Мене престана да ми се мрси толку кога почнав да ја мијам со шампони без сулфати (со Алверде поточно). Што почесто ја миеш косата, повеќе се мрси. Самото влакно и скалпот е на некој начин заштитено со масна обвивка, и ако премногу се мие, се отстранува таа заштитна обвивка и скалпот уште повеќе лачи маст за да надокнади. И ладното време и нечистиот воздух додатно ја валкаат косата. Треба да се издржи некој период дури се навикне косата да не се масти толку, можеш за тоа време да ја носиш во репче. Јас порано ја миев косата секој втор ден. Сега ја мијам еднаш, најмногу двапати неделно.
Јас имам пробано ми се чини се, како што се имам раздадено пари за шампони последниве две години, три точаци ќе си купев Не ми е толку мака што ми се мрси косата, колку што ми се иритира кожата. И на лекар бев и пак ништо. Така да, ако имал некој проблем како мене и нашол решение, плис хелп пред да ја избричам главата
@kravce, веројатно имаме сличен тересене скалп. Во зависност од шампонот, може не само премногу да ми се мрси косата, туку и да ми паѓа, да ми мириса лошо, да ми се појавуваат осипи и красти . Исто како и ти, ги имам пробано веројано сите шампони што ги има во Мк, со исклучок на Виши и компанија- како што мијам коса на два, три дена едноставно немам пари неколку пати месечно да прекупувам шампон кој чини над 1200 ден. Од сите користени, досега како најдобар ми се има покажано овој, Pantene Perfect Hydration. Прв пат после доооолго време чешањето го снема! Исто така, и косата не ми се мрси како порано, сега ако сакам би можела и на недела да ја мијам. Се надевам дека и тебе ќе ти се погоди едит Исто добри се и на Авон шампоните, особено оној што е со манго и ѓумбир.
Бебешки, благи шампони како За осетлив скалп, само тие ми помагаат. Е сега косата се мрси на 2 дена. Ама, нема друго чаре.
@jok Од бебешките ми беше уште полошо :/ одбирав баш за сензитивна кожа, благи, па читај состојки ко животот да ми зависи од нив ако сте виделе некој како ги чита сите шампони во маркет најверојатно сум била јас душа ме боли за парите кога ништо не ми помогна @Nausicaa Фала ти, ќе го пробам, се надевам ќе има ефект и кај мене Зимно време и со воздухов ми се чини само ми се лепи ѓубре во коса
Види по аптекиве Зегин , Еурофарм и Виола , производи на Др Хаушка има овде само дали го има шампонов незнам
Дечки шампон некој за волумен? Ги користам новите на Dove, сите три вида ги пробав но мн ми ја сплескуваат косата.
Цел живот го имам истиот проблем и спас најдов само во овие два шампони... милион пати имам пробано со бебешки шампон, шампони на природна база, без сулфати......џабе, дури ми ја влошуваа сосројбата. Ти ги препорачувам овие два: Подеднакво се добри, кој и да го одбереш нема да згрешиш
Фала, ќе побарам. Прочитав во интервју на Моника Белучи дека го користи овој шампон па мислам вреди да се проба.
Кога последен пат бев во ДМ видов дека имаат донесено нова линија на препарати за коса, Insight (а можеби и јас претходно ги немав приметено, не знам), па ме интересира дали некој имал искуство досега со било кој препарат? На секое средство пишува дека има природно потекло and stuff, а и гледам дека е на намаление овие 2 недели, чини 215 денари. (Dove conditioner, I'm not cheating on you)
Ја суши косата на врвовите или нежен е? Секако ќе користам маска, но некои шампони ми се ептен хардкор и ниту маска, ниту масло не ми помага. Ми се презасити скалпот од Нивеа Дајмонд Глос, па моментално сум на Палмолив против првут. Фин е, но баш ме интересира дали ќе го најдам овој Тео и како ќе ми се покаже. Обично имам проблем со шампоните, па најчесто ако ми одговара на скалпот, ми ги суши врвовите и обратно.
@Mishela Иксрено ги суши врвовите, не е баш нежен ама мене ми одговара на скалпот затоа што сите други многу ми ја мрсат косата. Со овај ми издржува до 2 -3 дена без да ја измијам и ми дава одличен волумен на косата а со другите шампони ми е како сплескана и безживотна косата. Мене пак побитно ми е на скалпот да ми одговара затоа што секако ја горам косата со фарби па ништо не ми помага за врвовите. Инаку го има во сите подобро снабдени маркети во Веро, Тинекс сигурно го има. Има и друг можеби е тој подобар го немам пробано, ако го има некоја користено нека пише .
Овој вториов нема да ми одговара, никогаш не ми одговараат вакви 2 во 1 шампони. Ќе го пробам зелениот, сакам малку да паузирам од Нивеа, плус коприва и маслинка ми е баш привлечна комбинација. Tи благодарам многу, @crazylady. Не знам дали си го пробала шампонот со 7 билки La Ligne, од КАМ. Не е воопшто скап, дури и да не ти се погоди вреди да се проба. Косата ми издржуваше 3 дена свежа. Сега зимно време и онака ја мијам почесто. Ми станува сплескана од капите, а и не можам да си легнам на чиста перница ако косата ми е умирисана на чад и нечистотија од надвор. П.С. И овој Palmolive плавиот, против првут ми се покажал добар кога сум во период на нормализирање на мастењето.
Го пробала некоја новиот шампон на Балеа со чиа семе? https://m.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/ubavina/negakose/568550/nega_kose_i.html
Дали ги имате користено шампоните на Афродита? Се мислам дали да го купам овој од коприва и пантенол или овој со арган. Ве молам кажете ми искуство како сте задоволни од нив.
Јас ги имам користено , тој со коприва го потрошив мислам дека од него многу ми порасна косата, а овој со арган го немам пробано. Кој има масна коса мора да ги проба шампониве. Сега тој со лук го користам и е ок
Предобар.Ја препороди мојата шатирана коса со суви врвови а мрсен скалп. Цена 250 денари во Зегин аптеките