Јас па обратно од повеќето овде, многу ретко доживувам дежа ву. До сега можеби само двапати на кои што убаво се сеќавам, другото се` ми е некако избледено или пак не сум ни сигурна дека ми се повторува. Морам да кажам и дека многу ретко паметам сонови, затоа и мислам дека воопшто не ни сонувам. Интересно е во секој случај, обожавам да читам вакви теми.
Луѓе, мене често ми се случува да ми каже некој нешто или да преживеам но да ми е познаѕо како по втор пат да го живеам. Незнам како да објаснам, какода сум го сонувала тоа што го живеам. И тоа се случува многу често, не е проблемот до мојата психа ама навистина се плашам и се мислам што може да биде. Дали некоја од вас го има истиов проблем?
Дежа ву? Првото биолошко објаснување подразбирало дека двете очи не само што го воспримаат светот во разнобоен дијапазон, туку и со одредена микроскопска временска разлика. Како што секоја хемисфера добива сигнал само од едното око тогаш разликата во добиената информација, кога едното око веќе го видело настанот, а второто само го набљудува, се нарекува дежа ву. Оваа теорија го добила називот ментално удвојување и долго време се сметала за веродостојна, сè додека појавата на веќе видено не е откриена и кај слепите лица. Денес како главен виновник за појавата на дежа ву се смета органот за моментални реакции на мозокот - хипокампот, за што постои и теоретско објаснување. Имено, хипокампот е одговорен за повеќето функции на мозочната активност, и во таа смисла и за распознавање и барање аналогии на предметите од околината. Научниците претпоставуваат дека слични барањa се произведувaат и во деловите на сеќавањето кои чуваат мемории за „шаблоните“ на надворешниот свет. Па така, кога човек ќе види стол, тој го препознава по условниот модел зачуван во неговото сеќавање. Одредени состојби на мозокот - висока температура, настинување, давење и неколку заболувања - можат да го воведат хипокампот во состојба на „паника“. Притоа, видената слика на околината веднаш се запаметува без дополнително анализирање, каде што мозокот за дел од секундата се обраќа за помош. И така, се човекот ја споредува ситуацијата со видената слика, но извлечена од најсвежите сеќавања, што создава ефект на лажно сеќавање. Ми се случило неколку пати. Ако се случува почесто може од памет да те извади. Ми се случило не само два пати, туку и три пати да се најдам во таква ситуација и дури пробувам да се сетам што ќе се случи следно.
Постојано е нај чудно ми беше кога почнав на работа првиот ден почнав да ја шијам машката кошула и од некаде некако знаев што ке се случи а прв ден на работа. Кога ке ми се случи се свртувам полека гледам околу мене со ваква фаца и после си се смешкам . Чудно ама некако ми е убаво .
дежаву ви е сон што сте го заборавиле па ви се појавува пред очи..а сонот е некој вид на визија..така да ми се има мн пати десено и често ми се дешава да сонувам нешто и да го запамтам сонот и потоа стварно тоа да ми се деси така да више не ми е чудно но страшно е заш незнам што ке ми се оствари што не..
Бев прв пaт нa гoсти кaј кoлешкa, кaкo дa сум билa тaму некoгaш тoa местo, тaa куќa,тaa тoплинa вo куќaтa. Дaли е знaк или штo кaкo oдaт рaбoтите не знaм.
Последно време многу често ми се случува и порано исто. Викаат дека тие што доживуваат дежаву голема е можноста дека живееле живот пред овој.
Незнам како да го дефинирам ова чувство,ама 100 пати ми се случило дежа ву или што и да е. Често имам некое чувство како да сум била претходно во контакт со нови луѓе кои сега ги запознавам,или пак се случува проклето да ми се познати некои места на кои стапнувам прв пат а се осеќам како да сум била претходно.
Аман веќе, ептен језиво ми е ова чувство на дежа ву, последниов период често доживувам и во најбанални и неважни ситуации
Да, и мене ми се случувало и ми се случува понекогаш. Малку е бизарно, но не е ништо страшно, посебно откако се заинтересирав за објаснувањето, што точно е таа појава и што се случува во човековиот мозок.
Некако оддамна не сум почуствувала дежа ву, прочитав некаде дека на младите му се случувало повеќе, изгледа остарев Дали на вас ви се има случено кога ќе запознаете некоја личност да имате чуство како да ја познавате оддамна?