хехехе па зошто да се плаши ??мене баш ми е интересно тоа чувство а и јас истото го практикувам гласно да си кажам ееееј дежа вуу
Јас постојано имам дежа ву и како пророк сум често ми се случува да сонувам некои работи кои ќе се случат а најмногу се шокирав кога сонував еден дргар дека почина т.е. моментот татко му кога не извести и се тоа ми бесе познато од збор до збор некогаш ми е интересно некогаш не...
дежа ву е многу честа појава. мене многу често ми се случува. читав дека тоа не е ништо необично. значи кога нешто гледаме, нервот кој ја прима сликата касни, и затоа не се поврзува со мислата, и така доаѓа до дежа ву. не сум некој научник, ама ми звучи доволно логично
Да да секако .. и јас имам такви моменти, да збунува !! Сите имаат такво чувство и тоа не го рачунам како проблем .. не си чудна на секому му се случува тоа .. барем јас така мислам.. или на секому барем по еднаш !!
Ми се има случено неколку пати .. чудна ситуација , одма рипам и ќе искоментирам - еј дежа ву , ова веќе како да ми се има случено .. некогаш и знам пред време кој што ќе каже . Викаат дека Скорпиите највеќе можат овие нешта да им се појавуваат !
Еј јас сум скорпија и многу многу често имам дежа вуа. Искрено, сакам да си верувам дека тоа е нешто спиритуално и логички необјасниво,, му дава некоја мистериозност на чувството.
исто како мене негледам нешто неприродно во тоа мислам дека е сосема нормално и дека на сите им се случува
Некои го протолкуваат како реинкарнација,некои како демек го сонувале,па од таму доаѓа она: „ти се исполнуваат соништата’’, Некои и го занемаруваат.. И јас сум од тие што го занемаруваат,ако на моменти ми е интересно и секогаш пробувам обратно да направам од она што „би требало’’ да се случи. И да,многу пати ми се случувало.
Ми се случува понекогаш! На пример една случка, едно дејствие од неколку секунди се случува а јас гледам збунето и се ми е веќе познато, како да сум го видела и порано! последно ми се случи пред 9 дена на погребот од дедо ми кога ми носеа сок! само си помислив: ДЕЖА ВУ!!!
дежа ву хмм...најинтересното досега што ми се има случено е ...Седам со сестра ми и една братучедка пред коммпјутер си зедов праски да јадам и сега во моментов се присетив на тоа и си велев самата сега некој ке праша -Има ли уште праски? (само не знаев дали тоа ке биде сестра ми или братучедка ми) во истиос момент сестра ми прашува ..-Има ли уште праски? (леле се наежив тогаш...)
Да ми се случил овој чуден феномен наречен дежа ву и тоа неколку пати. Како тоа да сум го видела на сон. Ми се има случувано за наједноставни, најсекодневни работи како ја закачувам јакната на некоја закачалка или некој ми качува нешто итн итн... Многу чудна работа
јас еден ден сонував дека возам точак на кеј со дечко ми и една не толку блиска другарка и тек после 4-5 месеци истата сцена ја видов дури и истиот разговор.. страшно беше
Ми се случува и мене почесто. Пример пред некое време седиме со 2 другарки и едната отиде да си земе за јадење нешто. Е сега јас помислувам и ми се отсликува дека ко ќе влезе ќе се сопне и ќе падне и тоа се случи - како истиот настан да се случил некогаш и некаде
Мене ова ми се случува речиси секој ден. Понекогаш знае да биде морничаво, и да се наежам, но некогаш ми е интересно затоа што веќе знам што ќе се случи понатаму. Инаку секогаш кога ќе ми се случи феноменов, морам да кажам на глас „Дежа Ву!“