1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чудни фобии

Дискусија во 'Психологија' започната од Primadonna, 28 септември 2013.

  1. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    17.756
    Не знам дали е баш фобија и дали воопшто постои, ама така имам страв од слегување по скали кои прв пат ги гледам чудо едно. Ќе се качам без проблем, ама кога ќе треба да слезам нозе ми се тресат, раце ми се тресат, се препотувам и мора да се држам за држачите од страна или некој ако има до мене да го фатам за раце.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.646
    Пол:
    Женски
    Јас имам фобија од бојлери ама од големите.Толку ми е страв што мислам во секој момент ќе експлодира и ќе ме разнесе :worried:
    Исто и кога се возам во метро и е премногу гужва морам да гледам надвор бидејќи почнувам да се гушам ;(
     
    На Lolo5 и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Имав фобија од возење во лифт,за среќа таа фобија ја надминав пред околу 2 години,стегнав заби еден ден и си реков дека морам да го победам тој страв,и го победив и до ден денешен си се возам сама по лифтови ко ништо да не било,од што ми е ќеф што го победив стравот,сега лифт користам и за само еден спрат да треба да се качам нагоре:rofl:

    Е сега,всушност не сум целосен победник,оти имам уште две чудни(да не речам глупави фобии(facepalm)) а тоа е возење на точак(еднаш како мала паднав,се искршив целата,па еве 20 години никој не успеа да ме убеди да возам точак,и мислам и дека доживотно нема:D).

    Тадаааам,втората фобија,од која се срамам најискрено е:користењето на електрични(подвижни скали):x(исто и оваа фобија ми е од мали нозе,ко мала се возев без проблем,се додека еден ден не ми се зафати ногата малку т.е чевличката и од тогаш имам траума,си мислам ќе ме проголтаат скалите)8)
    Е за ова колку се имам тргачено и брукано со другарките,секогаш кога доаѓаме во трговски во Скопје или некаде низ странство(facepalm)
    Ми текнува кога бев Истанбул,каква брука бев,ме убедуваа,ме тегнеа другарките и ај се качив со мижење и цела кога се препотив,кога стигнавме најгоре кога ме фати еден паничен напад и после со лифт слеговме,е тогаш мислам сите луѓе ме гледаа ко да сум од Марс падната:D

    Во мојот град за среќа немавме такви скалишта,до скоро:wasntme:
    Што ми требаше да влезам во тој маркетот незнам,слегов по скали со другарка ми,ама за качување на горе пак не можев,таа замина ме остави намерно за да го надминам стравот.
    Ама погодете што:rofl: стоев препотена пред скали и не се качив,вртам вртам во место и одам на каса,да прашам како да излезам,и касиерките ми велат еве ги скалите,јас-цела засрамена,аааа страв ми е од скалите:worried:леле колку се посрамотив,на каса имаше доста луѓе,се смешкаа,ама на крајот излегов низ магацин,касиерката ми отклучи и избегав со срцебиење 200 на саат,и така хепи енд,и си ветив во тој маркет,моја нога не стапнува веќе:rofl::rofl::rofl:
     
    На Lolo5, Nigredo Odor, DAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Леле ме потсети. :D Јас во лифт сама не влегувам. Буквално сите пати кога имам влезено сама се заглавува, кочи, расипува и јас седам внатре сама и очекувам да умрам, со паничен напад. :rofl: Златни скали. :tmi: Ај еднаш да имав заглавено можеби ќе влезев пак, ама да сум сама во лифт и да не заглавам се нема случено.
     
