ми се има случено и јас целата ваква, денес ми се деси ова, слегувам долу во дневната во црвени пижами и ги гледам домашните во исти положби како други пати што сум слегла и сум била по тие пижами, па исти муабети, а јас само седам и посматрам, исто како денот да ми се повторува богами доста чудно...
Минатиот викенд. Дури се уплашив малку. Не ми се случува често ама кога се случува се до детали исто е.
да се надоврзам и јас.. ја читав,но некако не ми е за верување,никој не се вратил да каже. инаку дежа ву имам доживеано безброј пати,како да сум била на тоа место,ко во делириуам да сум..баш чудно :geek:
Дежа ву...не постои,човечкиот мозок не е совршен и како се што не е совршено прави грешки,еве како Во центрите кои се назначени за памтење на настани тој информациите ги прима потполно,како слика,звук,мирис итн...Доколку се случило предходно да сте се сретнале само со еден од наведените фактори мозокот автоматски ја враќа целата слика и ве збунува,односно ви дава слика за нешто што мислите дека сте го доживеале. Најчесто тоа е визуелното видување го враќа во постарите опсерваториуми за да го комплетира моментот и вие мислите дека тоа веќе сте го доживеале
Ма нормално, и тоа милјооооооони пати, веќе почнува да ми се случува секоја недела... мене ми е тотално забавно а не мистериозно, како што повеќето мои познаници мислат. Едноставно, тоа чувство ме носи на огромна смеа.. Хехехехех, чукнана ли сум или да??
Скоро секој ден и добредојдено е , и едноставно не ми пречи Само што понекогсш многу ме зааамииислувааа :geek: сепак
Ми се случува, но никогаш не ме боли глава. Дали некогаш ве прави да се чувствувте неудобно,? Или пак додека да помине како забавена снимка?
а кога го дознав и ова ми стана малку чудно ,знаевте ли дека:Состојбата спротивна на дежаву се нарекува „жамеву“ (никогаш видено), и при неа човекот губи ориентација во просторот и не ги препознава вообичаената ситуација и познатите луѓе. Како и дежавуто, така и оваа појава има краткотраен карактер и подеднакво е распространета, иако луѓето поретко и’ обраќаат внимание. Изучувањето на дежавуто и жамевуто ќе овозможат решавање на една од главните загатки на човечкиот ум - способноста свесно да се разликуваат реалноста, сеќавањата, соништата и фантазијата.
Ми се случувало ова на пример еднна слика или сцена што ке ја видам како и претходно да сум ја видела и многу ми е чудно
Многу често ми се случува дежа ву. Ми се случувало така да првам нешто и одеднаш да почувствувам дека истото веќе се случило. И знам после што кој ќе каже и што ќе се случи понатаму. Чудно е ова!
И на мене во последно време многу ми се дешава и многу е чудно.И се си мислам дека го имам сонувано тоа и сега дури ми се дешава
Нема веќе дежа ву нити дежа веку. Старост. Интересно е што овој психолошки феномен најчесто се јавува во детството и адолесцентскиот период, а потоа со годините се поретко. Ми се случувало многу често (порано), некоја сосема обична ситуација да ја почувствувам како веќе доживеана. Мене дежа вуто ми предизвикуваше немир, непријатност. Најприфатлива ми е онаа теорија според која нели постои краткотрајна за нови и долготрајна меморија во која се складираат старите информации. По некоја грешка на мозокот, новата информација наместо во краткотрајната влегува во долготрајната меморија и се ова се случува во делови од секунда. Поради тоа новата информација ја доживуваме како стара. Е тоа било, мозокот ги згрешил фиоките, а јас на времето се утепував од размислување и самоанализириње што, како...
И мене ми се случува ова, често. Како да сум го видела нели тоа, и сега знам и ддека ќе се поместе 2 чекори лево пример и што ќе каже. После тоа секогаш ми се врти.
aistoto mi se desava ednas do dva pati vo godinata nekoja situacija mi e poznata kako da mi se ima sluceno...stvarno ne mozam da go objasnam toa brat mi e psiholog i nego mu se ima to slucuvano ama ne mozi duri ni toj da go objasni toa bi bila mnogu srekna da najdam odgovor na toa prasajne.........mozebi toa ni se ima slucuvano vo nekoj grug zivot sto mislite vie..........