Чудни парови

Дискусија во 'Врски' започната од Unfaithful18, 13 мај 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Секојдневно се среќаваме со коментари од типот колку еден пар си одговара, било да е по основа на убавина, финансиска состојба, однесување или слично.Сигурно многу од вас сте се довеле во ситуација да прокоментирате за некоја двојка:
    „ Аиии од каде ја најде овој оваа не му е ни до колена ??? “
    „ Полоша не можел да најде???“,
    „ Од каде на каде девојкава со типот, колку е убава а тој не е ни за гледање“

    Вистинската љубов е чудна работа.Она што може да те плени кај еден човек не е само надворешниот изглед.Доста улога игра карактерот, духот на човекот. Тоа го објаснува постоењето на парови кои навидум не си одговараат, едниот е физички многу поубав од другиот, богат со сиромашка, денгубник со школувана и слично.
    Имате ли пример од вашата околина ваков случај? Би сакала да слушнам мислења како вие си ги објаснувате ваквите парови? Дали спротивностите се привлекуваат?
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.269
    jas znam za bracen par,zaedno se sigurno 30 godini i mi se totalna sprotivnost.mazot e tip sto mora da e sekogas toip-top,vo marka,so skapa kola,iskaca vo grad,postojano e nekade,dodeka pak zenata ne e nekoja pomodarka i e celosno posvetena na familija gotvenje,od izleguvanje nitu i,a ne deka mazot ne saka da ja zima.e tesko mi e da sfatam kako funkcioniraat :D
     
  3. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.459
    На пример мајка ми и татко ми физички си одговараат, се си е топ :) ама на карактер во поглед на излегување и шетање се тотално различни. Мајка ми ич не сака вечерни излегувања до касно, поубаво и е преку ден да излезе оти навечер и било многу бучно :) а на татко ми никогаш не му е доста од шетање,он цел ден да е излезен и вечерта пак ќе има сила за излегување. Он е тип што сака шетање,забави, а мајка ми е посмирена и треба време додека да ја убеди да излезат :)
     
  4. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    476
    Имам другарка која е слаба, ниска и многу бела на тен, а оди со висок дечко набилдан и со темен тен - тотална спротивност! Малку се смешни кога ќе застанат еден до друг. Во карактер се исто така многу различни, ама заедно се веќе неколку години и врската одлично им оди.
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
    Сум искоментирала често пати така, ама па кога ќе се помислам, единствениот логичен заклучок ми е дека: „Се е работа на вкус. Тие не гледаат еден на друг со нашите очи."
     
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.803
    Пол:
    Женски
    и јас познавам таков пар :!: ама по чудното во ситуацијата е што таа сака да доминира во врската :D па и кога го кара, тој молчи :rofl: замислете :^) :lol:
     
    На tigarche1 и LaraSolare им се допаѓа ова.
  7. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.459
    Ова со набилданите дечковци дека се страшни за околината, а со своите девојки се многу мирни е ТОЧНООО :) Јас имам еден комшија билдер, во обезбедување работи,знаете ли каков е огромен :) а да го видите со жена му каков е добар, не смее да и се скара, она си ужива он трчи по детето, цело време и угодува, не го повишува гласот пред неа. :) А исто на татко ми еден другар е билдер и многу глупости прави,таков е огромен и цело време се тепа со некој |( ама кога ќе го видиш со жена му,како да е друг човек,пред неа изгледа најмирниот човек на светот :) Она се кара, он си ќути :)
     
    На tigarche1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.670
    Мое мислење е дека колку и да сакаат да се "погодат" на еден начин нема да успее.Според мене убавината е во различностите.Неможе сите да мислиме исто и неможе сите да сме исти физички.Се е работа на вкус.
    Не користам коментари од типот : "Леле види го каков е каква никаква женска си фатил..."
    Напротив,ги оддобрувам бидејќи во неговите очи таа е најубава. :) Сепак има нешто што го привлекува кај неа и што ја прави таа девојка посебна во неговите очи,а коментарите од страна мислам дека не треба да се земаат во предвид бидејќи не сме ние тие што имаат право да се мешаат во туѓ живот.Ниту пак вие би сакале некој постојано да се меша во вашиот,нели ? :)
     
    На ZoeRaivotar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    НЕма чудни парови, се е тоа надополнување. И јас сум сретнала такви парови каде што едниот е преубав а другиот ни приближно, аам кога ќе ги видиш како се држат за рака, си гугуткаат еден со друг, не гледаат што милста другите, ќе сфатиш дека нивните очи различно гледаат. И кои сме ние да мислиме. Љубовта не е мислење, туку се чувствува.
     
