Осеќам некој што сака да каже. Пример професорите објаснуваат нешто и се закочуваат, мене во мисли ми доаѓа што сака да каже. После секунда две истото го кажуваат. Пред некој ден сонував дека имало некој свечен собир фамилијава, и следниот ден роднините собрани се сликале на фејс. Исто и ова. Позната ми е личноста од некаде само незнам од каде, а прв пат ја гледам.
Секојдневни ситуации во животот најчесто чуствувам дека се случиле претходно ама во сон. Како демек нешто што одамна сум сонила сега до детал одново се повторува. Незнам дали е дежа ву. Ама знам во тие моменти и како ќе постапам и што ќе речам. Обично кратко трае чуството.
Ми се има случено со некои ситуации. Чудно е ама не се замарам многу со ова, не придавам важност толку.
Вчера доживеав дежа - ву . Секојдневна ситуација . Често ми се случува дежа - ву и не ми е веќе толку невообичаено . Конкретно , сонував дека раскревам по дома и се карам со ќерката дека не си ги собира играчките . Моментот кога ми светна дека ова е дежа - ву , позицијата на ќерка ми , позицијата на играчките , моите зборови , нејзините зборови , дури и облеката - се беше исто како во сонот што го сонував пред скоро месец дена . Си викам како е можно да е се толку исто , толку све на свое место .. како во некој паралелен универзум да сум го доживеала истово , како веќе да сум била овде во овој момент . Интересно ми е , како може да е нашиот мозок вака создаден , како може унапред со денови и недели да " предвиди " нешто , и зошто човекот како " најителигентна " врста помеѓу живиот свет , сеуште нема одговор на вакви работи ? Има многу прашања , а одговор ни на видик . Затоа и е интересно за мене , бидејќи е мистично .
Интересен феномен кој неможам да го сфатам, а ми се случил многу пати. Можеби затоа сум толку обземен со него....