    На Lolo5 и Rama им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Имам фобија од патот околу Кичево, има дел како пирамиди, кога поминувам морници ме лазат, мислам местото е полно мумии и чудни ствари:whew:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.734
    Пол:
    Женски
    Фобија од киднапирање:се јавува кога треба да си легнувам,заклучвам надворешната врата два пати,вклучувајќи ги и сите врати дома(дневна,балкон,кај мене в соба) и оставам една врата отворена за да знам дека има некој дома.Звучи чудно,ама така е.
    Фобија од гужва(психолошки термин-оклофобија):паничиш ако има многу гужва,ти потат рацете,бараш тивко место да седниш со помалце луѓе,луѓе ти сметаат,ако немаш никој со тебе се трудиш да се исконтролираш да не направиш паниката да е очигледна и такој.
    Се трпи бе.Шо не трпиме ние,та ова.
    ;)
     
    На Lolo5 и Weird0 им се допаѓа ова.
  7. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Фобија од дволични. :tmi:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Она кога ќе прочиташ дека некој има фобија од тебе... :?:
    Сори сесрееее :bandit:
     
    На Lolo5, Juicy, sweet-cherry и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Хипохондрија. И јас имам. Сигурно и си ги гуглаш симптомите. :lol:
     
    На Lolo5, Primadonna, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Јас имам фобија од височини. Секогаш кога ќе се најдам на некое високо место ми се тресе целото тело. Пр. на стадион или во спортска сала неможам да замислам да сум на високо. Мора да има некој покрај мене. Вртоглавица ме фаќа.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    20.772
    Пол:
    Женски
    Охоо милион фобии.
    1. Најголема фобија што ми останала цел живот ми се ескалатори. Кога се качувам нагоре немам проблем ама кога доаѓа редот за симнување тахикардии ме лупаат. Ова ќе го поврзам со следната фобија
    2. Височина. Значи ако ми верувате ми се врти кога ќе погледнам од третата скала надоле. А па еднаш се возев на жичара во Крушево..и никогаш повеќе.
    3.Фобија од лифтови. Ме плаши помислата дека лифтот може да тргне пред јас да влезам/излезам од него и дека ќе ме згмечи.
    4. Фобија од тесно затворено место..знам дека имаше име ама не ми текнува.
    5.Трипофобија.
    6. Фобија од глувци.
    7.И последната се надевам фобија, не сакам кога луѓе ме/се фаќаат во делот измеѓу надлактицата и глуждот, каде се гледаат вените и околу папокот кога некој ќе ми доближи прст ми се лоши.

    P.s заборавив да ги додам тие од погоре, исто имам фобија од бојлери поготово од стари големи, и навечер кога ќе легнам секогаш мислам дека некој ќе ми влезе дома и еден период воопшто не спиев ради тоа.

    Освен ова, нормална сум си :rofl:
     
    На Lolo5, Rama и Someonespecial им се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Познавам луѓе кои се плашат и ужаснуваат од мачки, без причина. Да е куче, во ред, ама мачиња..? Не сфаќам...
     
    На Lolo5, theowndemon и La diabla им се допаѓа ова.
  13. La diabla

    La diabla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Даа јас, не страв ама незнам како да објаснам ми се ежи кожата не сакам да ме допри многу ми е грозноо
     
    На Lolo5 и sjdgo им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Членката погоре ме потсети за жичари, ама само е логично зошто се плашам од висина. Зошто сум по потекло од Крушево, често ме тераат таму да се качам, и уште кога бев околу 7-8 години максимум, беше воедно последен пат кога се качив зошто почнаа несвестици да ме фаќаат. Искрено и не се плашам толку од самата висина колку што ми е страв да сум блиску до оградата. Покрај ова немам добри три години влезено во лифт и нема да влезам во никаква иднина. Исто така се плашам да бидам внатре во отворена водена површина, во езеро, море не пливам туку едино лежам во или над вода и секогаш гледам да сум блиску за назад. Читам сега листа на фобии, и видов дека стравот да се носи и раѓа дете е тука. Не го очекував тука и не би го пишала на темата ама имам паничен страв од порѓај. Сакам дете и ако се замислам како го раѓам ме фаќа паничен страв и крута одбивност кон чинот. И за крај, ме ужасуваат заболекари, чинот на лечење заби, ординациите, столиците, алатките. Мојата верзија на torture chamber.
    Па кога ќе одам во пеколот од прилика знам како ќе оди моето мачење. Мислам дека опфатив се, нема потреба друг пат да пишам за ова. :D Порано ме фуфкаше ко ќе летаат хелихоптери над мене, ама со тек на време од ова ми "олесна".
     
