Имене ми се има случено двапати , еднаш бевме со една пријателка во Паланка и сеа го глеам местово значи истото некаде го знам незнам од каде како да сум била таму а првпат бев.Другата ситуација беше со фамилијата бевме дома седнати онака и сеа пак истото од негде ми беше нешто познато дека ми се десило баш разговорот.Може дежа вуто ни се појавува бидејќи можеби го живееме истиот живот којзнае
Порано т.е. до пред една недела постојано го доживував таканареченото повторување на случките ДЕЖА ВУ. оваа недела го нема. Почнува и да ме загрижува бидејќи веќе се навикнав на тоа да знам што како ќе ми се случи и пак да го оставам да се случи баш како што е веќе видено..
Многу пати Еднаш знаев шо ќе каже една другарка односно целата случка како по втор пат да ја доживеав.
Многу ретко ми се случуваат повторени моменти.Во таква ситуации психички сум изолирана од околината размислувајќи за поврзаноста на нештата.
Дежа ву во спротивна форма .Ми се случува многу често,но тоа што ми се случува во дежа вуто спротивното се случува по неколку секунди.
Не знам дали ова може да се дефинира како дежа ву, но ми се случи нешто навистина чудно. Пред многу години, можеби пред 5-6 години имав дежа ву од нешто што се случи денес т.е пред малку што ми се случи. Ептен чудно. Ми дојде како слика пред неколку години, а денес се случи тоа. Уствари не е нешто големо, ептен небитна работа али ме зачуди. Вакво нешто не ми се случило досега. Спојлер Мислење во 7 часот, не сум ранобудна, не сум заспала уште.
Повеќе пати ми се има случено да сонувам нешто и истото тоа по месец или повеќе да се случи . Потполно исто како во сонот . Истата облека истите движења истиот разговор ... Незнам дали може да се дефинира како дежа-ву но ете и јас да си кажам ... И да чудно е но е многу кул
Пρемногу често ми се случува, по можеби 200 пати во годината и во тие моменти и да ми збоρат јас молчам и стојам збунето, си велам можно ли е истата ситуација со истиот дијалог!? Κаκо да се вρатило вρемето во неκој од моментите од минатото и се чувствувам пρемногу збунето, но κаκо што гледам не сум единствена хахаха, но ова воопшто не го сметам за пρоблем .
Речиси секој ден имам дежа ву, а понекогаш и повеќе пати во денот. Често ми велат:" Кај одлета, што се толку замисли", а ни јас самата не знам ни како, ни зошто ми се случува тоа...
Ова постојано ми се случува и многу ме збунува. Значи осеќам како негде претходно да сум го доживеала тоа, истите гестикулации, зборови, движења, истата слика потполно. И таква се здрвувам и си мислам дали сум сонувала или си замислувам ??
Ми се случува многу често додека одев во основно ми се смееја другарките кога ке речев ејј ова беше еднаш што се случува познато ми е....додека разбравме што е работата
Или ништо не сонам, само така све црно или дежа ву. Ако има нешто, да почнам да претраскажувам, гледачица ќе ме прајте, ќе ви кажувам за судбините. Шала на страна туку се почесто и почесто имам дежа ву и на арно е то или?