1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чудно искуство што се повторува... Дежа ву?

Дискусија во 'Психологија' започната од Blackberry, 22 март 2010.

  1. la.parisienne

    la.parisienne Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    172

    И јас сум го прочитала ова некаде. ^

    Исто некаде читнав дека дежаву-ата биле закаснети слики. Односно, на пример гледаш како минува некоја кола и очите тоа го регистрираат, но додека дразбата стигне до мозокот и додека тој ја процесира во сето клопче од неврони минуваат две/три секунди и затоа веќе ни се чини како видено или доживеано.

    Кој знае дали ова објаснување е точно. :^)

    И мене пречесто ми се случуваат, и секогаш ме полазуваат. Чудна работа во секој случај, но пак е дел од мозокот, феномен -од кој нажалост само два проценти користиме, ако искористиме барем 2,2 % сигурна сум дека ќе го најдеме и причинетелот на дежаву-ата.
     
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    До некаде се ок, ама некои ситоации од посериозен карактер кога ќе ми се стори дека веќе сум ги видела, си викам што не ми текнело порано...и мака ми е некои 5 мин,али животот не ќе е живот во неговата вистинска иронична смисла ако постојано не не’ изненадува
     
  3. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Многу често ми се случува :sweat:

    Го гледам истото место,истите луѓе во истата ситуација,дури знам што следно ќе се случи во моментот.
    Понекогаш многу се плашам,воопшто не ми е пријатно :sweat:
     
  4. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Никогаш не ми се случило, а баш би сакала. Откако ги прочитав вашите коментари уште повеќе сум љубопитна што се чувствува во тој момент :?: Најверојатно не би сакала да ми се случува постојано, ама ете еднаш колку да видам како изгледа би било добредојдено :)
     
  5. babylove123

    babylove123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    55
    Мене често ми се случува и побарав на интернет. Теории за тоа биле :
    -Меморија од некој сон кој случајно се поклопува со случката.
    -Сме биле во слична ситуација некогаш па затоа ни изгледа веќе видено.
    -Можеби ти се има случено во претходниот живот. :^)
    -Видовитост

    :)
     
  6. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    Мене ми се случи денес и не ми е 1 пат, се случува иако многу ми е чудно како е можно тоа
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Дежа ву или веќе видено .... мозокот работи на фрекфенции и кога доаѓа до судирање на мозочните бранови со некоја др личност т.е имате исти фрекфенции се случува дежа ву нема зожто да се вознемируваш може секомѕ да му се случи. Се чувствуваш како да си била таму и да си го видела тоа не се сеќирај :) :) и мене ми се има случено
     
  8. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Порано, мене ова ми се случуваше многу често....2-3 пати дневно, и тоа секој ден...секогаш беше исто-ќе препознаев одредена ситуација, личност или предмет и знаев што ќе се случи после тоа.Ми беше малку непријатно, зашто во тие моменти се исклучував и ја гледав само дежа ву сликата...Тоа траеше многу кратко-5 секунди и толку.Сега веќе не ми се случуваат такви работи толку често...И сеуште не знам зошто ми се случуваат :^)
     
  9. Eileen

    Eileen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    И мене ми дешава нонстоп знам што ќе се деси и кој што ке каже неверојатно но вистинито...а и еве еден линк за 10 чудни феномени на човечкиот ум http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=15 овде има 10 слични појави како дежа ву и повекето од нив ми се имат десено
     
  10. Mashnichka

    Mashnichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    26
    не сум размислувала на оваа тема иако ми се има случено "дежа ву" да го наречам а од една страна верувам во вакви работи зошто и да не,да не постоело нешто немаше ни сега да знаеме и да се двоумиме затоа морало нешто да постои "натприродно" па да ги натерало луѓето вака да размислуваат :D
     
  11. EleonoraGomez

    EleonoraGomez Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    3
    Ретко,ама и мене ми се случувало :)
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Да, и мене ми се случува. Едноставно тоа сум го видела некогаш, не знам кога, не знам каде, ама знам дека сум во иста ситуација по втор пат... Порано, кога бев помала, мислев дека тоа е некое пророштво :D , ама подоцна сфатив дека тоа е психолошка состојба и дека се вика дежа ву...
     
  13. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Ми се случило неколку пати онака истите луѓе, иста ситуација ист разговор и баш си викам ова од негде су го видела :D
    И многу сакам да знам зашто се случува дежа-ву, некои викаат демек тоа се соновите што не ги памтиме, некои сум слишнала викаат тоа што ти се случило во предходниот живот ама таа теорија не ми е прифатлива, како може ја во предходниот живот ( ако воопшто постои) не сум била со истите луѓе :^)
     
  14. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Дежа ву е нормална појава. Ми се има случено и мене и тоа не само еднаш. Речиси сите луѓе барем еднаш во животот ја имаат искусено оваа појава. Дежа ву главно се случува во околината во која поминуваме многу време на пример училиште, работа или дом.
     
  15. pupe

    pupe Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Секој сака да знае зошто ни се случува дежа-ву. Имам размислувано могу на оваа тема и според некој а моја филозофија е дека ние додека сме во утробата на мајката го гледаме нашиот живот па затоа некои ''сцени'' ни се познати.
     
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    А се рачуна ли дежа ву

    кога ке сонуваш некоја случка

    и после месец дена све исто до детаљи ја доживуваш повторно ?
     
  17. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Да ми се има случувано многу пати...еднаш дури им реков застанете и им раскажав на другаркиве дека знам што ќе ме прашаат и што сакаат да знаат и тие ми се чудеа хахаха не знам но од поодамна ми се нема случено дежа ву...
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Ја мисла дека не.
    Дежа вуто трае само неколку секунди во будна состојба во одредена ситуација не ве сфаќам ко ќе викате знам што ќе се случи понатака, јас не знам, туку тоа е момент кој ми се чини претходно сум го доживеала или сум го видела и ептен ми е ист како вчера да било, ама никако не можам да се сетам и баш е чудно чувството во тие 3-5 секунди, а тоа со сонот не ќе да е дежа ву, тоа е некоја случајност :wasntme: .
    Јипман ако имаш доживеано дежа ву ти би требало да ја знаеш разликата помеѓу него и претворањето на сонот во јаве .
    Ух колку сакам еден таков убав сон да ми се исполни.
     
  19. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Мене ова ми се случуваше многу често кога бев мала така ќе се најдев во некоја ситуација и во моментот како некој флеш да ми поминуваше низ главата како веќе да сум била на истото место па се ми изгледаше страшно познато, а откако пораснав многу ретко ми се случува. Сега мислам дека не е ништо посебно, производ на психата, само ни се чини се познато а всушност не ни е, инаку друго логично објаснување нема ,а немојте да ми се смеете сега ама порано, во основно си мислев можеби времето се вратило поназад, па истите работи ги доживуваме повторно и затоа ни изгледаат познати :lol: сепак тешко за верување (може многу дека гледав Волшебнички па ми работеше фантазијата)
     
  20. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Читав мозокот ни бил поделен на две половини размислуваат исто но од замор некогаш едната касни и ни доаѓа како кога некој ни вика Здраво ... и прво ти стига информацијата па ти достигнува уште еднаш и од првиот пат што ја слуишна сеа како од сеќавање да ти е :)

    Ми се има случено неколку пати и закон е :D Дури некогаш како од пред 5 6 годин и да ми е .... :rofl: и онака правиш фаца :^) :geek: знам што ќе кажеш ла ла ла ла ла ! :rofl:
    Дежа ву или шо и да е ..... :rock: