Фобија од многу народ на едно место. Никогаш не сум била на концерт. Само еднаш на фудбалски натрпевар на полни трибини и умрев од страв, а незнам од што ми беше страв
Леле неќам да те плашам, али ова уствари и се случи на другарка. Гулаб и се мавна во глава летајќи... Јас имам страв од височини. Дури и од тераса ми е страв да погледнам.
Во последно време имам фобија од скали . Се си мислам дека ке се слизнам, ке паднам наназад и ке останам инвалид. Од кај ми дојде фобијава не знам, но јас штом минам 7ма 8ма скала и барам ограда, или некој до мене за да се фатам за него.
вероватно да не има некој терориста низ трибините. Јас имам страв од височина и летање еднаш решив да одам на водно со жичарата. .... Ми се чини дека три пати умрев и оживеав додека се возев
1. Фобија од инсекти. Буквално бегам ако видам некоја бубачка, но повеќе се вознемирувам ако е некаде на затворено, отколку надвор. А дома постојано чистам со правосмукалка во секој ќош, сите фиоки ги проверувам некој пајак да не влегол, ако влегол во соба некој летечки инсект како оса или пчела ме фаќа паника и вриштам, цело време се ѕверам по ѕидовите и мебелот, купувам средства против инсекти,... 2. Понекогаш имам чувство дека некој ме гледа, на пример во соба кога сум не сум спокојна и покрај тоа што имам завеса на прозорот и ја заклучувам вратата, на дупката од бравата имам залепено парче хартија со селотејп за да не ме ѕирка некој низ неа, а пак во тоалет кога одам по сто пати проверувам дали сум заклучила, се плашам да не има камери во јавни соблекувални и тоалети, а ако не се заклучуваат не ни влегувам, ... 3. Оваа фобија е малку слична на претходната, се плашам дека некој ме шпионира на интернет и социјални мрежи, дека ми прислушкува телефонски разговори, и дека цело време може да гледа што работам на телефонот/лаптопот, и затоа не можам ни да се допишувам, ни да гледам/читам нешто, ни музика да слушам без да ми доаѓаат мисли во главата како што ако некој во моментов знае дека го гледам/слушам/читам/пишувам ова. Еве ми е страв и сега некој да не ме хакирал и да следи додека го пишувам мислењево. 4. Понекогаш се плашам дека некој може да ми ги чита мислите, и дури и внимавам на што размислувам кога сум опкружена со луѓе. 5. Имам страв од грмење и невреме, земјотрес, поплава, пожар и други природни непогоди. Пред околу година ипол имаше земјотрес и не можев долго време да се смирам од страв да не стресе повторно. Имаше и поплава пред тоа, што исто ме исплаши. А од оган колку имам страв- од една свеќа се плашам и чкорче кибрит, да не ме запали, а најмногу ми е страв косата да не ми се запали. Исто и ми е малку страв кога треба нешто да приклучам или исклучам од штекер. 6. Порано имав голем страв од висина, лифтови, од секакви угорници/удолници, секакви скали (особено тие што се движат), ама сега од овие стравови ми е останат само мал дел. 7. Сеуште се плашам да чекорам сама по улица навечер, односно се плашам од темница и секакви манијаци и натприродни суштества како духови, чудовишта, вештерки, зомбиња да не ме нападнат, а најчесто спијам со запалено светло што е многу лошо. 8. Имам фобија од крв, ми се слошува ако треба крв да ми земат, особено од вена, бидејќи како што прочитав претходно кај некои други, така и јас имам фобија од вени, особено тие на рацете. Исто се ежам ако некој ме допре кај папокот и постојано мислам дека нешто ми влегло во ушите. Се плашам и од многу патци во косата, како на пример кога е целата во плетенки и има линии по главата. Во врска со телото имам повеќе фобии, сега за сега ги издвојувам овие.
Тек денес дознав како се вика ова чудо, мислев само мене ми се случува. Јас да сум ти бил трипофобичен
Да, за секс е оваа фобија https://en.wikipedia.org/wiki/Trypophobia баш ми се повраќа кога ја гледам сликата на википедија..
-Висина. Секогаш кога пружувам алишта ми трепери цело тело од страв да не паднам долу. -Затворен простор. Не обожавам да одам во тоалет никаде освен дома. Ако е нож до коска одам со страв дека ќе се заглавам и најчесто заглавувам. -Стоматолошка ординација. Веднаш штом влезам почнувам да се гушам од миризбата, до степен да мислам дека ќе се онесвестам. -Инсекти.
- Дожд и грмотевици, за невреме да не зборуваме, тогаш не можат да ме најдат или сум под кревет или во шкафот. - Висина - Вода ( мислам на море, езеро, река) ретко влегувам да пливам сама. - Гужва (многу луѓе околу мене) - Змии, жаби и глувци - РИНГИШПИЛ ( никогаш не би се качила, па и колку да е големо задоволството ) - Темница ( спијам дури и со запалено светло)
Прозори и огледала(исклучиво навечер),ме фаќа страв дека ќе ми се појави некој дух на прозорецот или огледалото.