Мене ми се јавува,барем еднаш месечно, и сегогаш се трудам максимално да се сетам на што ме потсеќа. Некогаш успевам но многу ретко,тоа е најчесто кога една со друга ситуација ми наликувале. А ете вчера едно 10мин. наввистина имав чувство дека веќе ми се имаа случено,незнам немам зборови да опишам
во месецот ако не повеке едно 3 4 пати ми се случува..и си велам..од кај ја знам жената зависи во каква ситуација сум
Често ми се случува и најчесто во некои необични ситуации. Си викам па да, ова веќе го имам доживеано, знам што ќе се случи хахаха Неретко знам и да застанам и да се замислам ког ми се дешава ова хахаха
Да да ми се има случено....и баш чудно чуство како веќе ситуацијата да ми се имала случено често пати се случува
Моите Дежа ву ситуации секогаш се предвесници на лоши работи за жал, сум забележала дека кога ќе ми се случи веднаш потоа како "да се присетувам" што понатаму се случувало после таа "веќе видена" ситуација иако не конкретно но како да знам дека на крај се случило нешто што не е добро И на крај за жал испаѓа така. Конкретно пред неколку дена ми се случи дежа ву и како да ми помина низ глава дека во тоа дека по таа ситуација сум добила лоши резултати од една работа...за жал по некој час стана стварност! Мразам дежа ву!
Мене ми се има и случено една работа 3 пати да ми се повтори Инаку порано ми се случуваше почесто , сега не толку
последниот пат кога ми се случи беше пред 1ипол година..бев на свадба..и се запознав со 2 девојки и имаа сестра мала..еднава од девојкиве се викаше сара..и ја викнаа малата сеста и и рекоа сара ? и ја се збунив..многу ми дојде позната ситуацијата..како претходно да ми се случило истото.
Многу пати, сигурно на ден по 1... ии мислам дека се е до психата која што си ја ''моткаме'' низ глава..!
Многу пати ми се случувало тоа. Понекогаш си мислам и се смеам за своето мислење, мислејќи: Абе да не сум јас живеала пред 100, 200, 300 ...итн. години? Многу ми чудно изгледа во тој момент! А кога ке почуствувам како да сум го работела тоа или дежа ву извикувам „Аиииииииии стој не мрдај“ и се смејам ... пухх и јас незнам што е тоа!
И мене ми се случува тоа. Во последно време многу често ми се случува. Некогаш дури и неколку пати во денот
Tипчево доста добро има објаснето, изгледајте го и ќе ви се разјаснат некои прашања, башка има клипчиња на многу интересни теми http://www.youtube.com/watch?v=CSf8i8bHIns
Ха, денеска ми се случи тоа значи дека почнува да ми станува животов истолик (обожавам да измислувам зборови) и да ми се повторуваат исти ситуации или станувам видовита. Којзнае
многу често ми се случува и одлучив еден ден да истражувам малку околу појавава и сватив дека тоа е само едно кратко "исклучување" на мозокот и покасно испраќање на сликата што сме ја виделе :geek: