@Babyby ако сакаш да купиш некој шампон од Афродита , мене многу ми се допаѓаше тој со коприва (иако негативноста му беше што многу ја плетка косата) ама ако имаш масна коса ќе бидеш многу задоволна. Тој со лук го имам пробано за разлика од првиов не ја плетка косата , не ми ја ни мрси , но почна многу првут да ми се појавува и сега веќе не го користам.
Здраво девојки би сакала да ми препорачате добар шампон што не создава првут до сега користев хедер шолдерс али веке некое време мн првут ми содава и грутки.Имам сува густа виткана коса. Фала
Драга многупати имам напоменато, ама еве и сега ќе кажам Aqcua- SLES- Betaine- Sodium Chloride = добро избалансирана формула Aqcua- SLES- Sodium Chloride- Betaine = поагресивна формула Понатаму како конзерванси се присутни два кои се потенцијално акергени (не мора да значи, ама кај некого може да реагира) а тоа се methylisothiazolinone и methylchloroisothiazolinone кои се неутрализираат во прирсутво на магнезиум во формулата, а овде го нема. Шампонов според мене е малку поагресивен доколку имаш чувствително теме. Јас лично бирам секогаш формули каде солта доаѓа по бетаинот. Поздрав.
Јас пред 2 недели го купив само шампонот од дм, го немам користено многуу али можам да кажам дека уште на првото користење почувствував дека косатаа ми е чиста,мека незнам како да опишам стварно хаха затоа што со некои шампони и после миење на косата имам чувство дека уште е мрсна и ми се допаѓа тоа што многу брзо, одма се пени а потребна е многу мала количина мислам дека вредии да се проба али сепак да помине некое време од користење ке пишамм пакк мислење ,сепак сега за сега е супер
од оваа колекција го користам регенераторот, 3 пат го купувам и сумм презадоволна однос квалитет и цена е супер,косата после него ми е како свила и лесна за расчешлување а мојата коса е многу оштетена од секојдневно пеглање и фарбање
Ве молам предлог за регенератор за шатирана, сува и оштетена коса која тешко се расчешлува (само да не e Gliss, Avon или Oriflame)
@Biodevojka може ли да ми кажеш како ти се чини оваа формула.Инаку ова е шампон но пишува 2 во 1 и регенератор и шампон.Без парабени демек за сува и оштетена коса
Девојки наместо регенератор би ви предлижила една маска за многу оштетена и сува коса која ја прави мека во 2 секунди. Ако ја држиш 2 мин. е како регенератор, а околу 7 е маска. Станува збор за Гленова која кошта само 99 мкд за 500 мл. Не е органска, ама има навистина добра декларација, а ефектот е фантастичен. Пробајте!!! Еве ви слика Драга формулата не е агресивна, и ај ќе му прогледам низ прсти на кондиционаторот поликватерниум 7 (кој за среќа не е силикон) и на тетрасодиум едта, ама на БХТ и на кокамид МЕА не можам најискрено. Освен тоа и ПЕГ не ми се по кајф баш. Можеш многу многу подобар шампон да најдеш. Поздрав.
Имам густа и здрава коса само што често се мрси па ја мијам на 2 дена.Ми треба некој шампон што ја омекнува косата,дава сјај и за мрсна коса да е. Може предлог?
Здраво драга јас ја земав во Веро супермаркетот (Веро-Џамбо). Ја има во три варијанти, ама оваа со кокос е најдобра според декларација и верувај ми инстантно омекнува. Цената беше некаде околу 99 мкд, не ми текнува точно оти пред нова година ја земав. Поздрав.
Во Веро Џамбо не ја најде??? Да не се продала, ќе проверам па ќе ти кажам. Ако во меѓувреме ја најдам на некое друго место ќе ти кажам. Поздрав.