Јас ко ептен мала од скали, а пoдоцно од ескалатори.Таман ми престана од скалите, не стапнав убаво на ескалатор(со две леви нозе јбг) и со години избегнував. Потоа почнав да идам во Сити Мол и со упорност го надминав.Ми требаа години, но сега немам гајле.
Мене сега ми се појави оваа фобија, од нигде никаде буквално. Немаше никаков тригер да ја предизвика.
Влегов во "Психологија" пошто ме мачи несоница и ја видов темава. Морам да ви кажам дека имам фобија од машина за перење алишта. Кога ќе слунам дека работи машина сакам да избегам, не можам да слушам повеќе од 30 секунди, многу ми смета, дури ми се јавува и тахикардија. Обично немам фобии ставови од ништо, не знам од каде ми се појави ова. Пробував неколку пати да го искоренам ама не успеав и многу си се чудам сама на себе.
јас кога седам на тераса, ама не дома, овие ми се докажано сигурни, пошо иам страв од висина, некогаш се осеќам како да ме влече гравитацијата. Еднаш бев кај другар у Флет Ајрон, не знам на кој спрат беше ќе ве излажам, ама над 10ти, и да погледнам доле од ,,птичја перспектива’’ почна да ми се врти, да ми се зима паметот и бев као втф?
Од бабари се плашам. Кога одев на училиште, полугодишните оценки ги земавме на 14ти јануари, баш кога има бабари. Едни идеа по нас од училиште до дома. Уште не можам да седам сама тој ден да не ми дојдат. Лифт и апчиња од не толку чудните фобии.
Што се бабари? Кога кажувате за страв од балони, и јас се плашам, ама од дување балон, посебно со уста. Дали јас, или некој во моја близина... Ноу ноу
Заборајв да напишам. Василичари. Во група, облечени во маски, со тапани и ѕвонци за Василица одат од дом во дом и собираат пари/храна. Само шо пишам се ежам, ми иди звукот. Како карневалот во Вевчани.