    На Lolo5 и zhap4e им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Се кифлам од болка од самата помисла како ми се ренда телото од скалите (демек, се тркалам по скали) - само кога носам штикли. Ако нема железо да се фатам... не тргнувам надолу.
    Исто чувство имам кога треба да се симнувам по некоја удолница со перфектно закосување, токму за да се истркалам до долу.
    Генерално, од сите фобии кои ги имав, ко од затворени простории, гужви...ми остана само таа од височини. Причина оти сеуште не се вклучив во некое планинарско друштво иако сто години го зборам тоа, иако, луѓе кои никогаш не го мислеа, сега ги гледам како си се пентерат по планињето и си уживаат ;(
    Ко мала...имав слични чувства кога се движев по мост. Можев да го осетам рушењето, отварањето на бетонот и клизањето измеѓу пукнатините и сплескувањето долу, сосе кршењето на сите коски од нозете па нагоре.:tmi:
    Имав страв од куклите...нормално,ради сите хорори што ги гледавме ко деца со брат ми. Еден од тие беше Фреди Кругер и обесените кукли. За моја несреќа, такви баш и имав, спроти креветот. Едно време почнав да ги вадам и фрлам позади завеса. И следен ден па ќе ги обесеа|(
    Се плашев од сенките..па од некои филмови и од тоа муабетите за духовдени и глупости.
    Се плашев и од грозје..па ради некој филм со змии кои снеле јајциња и после од тие јајциња си испилиле змии во стомакот на некојси.:clap: Ако продолжам да набројувам..крај ќе нема.
    Сето го преживеав! Фалабогу.:bug:
     
    На Harper, Lolo5, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    И јас имам фобија од височини.
    Исто и од ескалаторите за надолу. Пред да патувам странство со другар ми под рака ги поминувавме ескалаторите по Гтц за надоле за да ги победам фобиите. Едно време имаше ефект, сега пак почна.
    Потоа ако стојам на некоја висока тараса или ако се качам во лифт нагоре почнувам да се тресам.
    Таа фобија со височините не ја победив, ова со ескалаторите минливо е.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Имам навистина чудна фобија, жив закопан :worried:
    Кога ќе помислам на вакво нешто, јас психички се измачувам :( Се мислам дека вакво нешто ќе ми се случи :(
    Инаку скоро гледав филм слично вакво нешто и веднаш си замислував како би било (facepalm)
     
    На Lolo5 и marija.980 им се допаѓа ова.
  18. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Не знам точно како да ја наречам мојата фобија.
    Просторија во која умрел човек.
    Еве на пример поминаа повеќе од 10 години откако почина баба ми.
    Јас таа соба со очи не можам да ја погледнам, не пак да стапнам во неа. Како мала со трчање се качував горе, долниот спрат не го погледнував само ради собава.
    Уште се ежам уште кога ќе ја видам вратата. :worried:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Храна од гробишта, која се раздава за задушница, или е донесена од погреб, шест месеци, година... Никогаш немам каснато, ми се гади кога ќе видам како сендвичиња со туна или слични земички се делат наоколу. Можам на лице место да повратам, иако знам дека не е во ред. Имам некој чуден недефиниран страв дека мртовецот буквално ќе стане од гробот и ќе почне да го јаде сендвичето. Оваа фобија ја имам од две години, буквално. Денес сум веќе возрасна, и чувството е исто. Зошто? Немам поим. :shake:

    И од гробишта се ежам. Во животот само два пати имам отидено и толку. Иако ова второво и не е толку фобија, колку што е екстремно непријатно чувство со кое се справувам некако.
     
    На Lolo5 и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Фобија од тоа дека некој ме следи,ова се случува навечер од било каде да се враќам постојано се вртам позади и мислам дека некој ме следи и дека сака да ме силува или киднапира ,со години пробувам да го победам тој став но неуспешно,исто така имам страв и навечер од коли а помине кола до мене на улица или вози поспоро си правам филмоови дека ќе ме киднапираат.
     
    На КикиМаус и Lolo5 им се допаѓа ова.