Кога бев помала не знаев како да опишам кога ќе ми се случеше дежа-ву.Сега поретко ми се случува,речиси воопшто. Ама интересно е во секој случај.Некои 2-3 секунди си убеден дека сцената си ја доживеал и видел претходно.Ама после го снемува чувството и кога ќе се сетиш,не ти изгледа познато ама во тој момент ти изгледало.
Ми се има случено. И секогаш си го претставувам како нешто што сум го сонувала и сега во реалноста ми се повторува.
Ми се случува скоро секој ден, едноставно се чувствувам како да сум го сонувала тој момент или како да сум го замислила. МНОГУ ЧУДНО
многу често го имам чувството дека веќе сум преживеала некој одреден момент, па макар и некој банален..понекогаш мислам дека на тој начин имаме шанса да го смениме направеното, е сега дали на подобро или на полошо зависи од нас, или можеби повторно ќе ја направиме минатата реакција. кој да знае што навистина се случува, стварно е fucked up ама секако постојат милион претпоставки на оваа интересна тема.
Често ми се случува ова. Порано кога и да ми се случеше, почнуваше да ми се врти, некако неверојатно ми изгледаше, си мислев да не сум некоја гледалица . После со тек на време научив дека ова е нормална работа, па добро сеа баш нормална не, ама дека им се случува и на милиони други луѓе, не само на мене. Интересно ми е додека трае, тие 3,4 секудни. Сепак не е некое најобично искуство. Го гледаш дејството од исто место, истите луѓе се, иста тема на разговор, исти зборови, знаеш кој што ке каже...Во секој случај многу интересна тема и мистериозна.
Мене ми имаат кажано дека коа ќе се родиш, и цел филм од животот ти се премотува во главата и некој делови ги запамтуваш, и ете кога ќе дојде денот ти текнуваат. Често ми се случува и мене дежа-ву
Често ми се случува тоа чудно искуство наречено дежа-ву. Како мала се чудев зошто тоа ми се случува, али сега како дел од секојдневие ми е
Баш денес го имав ова дежа-ву, седев со сетра ми, она сечеше некој сликички од "другарче" Точно знаев на која страна ќе сврти, која сликичка ќе ја сече, што ќе ми каже ... Интересно искуство во секој случај
Ми се случува најмалку три пати месечно. Најинтересно ми беше кога разговаравме со друштвото, и знаев точно збор до збор што ќе кажат. Ова ми се има случено и зза разговор на чат на Фејсбук. Интересно, многу ми е интересно кога ке ми се случи дежа ву.
http://www.youtube.com/watch?v=zr_c5rqvSg4&ob=av3e Ми се има случувано, знам првиот пат кога ми се случи почнав да им кажувам на моите родители: "Ова што го кажа сега мамо, како да го сонував, да истотво, како што ми кажа се" . Ама веќе некое време ми е јасно дека се има случено на многу луѓе и не сум единствена. Интересно искуство... И секогаш кога имам дежа ву, си повторувам гласно и дури некои блиски ми се чудат што е тоа, и додека да им објаснам сигурно поминува повеќе од 30 минути.
Уфф и мене многу често ми се случува,како мала мослев дека е некој сон што сум го сонувала,па се остварил, а по некое време сватив дека е дежа ву,ќе ми каже некој нешто,ќе направи и одма знам дека сум го доживеала тоа и во секој случај интересно чувство.
Многу често ми се случува од мала. А понекогаш се случува да сонувам нешто и тоа се случува и тоа исто како во сонот...скроз исто... Научив да го игнорирам тоа, иако некогаш ми е стварно чудно...
Мене некои слики, ситуации, тотално ми се познати некогаш, и си викам дежа-ву. Едноставно, не знам како да го објаснам тоа, али знам дека сум ги видела порано. Може си ги сонувам ...
Дежа ву? Секако дека ми се има случено траело неколку секунди за некоја ситуација или објект,сум имала чуство дека се наоѓам во позната ситуација
Хаха во последно време имам се почесто незнам зашто во една недела може повеке од 5 пати Ииии.. почнав веке да се навикнувам. Порано кога ке ми се случеше подзастанував зошто ми стануваше чудно, али веке не, само ке си речам еј дежа-ву и ке продолжам