Првпат го гледам овој производ. Може ли декларација да ми сликнеш? Навистина ме интересира. Благодарам.
Јас го купив истиот со регенератор заедно, имам сува коса, имаат преубав мирис но мене не ми одговараат ми ја прават косата многу груба и имам перут. За сува коса убедливо најдобар е Dove Oil Care, нова линија имаат и спреј, преубаво мириса и косата е мека.
Девојки дали некоја од вас ги има користено шампоните на Логона дали сте задоволни и дали знаете дали кај нас ги има шампоните на Керастисе ?
Ако сеуште ја имаш опаковката сликни ми ја декларацијата или ако не те мрзи препиши ја за да видам за што станува зор плис плис плис
Не, мене не ми ја мрси туку и еден ден плус ми стои чиста во споредба со друг шампон. Јас ја мијам 2-3 пати неделно.
Соодветен шампон сеуште не сум нашла, поради проблеми со скалпот и чудна структура на влакно, ама затоа за регенератор го имам прогласено овој за најсветото нешто што го имам ставено на косава:
Во Дм мислам дека е околу 260. Не сум сигурна дека пред 3 месеца земав последно, не гледам на цена, а секогаш купувам уште по нешто кога ќе влезам во дм.
Девојки препорачајте ми некој добар шампон или регенератор со мирис на кокос ванила така нешто ама да не се губи одма туку да трае неколку дена
@Kitty23, Колекцијата на Балеа е наменета за сува и оштетена коса, додека таа на Авон е за зимска нега на косата. Со косос ми текнува единствено на маската на Генера ама некако баш и не се осеќа кокосот.
А што ти како демек ја миеш косата секој ден??? Како може да сме одвратни ние што не ни се мрсат косите и ја миеме косата на 3-4 дена не ми е јасно??????
Препорачајте ми шампон за мрсна коса. Се имам пробано и џабе. Денес ја мијам, до вечер почнува да се мрси.