Здраво дечки!!!Јас сум нова на форумов.Дали може да ми препорачате некој добар шампон против мрсна коса.Косата ја мијам 3 пати неделно и повторно ми е мрсна.Може совет??? Благодарам однапред.
Здраво,јас го имам истиот проблем со косава,какви не шампони сум пробала и пак истото.Последно го земав Гламур од алое вера и косава ми издржува повеќе.Види пробај го.
Zdravo devojki sakam da prasham dali shamponot head and shoulders ja pravi kosata da bide tvrda? Ajde ako nekoj go koristi neka mi kazhe..pozz imajte ubav den
Не ја прави тврда. Мене лично не ми одговара поради тоа што скалпот ми е многу осетлив и веднаш ми прави првут.
Да се пожалам од овој шампон на Corine di farme го земав на некоја си промоција од Зегин.. Косата ми се масти во коренот додека на врвовите ми е сува. За миење добра пена прави и ја чисти темелно мрснотијата но ужасно лошо мириса. Заприметив дека веќе вториот ден косата ми мирисаше ужасно лошо, како на трева, влажна земја,труло.. Грозна ми е дури и помислата. Досега сум немала таков проблем ама еве веќе месец откако го сменив со овошниот на Гарниер Фруктис понекогаш трипам дека сеуште му ја осеќам миризбата во косата.. Мислам дека не постои шампон што не сум го пробала бидејќи никако не можам да го пронајдам идеалниот ама овој е нешто најлошо што сум го имала досега.
Девојки дали некоја знае каде можи да се најди шампонов на лореал професионал значи преубав е косата е пресјајна мека ко од салон излезена ми го донесоа од грција овде сум видела в тинекс и парфимерии две три не сум го нашла ..
Јас доаѓам за да го пофалам шампонот на Алверде со био-ехинацеа и био-јојоба, наменет за осетлив скалп. Имам проблем со себореја, а неодамна и со атопичен дерматит во пределот кај косата и челото, па морав целосно да се да сменам препаратива за коса и делумно за лице. Немав убаво искуство претходно со шампоните на Алверде (користев еден со маслинка мислам, ама тотално не беше за мојот тип на коса), овој ми го препорача девојката кај која се шишам и со оглед на досегашното искуство, ептен некако со резерва го купив овој пред околу месец дена можеби. Презадоволна сум! Првите неколку миења ми беа не баш пријатни заради медицинскиот мирис (признавам дека сакам „нашминкани“ мириси : )))) ), меѓутоа можам да кажам дека не го чувствувам мирисот во косата по миењето, а дејството е очигледно. Скалпот ми е во ред, немам првут и дерматитот е под контрола, иритациите не ми се повторија. Косата ми е чиста со само едно шампонирање, се гледа дека е доста концентриран, меѓутоа многу е нежен и не ми ја разлетува косата. Секако не се осмелувам да експериментирам и да останам само на шампон - го користам путерот за коса со авокадо исто од Алверде, затоа што имам тенка, но густа и разлетана коса, а и врвови склони кон често пукање, па морам да внимавам на овие неколку работи. Сепак, шампонот многу ме изненади. Го користам активно цел месец и штом не се појави првутот и досадните лишаи - има надеж.
@Mishela сега прочитав го имаш регенераторот на алверде од кајсија и лимон, мене во главно сјај ми треба и хидратација, а колку што знам тој е за сјај помага ли?
Па ми се допаѓа како ги одржува врвовите, не чкрипат на допир и косата не е тешка кај врвовите, нема такво чувство на залепеност по првиот ден од миењето. Во ред се, не пукаат иако се немам шишано повеќе од месец дена можеби, а тоа за мене е многу. Ама па и не памтам кога последен пат сум ја испеглала или сум ја фенирала со фен, можеби и тоа има удел. Не приметувам нешто плус во врска со сјајот, најверојатно за полн ефект е добро да се земе и шампонот, но верувај косата изгледа здраво, лелеаво и сјајно и со овој шампон кој го користам. Ама мирисот на колекцијата со лимон и кајсија не се споредува сепак, мислам дека ми е најомилен од сите продукти на Алверде.
Фала ти многу, јас го имам шампонот и солиден е, но немам некој проблем со шампони скоро сите ми се исти, да го дотрошам сегашниот па ќе го купам и овој регенаратор поздрав
Дали некој може да ми предложи некој шампон или регенератор, имам сува коса (исушена од фарбање) која се кине на врвовите, иако не ми е тенка. Ги имам користено стандардните шампони за фарбана коса на Лореал, Глис и Шаума, ама не сум нешто презадоволна.
Види по фризерските салони, во Дарон можно е да го има. Јас од таму земав исто на лореал против опаѓање.
Зошто никаде неможам да го најдам во продажба шампонот на Гарние со нежна глина и лимон? Порано го имаше во ДМ маркетите, сега никаде неможам да го најдам.
Ве молАм за совет и предлог Имам тенко влакно , многу осетлив скалп , почесто ми пАгА.... Некој шампон зА мојава проблематична косА? H&S , glamur, afrodita, herba ,wash&Go , и Alverde od DM , не ми одговАраат..