1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чудно искуство што се повторува... Дежа ву?

Дискусија во 'Психологија' започната од Blackberry, 22 март 2010.

  1. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Твоето повеќе е како претчуство дека нешто ќе се случи... дежа вуто јас го доживувам поинаку...како веќе да се случило и пак се повторува... дежа ву ми се случува ретко,,,многу повеќе ме загрижува парализата во сон која ми се случува понекогаш, многу ми е лошо и се плашам... многу лоша ситуација... :worried: :worried:
    И не најдов ниедно објаснување за тоа :(
     
  2. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    51
    Ми се има случено итоа многу пати... Навистина е многу чудно чувството но тоа е тоа
     
  3. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    многу пати ми се има случувано и одеднашш ??????? дали веќе ова помина?го сонував ли ова?викаат дека е нормално на секој 2 човек му се случува тоа
     
  4. BlueEyess

    BlueEyess Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Не сте единствени ќе го сонувам и после кога ќе се случи многу ми е познато, а секогаш кога ќе пробам да направам различно од сонот сонуваното се случува
     
  5. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Многупати ми се има случено :D
     
  6. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Ми се има случено и ми се случува мн често. Интересно ми е,а воедно и ме нервира.
     
  7. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    Често ми се случува и кога ќе се случи ептен се чувствувам чудно :/
    И треба два пати да се размислам што се случува?
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ако е така, сите сме чудни. :D
    Скоро секоја недела се соочувам со дежа ву.
    Многу се возбудив кога иако го користев терминот, иако знаев француски и порано, јас пред некое време скопчав што е преводот буквално. :$
     
  9. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    оу да, многу ми се случува тоа... :^)
     
  10. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Како што имам јас читано досега дежавуто е всушност сеќавање од претходниот живот. Знам дека звучи глупаво и безвезе и повеќето од нас во тоа не ни веруваат, но има добра научна основа. Имено, секој човек иако умира, неговата душа останува да живее. Секое новороденче што доаѓа на овој свет, со првиот воздух, што го зема, со првиот плач, поприма некоја човечка душа. Токму затоа, некои работи кои ни се случуваат, е како веќе да ни се случиле, или некои места каде што одиме прв пат ни се толку многу познати ... Дали некогаш ви се случило да не знаете нешто да правите, нешто навистина тешко, и со огромна леснотија да го научите, иако некои други луѓе имаат потешкотија со тоа? Токму тоа сте го правеле во минатиот живот. Душите на луѓето не умираат, само се реинкарнираат во друг човечки облик.
    Така да некој повеќе некој помалку, но сите во текот на животот искусуваат дежа ву, зависно од тоа колку далечни се сеќавањата од минатиот живото. Може да пројдат дури и децении, пред една душа да заземе нов човечки облик.
    И едно мало наговестување, секогаш кога некое дете се раѓа, некој умира (може е малце оф топик, али ја да си пишам)
     
    На Feminkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    На мене ми се има два три пати вака случено ќе го сонувам и после кога ќе се случи многу ми е познато.

    Постојат многу шпекулации за овој феномен односно кога тој се случува поради фактот дека „дежа ву“ се случува на разни луѓе со или без медицински предиспозиции. Неколку психоаналитичари го припишуваат овој феномен на едноставна фантазија или желба, додека други го објаснуваат како „грешки“ во сигналите во мозокот. Многу парапсихолози веруваат дека феноменот е поврзан со искутва од претходниот живот.

    Денес како главен виновник за појавата на дежаву се смета органот за моментални реакции на мозокот - хипокампот, за што постои и теоретско објаснување.
    Имено, хипокампот е одговорен за повеќето функции на мозочната активност, и во таа смисла и за распознавање и барање аналогии на предметите од околината. Научниците претпоставуваат дека слични барање се произведува и во деловите на сеќавањето кои чуваат мемории за „шаблоните“ на надворешниот свет. Па така, кога човек ќе види стол, тој го препознава по условниот модел зачуван во неговото сеќавање.

    Состојбата спротивна на дежаву се нарекува „жамеву“ (никогаш видено), и при неа човекот губи ориентација во просторот и не ги препознава вообичаената ситуација и познатите луѓе. Како и дежавуто, така и оваа појава има краткотраен карактер и подеднакво е распространета, иако луѓето поретко и’ обраќаат внимание. Изучувањето на дежавуто и жамевуто ќе овозможат решавање на една од главните загатки на човечкиот ум - способноста свесно да се разликуваат реалноста, сеќавањата, соништата и фантазијата.

    Очигледно постојат многу неоткриени детали за човекот и неговите можности кои треба да се откриваат.
     
    На Rock-a-Fella и unique123 им се допаѓа ова.
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Многу често ми се случува ова и чувството е многу чудно, дури и ме плаши. :^) Неможам да си објаснам зошто ми се случува.
     
  13. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    :o :o мене само што ми се случи баш сега О_О
    слушам его-на бијонсе, и ремиксот со кање вест, и работам, и некако како да сум го правела ова порано, а за прв пат ги слушам овие песни О_О ! :?: :?:
     
  14. bootie

    bootie Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    ДА ! Честопати ми се случува но знам дека не сум единствената. Кратко трае и додека трае истото знам кој што ке каже, што ќе се случи...
     
  15. Sunshine.love

    Sunshine.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Ми се има и мене случено многу пати. Но нешто што ми остана во сеќавање е еден сон. Кога станав се мислев дека го имам сонувано истиот сон и пред тоа. Ми се има случено и пред два дена, се враќам дома и го знаев секој мој нареден чекор што ќе го направев. Но траеше многу кратко. :)
     
  16. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Ми се случува ненормално често, дури некои и ме прашуваат како може толку често да ми се случува.. И јас самата си се чудам. Кога ќе ми се случи кажувам "Дежа ву", ама ретко ме сфаќаат. :lol:
     
  17. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617


    И мене многу често ми се случува Дежа ву. Ко ќе ми се случи само велам повторно или и јас дежа ву :D и се чудат.
     
  18. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ми се случува многупати,дури и знам како ќе е крајот на ситуацијата :) и многу чудно се осеќам.
    Како помала ми беше страв не знаев што е и зошто е тоа така,и кога прашував други не знаеа за што им зборувам :rofl:
     
  19. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Ми се случувало...како помала еднаш саат време седев и се мислев-кога ми се случи истото?---Мама после ми објасни за Дежа ву
     
  20. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    и мене ми се има случено неколку пати... и секогаш кога ќе ми се случи изговарам онака „Дежа ву“