1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чудно искуство што се повторува... Дежа ву?

Дискусија во 'Психологија' започната од Blackberry, 22 март 2010.

  1. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    На сите ни се случува тоа т.н. Дежа ву и нема врска со тоа дека гледаме, слушаме или читаме нешто што било во претходниот живот. Не знам кај прочитав дека кога ни се случува таа појава, тоа е всушност реакција на неискористениот дел на мозокот. Информацијата која ја примаме побавно патува од едната во другата хемисфера, и поради тоа мислиме дека се работи за нешто што порано ни се случило.
     
  2. Sweet.S.S

    Sweet.S.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    И мене ми се случува тоа многу често... :^)
     
  3. Minuska

    Minuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    11
    дежа ву е нешо сеуште недокажано... има повеќе мислења за тоа што е дежа ву :)
    иам читано дека е нешто што сме го сонувале, дека нешто слично сме виделе и во минатото, а и најинтересното и збунувачкото е дека мозокот побрзо функционирал од видот, и ние уствари прв пат сме го виделе тоа, а мислиме дека е два пати :) збунувачко ств.
     
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Mене тоа коа ми се дешава се осеќам многу чудно, онака стварите ми се одвиваат во некој slow motion и многу сум збунета во моментот и кога ќе помине онака си се враќам во нормала. А во моментот кога ми се дешава знам дека е дежа ву и сум пробала да го спречам кога ми било подолго онака чисто од забава, хахаха :D ама не ми успеало. А јас не верувам во тие глупостите за некои искуства од претходниот живот. Верувам до негде за такви работи, али во ова не. Ако го видам, ќе верувам а вака не хахх :) А и за ова има безброј научни докажувања и препирки што никогаш нема да знаеш што е точно а што не, што е претпоставка а што е сигурно. Така да ме мрзи уште за ова да се замарам што е и како е.
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Де жа ву!
    Ми се случи истово...цела оваа ситација околу А1 како да ја имав веќе видено! 8)
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Мене дежа ву ми се случува секундарно, на пример во некоја ситуација некој нешто кога ќе каже или ќе направи, онака и си мислам како нештото да го имам веќе видено, а однапред не знам што ќе се случи, предходнава недела имав повеќе дежавуа, само чудно ми е кога ќе ми се чини дека истото го имам слушнато некаде, и чудно чувството како мозокот да ми запира и само таа случка во две-три секунди ја чувствувам,ама неописливо е бе, дежа ву.
    И мислам дека Дежавуто не трае повеќе од 5 секунди , според мое искуство.
     
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Многу пати ми се случило тоа, дури и ќе подзастанам, ќе се помислам... И многу често ни се случува со мм да имаме такво чувство за еден ист настан :?:
     
  8. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Не верувам во филозофското објаснување на дежа ву-то за сцени од претходниот живот, ова со задоцнет пренос на сигнал ми звучи најлогично. Иначе на сите им се дешава ништо несекојдневно, ама имам слушнато дека после 20тата или 25та се случува се поретко за покасно целосно да исчезне..и еве стварно не ми се десило оддааамна, а и моиве ги прашувам не им текнува кога последен пат имале дежа ву :?:
     
  9. NikaPetreska

    NikaPetreska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Колку пати сте се наежиле, сте направиле чудна гестикулација на лицето и сте дискутирале со вашите пријатели, за онаа секунда во која доживувате нешто, за кое сте свесни дека не се случило порано во реалноста, но го доживувате во сегашноста....
     
  10. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    оваа не е дежа ву но е нешто слично што ми се случи пред точно 5 минути
    Си ја пејам песната од рекламата на А1 која оди вака
    Pojesh4u sve kola4ice...tebi u inat posta4u debela...Sve devojkeee...ne4e bidi slatki kao JA...oooo...ne4e biti slatki kako ja...oooo ...
    отварам фејсбук и ја гледам оваа група

    Pojesh4u sve kola4ice...tebi u inat posta4u debela...Sve devojkeee...ne4e bidi slatki kao JA...oooo...ne4e biti slatki kako ja...oooo ...
    :^)
     
  11. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Ми се случило милион пати и уште ми се случува . Не сакам било какви теории за тој феномен од проста причина што сите се као нагаѓање . Ако се докаже што е додека го живеам својот живот ок ако не пак ок
     
