Кој сака сеанса по нормална цена (без дерење од 1200 до 1500) нека пише кај мене во инбокс. Услуга врвна од областа на мотивациска психологија или како амеркиканците што препочитаат мотивационен тренер, советник, нека пише кај мене во инбокс.
Јас имам чудна фобија, не сакам да ме допираат по колената. Бидејќи сум слаба и капачките на колената се познаваат многу, така некој да ме допре на коленото или ми се чини ќе умрам или ќе го убијам тој што ме допрел Не знам дали има некој друг таква фобија ама јас дури самата ми е страв да ги допрам колената не пак некој друг. Кога седам треба да ми се скроз свиени нозете или скроз исправени, тогаш сум мирна. Али ногата прекршена да прави агол од 90 степени, единствено ако не ми е мозокот во нив можам да седам. Инаку не доаѓа во обзир да седам нормално како сите луѓе..
Маж ми е ист како тебе со колената . Нема фобија , ама мрази да го допира некој за колената ( на пример јас ) . Му останало од дете , многу " бил мирен " , и како последица од мирноќа имал здраво паѓање и отворено колено ( го шиеле со над 5 конци ) . Оттогаш колената ги чува како стаклени да му се ( а нема проблем да вежба воени вежби , веројатно бидејќи знае дека мора ) , ама да го чепнеш , ќе ти фрли остар поглед и ќе ти рече луто : коленото пазии . Не е слаб , ама ете .
Мене најмногу ми е од тоа како мала гледав еден филм, имаше лоши луѓе како грабаат деца и ги колат да ги продаваат а две деца имаше немирни шо сакат да избегаат и човекот им ги сосече нозете до колената со пола колено сечено пола не и рацете до лактот. Па ми останало како во мислите тоа чудно нешто. Исто така не давам да земаат крв сестрите од вената на раката оти во филмот видов деца сосечени дотаму раце. Мала сум била можеби 8 години.
Охо , и не така мала . Доволно голема за да паметиш . Маж ми го забил коленото во фонтана , во оние што прскаат шилните ( поим немам како се викаат ) . Оттогаш , шубе му е и несакајќи да го допре човек на колената ( особено на тоа што го повредил ) .
И јас спаѓам тука, ама кај мене не е само папокот туку и целиот стомак. Ако некој со раката се заебава дека ме мава јас се виткам цела од страв. Осетлив стомак имам
Јас имам страв од стоногалки и од шкрапли(нз точно како се викаат) Пред некој ден додека бев во кревет вечерно време пред са заспиев ме полаза шкрапла незнам што се случи ама како вреснав колку ме дежи гласот цела ноќ неможев мирно да спијам дури и сега кога го пишувм ова ми се зголеми стравот и осеќам дека во секој момент ке ме полази некоја стоногалка или шкрапла
^ Советов.. Јас имам фобија од вадење крв од вена и на секое следно одење се полошо и полошо ми е. Исто ич не ми е убаво кога некој ќе ме пипне кај папокот па сигурно нема у моментот коа некој ќе ме допре ја позитивно да мислам. Не можам да гледам позитивно на тоа и крај. Или да ми донесе некој стаорец па ја да мислам позитивно дур шетка околу мене. Ни во лудило. Фобија не е рационален страв и таа тешко може да се контролира.
фобија од кукли...ко дете ми беше страв дека ме гледаат и навечер пред да спијам ги вртев накај ѕидот (а преку ден си играв нормално) па и ден денес најискрено многу ми се морничави и ги имам фрлено сите...вака додека си играв ок ама да ја загледам некоја секунда одма ме фаќаше паника и страв... исто имам фобија од умирање...кога и да ми текне тоа ме фаќа паника и депресија...и си плачам...неможам да се помирам со фактот дека еден ден ке умреме, ке не нема...страв од непознатото...некогаш не ни спијам од таа мисла..дури ме гуши
Исто така, фобија имам ако вадат крв од вена. Поточно никогаш не би дала крв да земат од вена. Самата помисла си мислам дека боцкањето ќе ми ја распори целата вена и дека ќе умрам. 100% е од некој гледан филм како мала, многу беа сугестивни во однос на мојот мозок како мала
Има некој фобија од слегување по скали? Се си мислам дека ако пуштам нога да слегувам без да се фатам за држач и без да ги измерам од око дали се широки или тесни, ќе се истркалам надолу. Не ми е ич пријатно да се џарам 10 секунди додека да пуштам нога да слезам, срам ми е од оние шо ќе ме видат во моментот.
Јас имам од качување по скали, особено ако има гужва, а и ако имаат некоја некоја мала косина и се потесни, сè си мислам дека ако не сум во близина на држач или ѕид дека може да изгубам рамнотежа да паднам на назад