Osven sto ubavo mirisa kakov efekt dava na kosata? Mojata e suva i ne mi se mrsi, pisuva deka e za suva kosa..
Девојки, никој не ми одговори па ќе замолам повторно за предлог за шампон/регнератор за сува коса што не се расчешлува? Веќе купив 3-4 производи што не се покажаа како ефикасни. па да не фрлам уште пари за џабе.
Не знам дали ги имаш користено овие на Авон. Јас моментално ги користам и многу убаво се чешла косата. А може да го пробаш и спрејчето на Глис што ти го предложила Ели.
@honesty еве го спрејчето погоре го постирав па го избришав ко те препрочитав се збунив мислев бараш нешто како сув шампон Јас редовно го користам, ако не се прснам нема шанси чешел да продре кај мене
За сува коса, во главно проблем со разчешлувањето надобар избор ти е БиФаза. Ја зајакнува косата, и дава сјај + ја прави глатка за разчешлување. Мене кога ќе ја измијам ми е многу сува, но со аплицирање на БиФаза додека сеуште е мокра (само малку подзасушена), се подобри самото влакно + многу полесно разчешлува. Под некој период активно користејќи БиФаза, сфатив дека заради проблемот со разчешлување, порано постојано ми се кинеше косата. Сум користела БиФаза од Kyana и Seri. И двата ми се солидни.
Здраво @Biodevojka . Дали ќе може да ми одговориш нешто ако знаеш? Имам проблем со скалпот на главата, изгледа иритиран ми е од користење на агресивни шампони ( користам на Dove и Elseve па не знам дали се рачунаат како такви) и после секое миење добивам непријатен мирис во тој дел , а веќе на вториот ден толку лошо мириса што се чини како да не сум ја миела косата со денови... Пробав со користење на детски шампони и проблемов го немам со нив , ама затоа па косата како тесто ми ја прават , не ми е така убава, мека и сјајна како со овие погоре што ги наведов.:/ Дали ќе може да ми препорачаш нешто што да ставам за да се смири малку тој дел? И плус шампон некој?
Здраво драга, избегнувај силикони. Понекогаш може да дадат и вакво дејство. Ако ти одговараат детски шампони ви тој случај пред шампонот нанеси регенератор обилно на косата и расчешлај ја, па потоа измиј ја со шампон. Ова е реверсе хаир миење. Јас многу често правам вака, еднаш ја мијам на овој начин еднаш со балзам и шеќер. Ако сакаш пробај некој од шампоните на алверде на пример оној супер сенситив или оној со авокадо. Имај трпение најнапред треба да ја прочистиш косата од силикони па после да видиш резултати. Поздрав.
So godini barav idealen sampon i maska i gi najdov...Gi koristam veke sest meseci i sum prezadovolna...Kosata mi e sjajna, ne mi paga, nemam prvut i prekrasno mirisa...Site linii na Diplona se super ama bi go izdvoila ovoj...Nema podobro .
Ако некој некаде ја види ЦЕЛА линија, нека каже. Барав во Жито и Веро, но некое време само шампонот го имаат. Пробав на Сајос салонплекс, за мене бар - ужас. Денес ги купив новиве на Нивеа, па ќе видиме што ќе биде.
Јас како поборник за природното, може да ти препорачам неколку средства за расчешлување на косата. 1. Крем за коса без исплакнување на Балеа со манго и кокос немаш појма колку добро расчешлува и омекнува. Се користи на измиена коса (сеуште малку влажна) и потоа се суши. Фантастичен е. Мислем дека сега е во портокалова опаковка, ама пак пишува исто како овој. 2. Путер за коса на Алверде Одличен како маска пред миење, или како путер многу малку на косата (на врвовите и по должината) на благо навлажнета коса. 3. Маска на Гленова Значи оваа маска инстантно во секунда ја омекнува косата. Ја има во Веро Џамбо, баш пред некој ден ја видов. Не е оваа со кокос, останата е со бадемово масло, ама ефектот според декларацијата би требало да е ист. Пробај ја, цената е смешна 99 мкд за 500 гр. производ. Толку од мене. Поздрав
@Biodevojka можеш ли да ми препорачаш некој навистина благ шампон за секојдневно миење на косата, кој воедно ќе биде и хранлив и ќе ми ја штити косата од сонцето и солта. Знам, премногу барања хахах но на одмор ја мијам косата секој ден, па барам некој нежен шампон. Доколку знаеш, може и да ми кажеш некое масло, спреј или регенератор за нега на косата во летниот период. Путерот од Алверде веќе го имам Цената не е важна. Ти благодарам многу
здраво девојки јас да ве прашам дали има некој шампон или штп и да е(маска,регенератор масло) за мојава коса да не речам грива ама ќе речам зошто баш е грива. значи мене косата природно ниту ми е виткана а ниту пак права едноставно брановидно бушава. мнооогу ретко ја пеглам дури не ја ни сушам со фен. одма по миењето кога ја оставам да ми се исуши сама нели и ми се разлетува ми се прави буф.а немам густа коса напротив дури ретка ми е и рамно кога ке ја шишам врвовите ми се ретчат како опашки да сум правела. да не ја должам многу темава. значи има ли нешто што можам да нанесувам за да ми биде права косата или како да речам "тешка" за ми паѓа надоле а не да ми биде како грива збувната. епа фала ви на времето што го одвоивте за да прочитате и на одговорите секако. поздравчиња и редовно ве читам да знаете супер ми сте
Многу сум задоволна од шампонов. Прв пат го користам (го добив на поклон). Убаво ми ја мие косата. Лесно се расчешлува. Помалку првут имам. Најдобар од сите шампони што сум ги пробала.