  12. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Ми се случи еден пролетен топол ден во друштво во прошетка, во ливада да ме спопаднат дежа ву моменти и тоа од сите страни кои сетилно можев да ги осетам. Во носната шуплина ми влезе мирисот на свежа трева, отсјајот на сонцето ме натера да замижам, а кикотењето на братучекта ми ме натера да се свртам и во преод да забележам како жолтеникаво засушените тревки застрануваат на сите можни страни во ритам на ветрето. Сликата во која повторно се најдов на истото место, во скроз ист сплет на околности од некоја друга паралела ме фасцинираше. Бев вкопана во длабока тишина, без осет за време и простор ме обли ново, непознато и ретко чувство на дежа ву момент. Фасцинантно, затоа што овие моменти не доаѓаат од објективниот свет, ретки се и рационално необјаснети, потресни за тип кој е приземен и верува само на она што ќе го види, чуе, допре и мирисне, сега, тука и во моментот.
    Некаде прочитав дека овој феномен има врска со интуицијата на човекот и способноста некои идни моменти интуитивно да ги предвидиме кои мозокот ги регистрира и складира во потсвесниот дел, па кога ги доживуваме тие испливуваат на површина како свежи сеќавања. Но тоа се еден дел од мислењата, други го објаснуваат како биолошка дисфункционалност на мозокот и куп теории кои не можат научно да се докажат. Во секој случај останува голема мистерија од научна гледна точка, која си има граници на спознавањето, а посебно кога се работи за истражување на внатрешниот (субјективниот) свет на човекот, не е измислена таква наука која би можела да го рационализира и до крај да го осознае.
     
  13. Lezbo

    Lezbo Нов член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Да,ми се има случено.И беше грозно.
     
  14. frutini

    frutini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    252
    Ахх колку пати ми се има случено. Чудно, неверојатно, необјасниво... И после тоа седам така едно 10-15 минути да сфатам што се случило! Се обидувам да се присетам кога претходно се случило. Но некогаш не е возможно предходно да се има случено! Сигурна сум дека има сосем нормално научно објаснување на оваа појава! :D
     
  15. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    имам слуснато дека бас тоа 4уство сто ние го толкуваме како предвидуванје или веке дозивеано е всусност сегасноста односно моментот кој го дозивувате моментално само сто окото е побрзо од мислата и демек така ни се прицинува просто казано..
    којзнае дали е тоа така ама и мене ми се има слу4ено неколку пати дури јас сум малку филозов :) еднас пробав да се концентрирам лугје ке рецете дека лазам стварно знаев сто ке се слуци и тоа вака накратко со децко ми сетавме на плостад кога ми дојде тоа цуство и одеднас збунета си мислам се вдлабоцувам знаев дека некој ке ни пријде и ке ни зборува несто кога стварно една колеска доага и застанува до нас зборе несто дури немозев да си поверувам....
    :*
     
  16. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    ми се случува скоро секој 2 ден :D и дури некогаш кога ке разговарам со некого дури и знам што ке ми зборува,многу чудно :wasntme:
     
  17. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Дежа ву како препознавање на некоја случка која мислиме дека веќе ни се случила, во суштина претставува закаснето реагирање на мозокот. Е сега не знам како поточно да ви објаснам за да бидам јасна ама таа случка не се случила никогаш претходно туку неколку секунди пред вие да станете свесни за тоа...Значи очите ја гледаат ситуацијата носат информација до мозокот, но свеста не е вклучена ...како парализа некоја ...при што после обработената информација мозокот ја препознава како веќе видена... Deja vu - Веќе видено.... Постојат спротиставени мислења кај научниците што се однесува до препознавање на некоја ситуација дека веќе ни се случила од препознавање на личности за кои мислиме дека веќе сме ги виделе.... некои мислат дека не е исто и со ликовите, дека некои ликови може сме ги виделе како мали, па мозокот ги препознава... а други мислат дека е исто.... како и да е ова мене лично ми е многу логичко објаснување на дежа ву... сепак мозокот останува мистерија за науката.... :)
     
  18. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    истото и јас го казав тоа со перцепцијата дрзе место ама сепак има работи кои немозат да се објаснат мое мисленје
     
  19. Zaspana

    Zaspana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    13
    ми се случува често да прашам некого нешто и да го знам одговорот односно знам што ќе ми вратит леле страв ме фаќат хехех
     
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Па тоа не е дежа ву тоа ти е како на некој начин да го предвидеш одговорот. Дежа ву ти е чувство и знам дека за него има повеќе мисења и различни толкувачи даваат различно мислење. Мислам дека нај прифатливо е тоа што е и дадено погоре за тоа дека окото ја гледа ситуацијата ја пренесува до мозокот кој доцни со перцепцијата и ја прикажува како веќе видена. Многупати ми се има случено и па и не е некое пријатно чувство за тоа што после ме тера да размислувам дали ова предходно ми се има случено :)