Има PEG. Таман го исчистив влакното од силикони и останати глупости, не сакам пак да се навратам и да користам вакви шампони.
Многу позитивно изненадена од шампончево. Го користев тој за чувствителен скалп, ама содржи премногу глицерин и ми оставаше некое чудно чувство на косата после миење. Овој шампон е доста благ, мириса убаво и ја омекнува косата уште при миење. Мислам дека го имаат подобрено составот на шампониве на алверде откако се во ново пакување, многу поубаво ја негуваат косата.
Здраво.Јас го купува од кај мојата фризерка 250денари а имаше и поголемо пакување 500 денари.Мене не ми ја суши,а на друга коса незнам како ќе делува.Поздрав.
Дали некој ги има користено шампонот и маската од бел лук на Фармаси? За раст на коса и против опаѓање...ваши искуства?
Дали имаат исто дејство? Вториот го имам користено, добар ми беше но по одреден период првут ми направи па го сменав. Се мислам првиот да го пробам.
Единствени шампони од кои немам првут. Предходно ги менував често, ми беше важно да мирисаат убаво ама косата ми ја правеа катастрофа првут имав ужасно многу. Барем со шаума го немам тој проблем, мене лично ми одговара. Сега го имам портокаловиот, предходно го користев розевиот, црвениот и сите се добри нема утка.
ednas imav koristeno sampon od schauma za mrsna kosa i bese fantasticen ama ne se sejkavam tocno koj bese inaku ke go zemam pak. Vo momentov koristam kafen Q10 za tenka kosa i dobar e
Пробај на маскава од кавијар ја има по фризерските студија јас ја купив од Mona city fashion кај соборна. Девојки ја има ли некој користено колекцијата од Kaypro? Ги нарачав од Мој фризер страната на фб тие се дистрибутери на повеќе фризерски студиа. Се работи за итслијанска серија на препарати за нега на коса професионални. Мене ми ја препорачаа серијата со кератин за тенка и оштетена коса а вчера бев на фризер и фризерката ми ја препорача маската од кавијар од истата фирма за оштетена бојадисана и сува коса 350 ден ја земав па вечер ќе ги пробам па ќе ви кажам
Јас бев многу задоволна од шампонот али пред пола година почна косата да ми ја суши,да ми ја прави како неизмиена,првут нон стоп и грутки се разочарав и сменив шампон и косата еднавј ја вратив во форма.
Најдобар шампон косата ми ја спаси,ми ја направи најмека најсвилена и да не ставам маса после миење ми е исто како маска да сум ставала јас сум многу задоволна
Препорачајте ми балсам за коса со убава декларација. Се мислев дали да го купам овој од ДМ, мислам дека @Mishela го имаше користено. Гледам нема силикони.
Го немам користено за жал, балсами одамна исфрлив од употреба. Го користам путерот со авокадо од Алверде, можеби си ме помешала со некоја друга девојка.