Дежа Ву ми се случува, би рекла дури и пречесто.. И секогаш е морничаво.. Но сепак мора да признаам дека е е поморничаво од Дежа Веку, значи тотално скревам..Замислете Дежа Ву само со посилен интензитет, се ми е познато, дури препознавам и мириси и звуци.. Страшно,брее..
секако дека ми се случува тоа.Сега гледам се ист во ситуацијава и си мислам дали сега ке го кази ова?и туп истот се казува јас мислев дека проблемо е во мене но не бил
Еве пред 10 секунди ми се случи додека разговарав по тел со дечко ми.Знаев што ќе ми каже во секоја наредна реченица Исто ко да сме го правеле веќе тој муабет..Некогаш..и негде..
Ми се има случувано, не многу пати ама стварно е чудно Со брат ми одевме накај факултет пред некој месец и се што видов, колите до нас, луѓето што поминуваа, муабетот што го правевме се беше исто ко да ми се случило порано. Чудно... многу чудно
Баш денес ми се случи едно такво искуство, како да сум поминала значи низ истиот муабет, знаев што ќе се деси, што ќе ми каже соговорникот... Налудничаво е, се осеќаш затечен од сопствената предвидливост, ама забавно е.
И мене ми се има случено повеќе пати. Така еднаш со другарките седиме,пиеме кафе,си муабетиме и се исто и си викам ова се има случено како да беше или го сонував Исто еднаш со дечко ми ми кажува нешто и јас му викам ама добро знам ми го кажа ова, а тој ми вика не бе ти немам кажано, а јас знам се што ми збори чудна работа
Да многу често ми се случува да направам нешто и после да си помислам јас го имам ова направено и ми се враќа меморија
Ми се случува кога ќе погледнам одреден предмет или личност како во истата положба и на истото место веке да сум била.. - што некогаш и не е можно ако за прв пат запознавам некого... еве нешто што најдов Јужноафриканскиот психијатар Вернер Неп наведува дури 20 разновидности на овој феномен, стар колку и самиот човек. Толстој, Дикенс, Фројд-многу големи имиња пишувале за него. И, се разбира, обидите за негово објаснување се бесконечни. Чувството за веќе доживеаното е добредојдено за проповедниците на верата во повторното раѓање. Но и други го користат како доказ за своите тврдења. Многу парапсихолози оваа необична појава ја поврзуваат со способноста на човекот потсвесно да претчуствува. Натприродните својста што ги поседуваме (парапсихолозите ни ги препишуваат без капка сомневање) ни дозволуваат да предвидуваме некои идни ситуации. Но информацијата за нив ние ја складираме во својата потсвест. Дури кога навистина ја преживуваме ситуацијата предвиденото испливува во нашето сознание. Други причината за овој феномен ја бараат во сосема различен правец. Според нив, нашиот ум понекогаш се вклучува во мрежата на непознатата космичка димензија. Во него се чува (дури и во писмен вид!) целата вистина за минатото, сегашноста и иднината на светот. Во таквите моменти нашиот ум ја чита вистината за иднината, но заедно со тоа настаните ги преживува и на јаве. Се случува нешто како дуплирање на дејствата. Oттука - чувството за нешто познато. Некои, пак, се категорични дека фалшливите спомени доаѓаат до нас по телепатски пат. Друг човек, кој се наоѓа на истото место со истото време, со кого сте во умствена врска, ви го предава она што го гледа и што го слуша во моментот, неколку секунди пред вие самите да го видите и чуете. Сите објаснувања околу веќе виденото се прилично неверојатни и тешки за верување, но впрочем, таква е и природата на ваквиот феномен, прилично неверојатен.
Кажав дека ми се случуваат одвреме-навреме, но во последно време ме БОМБАРДИРААТ! Ми смета! (а на кого се обраќам? )
Коа бев помала стално ми се дешаваше, сеа поретко.баш пред некое време ми се случи и викам еј сеа ќе се свртам и вака ќе погледнам, и си викам ај да не напраам така, ама неможев, природно ми дојде, и напраив така. некад ми траат кратко - као блиц, онака само ќе погледнам, ќе се свртам, а некогаш подолго, и од неодамна дознав дека тоа било дежа ву хаха интересна работа, онака коа ти се дешава.еве на пример зборев со другарка ми и некако чудно ми дојде и ми се чинеше како тој разговор више сум го праела и дека сеа ќе и речам нешто, мислам знам што ќе и речам, и сосем природно ми дое и тоа и го реков. хах
Луѓе, во последно време многу често ми се случува ова „Дежа Ву - веќе видено“, дури и страв ме фаќа... Ќе се случи нешто, имам многу неубаво чувство дека тоа веќе сум го преживеала, сето тоа до точка, а на некој начин и како да знам, „предвидувам“ што ќе се случи следно... Дали е можно тоа? Знам дека тоа е збрка во мозокот, но толку да ми е исто, како вчера да сум го преживеала тоа... а сега гледам само реприза...
значи на сите ова ни се случува? Баш вчера ми се случи да ви кажам тука на чатов пишував и оп више видени реченици истата слика пред мене, страв ме фати да ви кажам и се прашувам што е смислата на веќе виденото, на тоа познато чуство, има ли причина зашо ова ни се случува? можеби ни покажува нешто?
Ми се случуваат често, дури и пречесто во последно време и искрено - ми идат на живци Ова денеска и чудно беше некако, не беше ко блиц како и обично, цела серија слики ми се изредија ..крипи стварно
имам слушнато дека овие моменти што ни се случуваат на сите т.е. Дежа ву се моменти што ни се случиле и во минатиот живот и затоа е такво чуството како да сме го виделе моментот некаде ...
A еве што прочитав на Википедија за ова: Дежа ву е опишано како чувство дека претходно си видел или искусил нешто или си сонувал за слична ситуација или место кое си го заборавил сè додека некој мистериозно не те потсети на таа ситуација или место кога си буден