Каква врска има дежа ву со минат живот ( ако воопшто го има)? Мене вчера ми се деси дежа ву, малку ми е језиво, како така се случува Незнам, ама многу е чудно :geek:
Да,дежа ву и мене ми се случува.Често пати кога ќе видам некоја сцена пред мене, поставеност на предмети , луѓе,познати како веќе чуени мисли,ми доаѓа чуднои навистина неможам да ја објаснам таа појава. Сепак иако мистериозна оваа појава е многу интересна,затоа имам и да споделам едно интересно сознание со Вас. Значи,се работи за една другарка на моја другарка која што на денот кога велат ако ставиш чешел огледало и ( уште нешто имаше ама незнам што ) под перница ќе го сонуваш тој што ќе го земеш за маж. Девојчево ги ставило сите тие предмети под својата перница на тој ден со цел да го сонува својот избраник и....сонувала како била во некоја непозната куќа каде одеднаш во некоја фиока пронашла слика со машки лик.Тоа бил ликот на нејзиниот денешен сопруг. Но тоа е е најинтересното во приказната,туку тоа што после поминато одредено време од нивната свадба,таа ја нашла истата фотографија од сонот во куќата на неговата баба кога расчистувала некои работи. Кога ми кажуваше другарка ми,неможев да си поверувам ама тоа навистина било така.Ете и ова може да се смета како дежа ву,чудно интересно но сепак вистинито
Еднашка доживеав дежаву кога сестрата на дедо ми се заврте со грп спрема мене јас ја забележав престилката дека и беше заврзана со панделка и ПУФ! Дежа ву!! физик - мислам дека не, ставено е под „феномен“
Ми се случува понекогаш и само гласно ќе речам ДЕЖА ВУ ! Интересна појава е, знаеш што ќе е следно наредните мига знаеш каде че погледнеш ! Видовита си на 30 секунди хххх
кај некои повеќе (скоро секој ден што викаш- owi) кај некои помалку ама се е ок додека трае кратко! (неколку sek.) мислам дека нема од што да се плашиш.
А да не е помалку поврзано со соништата? ...она што сте го сонувале, но секако не сте го запамтиле веднаш по будењето по некое време ви се случува во реалноста и ви изгледа многу познато...
Mислам дека нема врска со соништата, или барем не е докажано или немам точно разбрано. Ама мислам дека е нешто поврзано со некое наше задоцнето перцепирање на работите што се случуваат, така некако, ама не знам точно зошто не е научно потвредно, а е многу интересна појава која им се случува скоро на сите, т.е секому барем еднаш во животот му се има случено.
Нема врска мислам со соништа, имам гледано едно клипче каде објаснуваа дека е некој прекин меѓу врските во нервните клетки. Баш зборуваа дека во стресни ситуации се случува многу почесто. Иначе како бе интересно ви е?? Мене многу често ми се случува и ме нервира. Ептен е језиво, секогаш се стресувам онака убаво другарка ми упорно ме зафркава.
Баш барав некоја тема, ама незнам дали е вистинската.. Денес си седев на компјутер, и ја свртив главата на подот, и ми помина како црна сенка, или како црна мачка нешто такво.. Ама набрина беше тоа, и се исплашив спискав.. И мајка ми се чудеше што ми е.. Дали е тоа дежаву или пак нешто друго.
Не е тоа дежа ву,единствено ако мислиш дека претходно ти се случило такво нешто.Јас како што знам дежа ву во превод значи веќе видено.Мене ми се случувало многу пати и ми било чудно но потоа навикнав.Често ми се случувало кога ќе зборувам со некого и погледнам некаде и како да сум го видела тоа што се случува околу мене..