    На ZoeRaivotar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. she-17

    she-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    23
    го баталив таквото гледање на нештата.. јас физички сум тотално различна од дечко ми, дури и карактерно во некои размислувања не се согласуваме. но премногу го сакам а и неговата љубов ја чувствувам така да.... кога ќе се најде вистинската/вистинскиот се си иди во рамнотежа и разликите не се битни
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.191
    Допаѓања:
    69.627
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ме праша некој „што гледаш во него“? одговарам „земи ги моите очи, види го“.
    Не дека некој ме прашал, ама да ме праша, така ќе кажам... сум се чудела и јас колку некои не си одговараат, а сепак се заедно - љубов е во прашање, веројатно. Некогаш и интерес, ама таквите одма се познаваат и за нив овде не станува збор. Кога ќе сфатиш што значи да сакаш некого без оглед на се, тогаш нема ништо да ти биде чудно...
     
  12. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    136
    имам другарко која одвај преку сила има 40 кила а дечкои има накај 90 кила.
    е тоа е многу чуден пар ама многу се сакаат :inlove:
     
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    4.252
    Пол:
    Женски
    Еве еден чуден пар Хајден Панетир и Владимир Кличко. Ама битно на нив да им е убаво :)
     

    Прикачени фајлови:

    • dzindzudze1.jpg
      dzindzudze1.jpg
      Големина на фајлот:
      140,7 KB
      Прегледи:
      309
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.934
    :D :lol: ..а бе ајде ко џин и џуџе...до олку разлика не! :tmi:
     
  15. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    304
    Ako se bliski po visina ke bidat posrekni???
    Odamna se pokazalo deka izgledot nema vrska.
     
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    47.555
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ми се допаѓале тие чудни парови, иако некогаш и јас сум била во тие. јас сум ниска 157 а сум имала дечко и 190, што воопшто не изгледа убаво, или пак дечко ми бил прилично дебел, па не сме биле убав пар. иако велат дека изгледот не ги прави луѓето среќни сепак треба да внимаваме колку толку да си одгoвараме со партнерот и да не припаѓаме во овие "чудни парови".
     
  17. Frosin4e

    Frosin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    35
    ииии мене ми рекле што бараш со овој ама јас му кажав извини мене ми е убав каков што е а тебе ако не ти чини ми е гајле крај краева ти не ке си со него јас ке сум :P :inlove:
     
    На unhappyy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    226
    Според мене нема чудни парови.Секако физички да доколку споредуваме,но чим се подолго време заедно и топ функционираат,значи дека еден на други си се најубави,најдобри и се нај нај.Најмногу од се мрзам кога некој на друг ќе му рече,леле па ти можеш да имаш ваков-ва дечко-девојка...Секој си има свој вкус,и многу мрзам такво мешање од страна на негови-нејзини блиски.
     
  19. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    349
    ОК, ова можеби ќе звучи како длабокоумно бладање, но мислам дека има зрно вистина во тврдењево:
    Имено, еден психолог тврди дека она „спротивностите се привлекуваат“ е нормалниот тек на работите. Т.Е. ако сакаш некого што е сличен на тебе, ти всушност не го сакаш него/неа, туку се сакаш себеси во него/неа, односно она што од себе го гледаш во партнерот. Кога сакаш пак некој што е комплетно различен од тебе, го сакаш заради него/неа, а не заради себе....
    Што мислите за ваквото тврдење?
     
  20. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    226
    Има некоја логика.Што знам,се сложувам до некаде... :)