отишол по пари. Себичен дека не правил така како што они сакале.

    Значи сакате некој да ве стави вас и сите околу вас на приоритетна листа пред сам себе си? За вие да не се осеќате лошо и вам да не ви биде тешко?
    Не знам кој е себичен во случајов.

    И не знам како можете да си дозволите да кажете дека некој што заминал ве оставил и дека ве избришал. Врските се одржуваат и преку социјални мрежи.
    Имам другарка која 10 години е надвор од тука, се гледаме на 2-3 години просек. Не поминал месец а да не се слушнеме, или да не си пишеме. Кога ќе дојде тука душата ми се полни и кога си оди секогаш срцето ми се кине. Ама знам дека е среќна и успешна таму каде што е.
    А тоа што ние сме биле најдобри другарки не може далечината да го избрише.
     
    На Quuen, Mr. Right, La.loca и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Нема потреба за тажење, прво одат за поубаво. Мајка ми се чудеше кога ме испраќаа по аеродроми и некои луѓе ронеа крокодилски солзи. Оти? Оти синот ќе одел у Германија на 3 месеци. Абе дај молим вас, нема потреба од драми. :)

    Второ во денешно време, имаш технологија, во секое време можеш да ги чуеш и да ги видиш. И трето, за 24 часа и за некои не така огромни пари, можете и да се видите, без разлика каде и да сте на планетава.

    Јас сум во таков период од животот каде што луѓето интензивно си одат одовде. Млади, здрави, прави, нашле супер работа и не чекаат некој да им рече двапати. Некои што отидоа како студенти не се ни вратија додуша, таму се веќе 3-4-5 години.

    Најголем дел од свадбите каде што бев во последниве две години беа свадби заради визи, зелени карти, дозволи за престој... одам и од срце им посакувам среќа. Ако можам да помогнам некако, помагам, ако не, не одмагам.

    Со блиска личност што е преку океанот и сме буквално ден-ноќ временска разлика се слушам почесто неголи со некои луѓе што ме дели една улица. Правам кафе јас, прави кафе таа и пуштаме видео-повик на месенџер, те толку лесно е. :) Една од најдобрите другарки е добри 7-8 години исселена, секојдневно комуницираме и за се' е упатена. Колешка мажена во Германија веќе 3 години редовно комуницираме, мене ми кажува работи во доверба што не ги кажува на друг.

    Не е до далечината, до луѓето е.

    Убави се, среќни се, задоволни, им се гледа по ликот освежени, насмеани... регенерирани, задоволни сами од себе.

    Сосема јасно дека односите не можат да бидат исти со сите што се отидени некаде ако не сте во ист град или исто место... затоа што со тек на време не учествувате во истите активности, не сте дел од исто општество, не се соочувате со исти проблеми итн. Ама да бидеме реални, се гледате/слушате вие со сите роднини, братучетки, братучеди, вујни, тетки, чичковци и слично што живеат на 10 минути од вас?

    Најверојатно не, пошто си тераат тие нивното, вие вашето и толку.

    Нормално е тоа, животот тече, приоритетите се менуваат, најголем дел од луѓето се во трка со време, семејството е на прво место и така. Ништо ни чудно, ни страшно. Кој решил да оди, посакајте среќа и додека нив им е убаво, нека ви биде и вас.
     
    На malerozna, evangelina.ina, Feminka192 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Искрено сеа праиме повеќе муабет отколку ко беа тука. Абе понекогаш и далчината може да те спои , не мора да значи дека ако отишле е крај на свет. Сепак ми недостасуваат. Ко се тука најверојатно мислиме еве го тука е па не се замараме дали ќе напраиме муабет или ќе се видиме денес. И до секојдневието е. Тука знаеш што прават, сега таму е нов почеток , нови работи - па раскажуваат. Среќни се. Внука ми само кажа поубаво и било тука бидејќи сме ние тука - сме и недостасувале. :l: Но, дете е таа ќе се навикне. Почнала одма и во градинка да оди, интересно и било. Сега ми е подобро и среќна сум кога се среќни и тие. :)
     
    На Joi, cresa-jagoda и Doozy им се допаѓа ова.
  5. Joanna_

    Joanna_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2018
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Тешко е но со време поминува... Прва братучетка замина пред две години, се гледаме за Велигден и Божиќ само. Кога си замина како парче од моето срце да се кинеше.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Ај ваков муабет: Човек иде преку work and travel на 4 месеци. После тоа одлучува да останува нелегално таму...... за да успее. Тој човек е маж или жена што има стабилна врска тука. Какво чувство треба да има тој што го чекал тој да се врати за 4 месеци, притоа комуницрале секој ден и тој тука што е , е верен до смрт ????
     
  7. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    3.216
    Пол:
    Женски
    Пред неколку години ја испратив сестра ми на аеродром на една година работа во Америка. Имаше плачки ама знаев дека за една година пак ќе ја видам. Таа година помина, се врати, продолжи тука и реши повторно да замине. Вториот пат веќе знаев дека е за долго.
    Неколку дена пред да замине се осеќаше дома некоја чудна атмосфера. Како сите знаеме што ќе биде, ама никој не спомнува. Ја знаете онаа, розов слон у соба. Тоа чувство не можам да го опишам. Ја гушкаш, ја стискаш, го голташ секој ебан момент за да се сетиш после.
    Погледите на мајка ми и татко ми никад нема да ги забраам. Потиштени, суви, празни..
    Се осеќаш ко да фали некој дел од тебе. Откорнат е. Провев чувствуваш.
    И после неколку години чувството не поминува.

    Да, се слушаме, се гледаме, пишуваме нонстоп, да, нејзината иднина таму не може да се спореди со иднината што ќе ја имаше тука, ама луѓе боли.
    Којзнае колку пати ми се десило да се најдам на нечиј роденден и да го славам, а да не ми текне дека за нејзиниот не сум била со неа. Среќните моменти не сум ги поделила со неа. Не сум ја гушнала тогаш, не сме се насмеале како што би се насмеале ко би биле блиску.
    Еден куп спомени и случувања прераскажани, а не доживеани.

    Не сум себична, не ја сакам тука. И ја посакувам цела среќа на свет и знам дека таму си ја има. Пресреќна, исполнета, задоволна од себе, животот, постигнувањата.. Љубов ми е целата.

    Ама дека може интернетот да ми ја замени, скајпот и фејсбукот, мај ес.
     
    На anggell, cresa-jagoda, La.loca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Таквата ситуација тешко дека ќе издржи. Треба да размислат и двајцата каде води тоа. Тој што останал изгледа му е сеедно. Дали се договориле за нелегалното останување двајцата, или тој што е во Америка самиот одлучил? Ако не се договориле тоа е проблем. Другар на дечко ми пред некоја година поднесе со женска му барање за виза преку work and travel, меѓутоа само женската доби, отиде со тешко срце и не остана до крај, се врати назад бидејќи тој беше тука и поважен и беше тој. Така да навистина за примерот што го кажуваш -не верувам дека таа врска ќе опстане. Можеби и може но како што кажав - многу тешко.
     
    Последна измена: 14 септември 2018
    На cresa-jagoda, Feminka192, La.loca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    За сите тие што плачат кога некој ќе замине во странство, не мислете само на себе и што губите вие, фокусирајте се на другиот и он што добива у животот.

    Ако се радувате за нив,нема да плачете "за себе"


    Try it, it works.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.