Не е штетен (но ако го тргнеме составот на страна, затоа што сепак не спаѓа во категорија органски шампони и содржи силикони, веројатно нафтени деривати и сл.), но мислам дека Head&Shoulders, Wash&Go и таквите слични шампони се преагресивни за скалпот ако се користат секојдневно. Доколку тебе ти одговара овој шампон, не гледам причина зошто не би продолжила да го користиш.
Како и секој од Лореал е предобар. За време на миење на косата, мека е и свиленкаста. Ептен мала количина треба за убава пена. Полесно ми се расчешлуваше после сушење. Меѓутоа мене по редовна употреба од месец дена почна да ми ја мрси косата.
Ги пробала некоја новите шампони од Балеа? Ми се допаѓа дизајнот, ми се допаѓа тоа што формулата е проѕирна - би требало да не ја прават косата тешка, фини се и мирисите. Уште да проанализираме состав (пишува дека се без силикони) и може ќе падне некое купување. Ако некоја ги пробала, нека пише коментар. Сакав да го пробам последниот, или плавиот затоа што обожавам мирис на кокос.
Јас овие ги најдов на страницата на ДМ и сум во план да ги пробам сите видови, но доколку некој веќе ги пробал нека пише искуство.
Ајде јас една фалба да удрам тука на 5-те билки Искрено,не очекував поволен исход , бидејќи имам лошо искуство со менување шампони,па можеби неколку години немам сменето. Повремено менував разни по мирис шампони на Афродита, но после долго користење се одлучив за овој со одличен состав, препорачан од Биодевојка. Шампонот ме бендиса многу. Косата ми ја остава мека, го нема она "крцкање" како во случај на шампони со јака измивачка моќ. Дури нема потреба да ставате регенератор, косата лесно се расчешлува и обликува. Сјај невиден дава и што е многу битно (барем за мене), не забележав промени во мрсењето. Косата продолжува да ми се мрси на 3-4 дена. Затоа и ќе продолжам да го користам и го препорачувам! Ааа да, и мириса преееекрасно
Јас сум со бланш, фарбана плава, и ве читам шампоните да не биле со силкиони. Зар има поголема штета од фарба и бланш? Зедов на Калос, среќа го потрошив,маската е ок, а и ќе ја користам долго, она од банана, Сакам шампонот да го сменам. Пантен за сува и фарбана ,добар е или на Лореал да земам? Пред миење ставам кокосово масло и е незаменливо со било која маска.
Девојки дајте ми некој предлог за шампон за мрсен корен а суви врвови без силикон по можност. многу ми се мрси косата, а доле ми се суви.
Целата линија е за таков тип на коса. Моментално го користам шампонот и по 3 дена косата не ми изгледа масно. Ептен сум задоволна. Мислам дека и Балеа има линија за мрсен корен и суви врвови, провери во ДМ и одлучи се кои производи се подобри за тебе. Едит: сум го имала регенераторот од Балеа, и да за таа намена е. Не го користам на секое миење (ме мрзи) но остава пријатен филинг на косата. Шампонот и регенератотот се на десна страна.
mislam deka samponov vo kafeava ambalaza e na popust vo dm go merkav da go kupam pa ako nekoj go koristel bi sakala da slusnam mislenje
јас ги зедов вторите, засега сум задоволна, со оглед на тоа што не сум го нашла идеалниот шампон и после толку време... Имам мрсна коса, со осетливо теме Ама ме премислува @Mishela за составот, ако може да ми пишеш зошто не ти се допаѓа
Мислам дека е околу 1000 денари ако не и повеќе, но не знам бидејќи не сум користела. На природна база е, еве ти нивна страна можеш да ги прашаш точно колку е: https://www.facebook.com/Dr.Hauschkamk/