И мене ми се има случено, повеќе пати, но мислам дека сето тоа што ми се случува го имам сонето и затоа ми се чини дека веќе го имам доживеано
Ми се има случено повеќе пати тоа што сум го сонувала да ми се случи,или можеби само мислам дека сум го сонувала Како и да е дежа ву ми се случува многу пати,имам слушано дека сите си имаме по еден двојник на светов а тоа што ти се случува тебе истото се случува и во неговиот живот па кога ке дојде она дежа ву тоа биле некои прикажувања кои веќе му се случиле на двојникот
Дали некогаш сте се нашле во ситуација која ви е многу позната, но не знаете од каде? Ако одговоривте потврдно, тогаш си имате работа со "дежа ву". Џејмс М. Лампинен, асистент професор по психологија на Универзитетот во Арканзас, на следниов начин го објаснува феноменот попознат како "дежа ву" или "веќе видено" : "Дежа ву е силно чувство на глобална фамилијарност (фамилијарност е кога нешто ни е добро познато), и се јавува во на прв поглед, нова ситуација. Чувството на фамилијарност кое се искусува преку дежа ву-то е глобално на следниов начин: Ни се чини дека целиот настан, секој детал, се се случило порано, и покрај тоа што знаеме дека настанот е единствен и се случува во моментов. Ова искуство е обично вознемирувачко и е често проследено со чувство на нереалност. Повеќето луѓе искусуваат дежа ву некогаш во животот – наодите покажуваат дека повеќемина имале најмалку едно такво искуство. Се уште не знаеме точно кои механизми го создаваат дежа ву-то но има голем број напредни теоретски пристапи. Сигмунд Фројд, таткото на психоанализата, тврдеше дека дежа ву се случува кога личноста спонтано е потсетена на некоја несвесна фантазија. Поради тоа што фантазијата е несвесна, нејзината содржина не допира до свеста, туку само чувството на фамилијарност и тоа резултира во дежа ву искуство. Од неодамна дежа ву се објаснува во смисла на обработување информации. На пример, Херман Сно, еден од водечките светски експерти на оваа тема, смета дека сеќавањата се складирани во формат сличен на оној кој се користи кај холографските слики. Повеќето луѓе сметаат дека холографијата е начин на создавање на "кул" тродимензионални слики, и ја гледаат како оправдување за да си поиграат со ласерските зраци. Но аспект на холографијата кој е исклучително битен за тезата на Сно е како холограмите ги складираат информациите. Всушност, Сно укажува дека, за разлика од традиционалната фотографија, секој дел на холограмот ги содржи сите потребни информации за да се создаде целосната слика. Сепак, колку помал дел се користи, толку понепрецизна (и позаматена) станува холограмската слика. Според Сно, човечката меморија функционира на ист начин. Дежа ву искуствата се случуваат кога некоја сегашна ситуација се поклопува со маглива слика на некоја измината случка. Тоа е како да се убедите себеси дека познавате некоја личност на матна слика снимена преку безбедносна камера. Исто така дежа ву-то може да се објасни и во смисла на глобални модели на поклопување на меморија. Според овие модели, ситуацијата може да ни се чини позната поради една од наредниве две причини. Првата причина е дека ситуацијата е многу слична со некој настан во нашето сеќавање. Но одредена ситуација исто така може да ни се чини позната ако е умерено слична со голем број наши сеќавања. Тоа е вториот случај. На пример, замислете дека учествувате во експеримент при што јас ви покажувам фотографии од разни членови на моето семејство: Моите браќа Џон и Џо, моите сестри Шерон, Линда и Џуди, моите родители Волтер и Патриша, и така натаму. По завршувањето на експериментот налетувате на мене и си помислувате:"Еј, дечково ми е познат." Причината за ова е што иако никој во моето семејство не изгледа исто како јас, сите тие донекаде личат на мене и според глобалните модели на поклопување сличностите тежнеат да се соберат на едно место. Некои дежа ву искуства би можеле да се објаснат на сличен начин. Напредок во разбирањето на дежа ву е постигнат и во невронауките. Истражувачите од областа на когнитивната психологија и невронауките ги разграничија свесните сеќавања од оние засновани на фамилијарност. На пример, повеќето луѓе можат свесно да се сетат на својот прв бакнеж. Можат ментално да се вратат назад во таа ситуација. Но исто така имаме и искуство при кое се чувствуваме дека некого веќе сме го сретнале, но не сме сигурни точно каде. Личноста ни е позната, но ние не можеме да се сетиме од каде. Истражувачите веруваат дека системот на помнење во кој спаѓаат предчелниот кортекс и хипокампусот управува со свесните сеќавања, додека пак системот на помнење во кој се парахипокампалната вијуга и нејзините кортикални врски владее со чувството на фамилијарност (познатост). Неодамна Џозеф Спет аргументираше дека дежа ву искуствата се јавуваат кога парахипокампалната вијуга и областите поврзани со неа привремено ќе се активираат во услови кога нормално функционираат предчелниот кортекс и хипокампусот. Ова создава силно чувство на фамилијарност но без привидот на свесно сеќавање. Како што можете да заклучите, постојат голем број различни теории кои се обидуваат да го објаснат дежа ву-то, но се уште немаме конечен одговор на прашањето која од овие теории е точна. Ова е област која е се уште погодна за објаснувања и понатамошни истражувања."