Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чудни парови

Дискусија во 'Врски' започната од Unfaithful18, 13 мај 2010.

  1. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Тотално се сложувам...
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Хм, за какви разлики и чудни парови станува збор? Разлики во изгледот или интелектуално карактерни разлики? Не би се сложила дека разликите се привлекуваат, или поточно, да можеби се привлекуваат но не издржуваат заедно долго. Како можам да се слагам со некој кој има вредности и карактерни особини толку различни од моите што ми иде на живци?! Или јас се интересирам да речеме за опера а он ме влече по турбо фолк концерти на пример?! Не знам....не викам дека треба да е некој ист како мене, ама барем некои основни работи треба да се заеднички, или барем да се надополнуваат карактерните особини инаку цел живот ќе треба едниот или другиот да попушта, а тоа знаеме каде води :worried:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Harlow

    Harlow Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    105
    Нема чудни парови. Спротивностите се привлекуваат? Зависи што подразбирате под спротивности. Преку врските се исполнуваат нашите желби, нашите потреби. Со други зборови, ние се обидуваме да најдеме некој што е "комплементарен" со нас, што ќе ни помогне да учиме и созреваме.
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Кога ја видов темава прво помислив на овој пар:
    <object width="640" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/fS9tNeXwVas?fs=1&amp;hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/fS9tNeXwVas?fs=1&amp;hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="640" height="385"></embed></object>
    Почудно здравје (гледано од физички аспект). Ама на спотов се гледа дека им е убаво... Таквите парови се чудни само во очите на другите.
    Чудни на прв поглед - има такви парови, но како што спомна Пирамида, парови со големи разлики во интелект и карактер тешко дека опстојуваат.
     
  5. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Па, јас мислам дека сите се нормални парови :lol: , односно не постојат чудни парови. Сите сме различни карактери и различно гледаме на работите. Она што е убаво или нормално за една личност, може да биде чудно или ненормално за друга личност :) . Разликата во дебелината или висината не ги прави луѓето чудни, битно е да постои љубов, доверба и разбирање. Мислам дека оние личности кои гледаат на поинаков начин на животот и прават проценки некој дали си одговара или не врз основа на свои информации како им изгледа целата работа, само забележуваат чудни парови. За мене не постојат вакви парови. А и не гледам причина зошто би давала мислења за некои парови што ќе ги видам, а незнам како им е. На секој му е убаво и си ужува во животот на свој начин. :)
     
    На Bixi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Познавам неколку такви а и јас бев еден од тие парови, првиот дечко беше повисок од мене нешто повеќе од 30 сантими и често налетувавме на луѓе кои мислеа дека сум му помала сестра или другарка, но никако не им влегуваше во глава дека сум му девојка. Ете бидна и тоа ајде, беше и помина.
     
  7. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски
    Чудно е кога имаш толку многу нотификации од една иста личност...на различни теми..