Мислам дека го повлекоа. Не сум сигурна ама кратко откако престанаа да го носат во маркетот од кој пазарев тогаш, стигнаа нови колелции на Гарние. Многу добар шампон беше, го користев и јас. Погледни го оној Елсев од Лореал со 4 вида глина. Не е како Гарние ама многу убава ми ја правеше косата.
gi najdov ovde http://mymakeupbagm.blogspot.mk/ edniot gledam e za mrsna kosa bas kako za menezatoa prasuvam za iskustva
Дефинитивно би го препорачала Gliss шампонот. Јас го имам пробано белиот, црниот и виолетовиот и сите три се одлични. Во комбинација со спрејот Gliss, косата ми е многу мека, има убав природен сјај и прекрасно мирисаат. Ги користам веќе долго време, и за сега не размислувам да ги сменам.
Јас имам користено Пантен, Глис, Сајос и други слични и само ми паѓаше косата од нив. Сакам да ве прашам дали сте нарачувале од страната Мој фризер на фб прпдаваат прпфесионални шампони и маски за секов вид на коса и го има спрејот на Ревлон 10 во 1 дали го користел некој и какп е задоволен?
Го имам користено тој за оштетена коса заедно со регенераторот. Мене добар ми беше шампонот дури и да не ставев регенератор полесно ми се чешлаше косата дополнително мастење немав. Од регенераторот сум многу задоволна, густ и хранлив за косата плус 600мл за 200 денари е многу исплатливо.
Последниве 2 месеца , го користам шампонот на Lush - Jumping juniper , имам пишано за него во други теми , ми се допаѓа многу , мирисот на лаванда ми се допаѓа премногу , го имам веќе скоро 2 месеца а не е ни до половина , многу споро се троши. Тие што имаат масна коса го препорачувам да го пробаат. Сега чекам да ми стигне шампонот BIG , исто на Лаш , иако е скап решив да го земам бидејќи подобар шампон мислам дека немам користено. Освен тоа што косата ја прави бујна , сјајна , мирисот е прекрасен, секој ден го отворам тестерот и го мирисам Регенератор не ставам , чувствувам дека немам потреба , но можам ете наредно да пробам некој на Лаш
Да, "Lush" си е "Lush". Малку се солени за наш стандард, но искрено вредат. Јас го имам пробано тој розевиот како се викаше со масло од карамфилчиња е, и со стапчиња од цимет имаше на него. Вработената ми кажа дека имало за околу 80 миења, затоа толку долго траат.
Можат да се нарачаат онлајн преку нивниот сајт, мислам дека нарачките од 1000 ден (нагоре) се бесплатни, така некако беше, не сум нарачувала онлајн па провери ја информацијата дали е точна. Инаку имаат штанд во Сити Мол на приземје, таму можеш да ги најдеш.
Девојки што мислите за head and shoulders? го користам 2-3 години без да сменам (поради првутот). Некој ми велат дека бил штетен за косата. Страв ми е да сменам да не ми се појави пак првут. Некој совет....?