И јас би сакала да прочитам искуства за регенераторот на Пантен (3 minute miracle со Селена Гомез новата реклама) бидејќи има во маркетите и маска од истата линија и ампули. Маската е поскапа, околу 400 денари а регенераторот и ампулите околу 200 и нешто секој. Е сега на рекламата го форсираат регенераторот ама што мислите што е подобро и дали стварно вреди тој регенератор или можеби маската е подобра? А шампон не видов од таа линија т.е. златен. И што е разликата од двата типа регенератори, тој со Аква нешто и овој Репеар енд протект?
Го користев шампонот на Lush за виткана коса со кокосово масло е.Дали имате користено ваков шампон?Забележав дека повеќе ми паѓа при миањето и за два дена косата ми има некој чуден непријатен мирис, а ја мијам секој трет ден.А инаку преубави ми ги прави локните и воопшто не ми ја разлетува косата.Препорачајте ми друг за виткана и дали некоја има користено на Lorven
Девојки, предложете ми добар шампон за волумен. Имено, имам тенко нежно влакно, не ми е ретка ниту густа косата. Имам користено на Глос, Сајос, Алверде, Орзен... Не сум задоволна од ниту еден од наведените. Ако има некоја како јас, би била благодарна на предлогот
Мислам дека некаде веќе го спомнав овој од Нивеа - Diamond Volume Care. Составот мислам дека не му е нај нај (ако бараш некој без штетни состојки), но од мојата коса правеше чуда. Јас имам тенко, но доста волуменозно влакно склоно кон електрицитет и косата обично ми изгледа како огромна грмушка кога користам шампони за волумен. Овој е исклучок, многу е нежен, не ми го иритираше скалпот, даваше нежен волумен и прекрасен сјај. Исто така многу лесно ја обликував косата додека го користев. Пробај го, речиси секогаш е на акција низ маркетите.
За сува и оштетена коса. Инаку стандард, цената на шампоните од Алверде се нешто околу 130-140 денари. На попуст секогаш се по 99 или 89 денари, за шишенце од 200мл.
Мајки ми го донесе, еве втор пат се мијам од него и засега сум задоволна. Од она што досега сум користела, овој ми е најдобар.
Многу е убав Јуле, не знам дали ти го предложив тогаш кога прашуваше за совет. Баш е за третирана коса. Мене ми одговара само во зима кога косата ми е посува, инаку малку ми е тежок кога температурите се повисоки и ми ја масти косата. Јас го користам путерот од истата линија, многу ми одговара. П.С. Моментално го имам шампонот на Алверде со алое вера и хибискус. Го начекав за 99 денари, па не ми се испушташе прилика да го пробам. Многу ми се допаѓа, со едно шампонирање ми вади и кокосово масло од врвовите, дава онаков лесен волумен и косата е лесна со фин сјај. И бонус е тоа што мирисот не му е „медицински“ како на оној кој го користев претходно, со био-јојоба и ехинацеа. Си најдов уште еден фин шампон.
Алверде имаат многу убави производи за коса. И шампони, и регенератори, и спрејовите со масла. Уште не се случило да не ми се допадне некој производ за коса од алверде.
Да, ти ми го препорача. Јас ставам кокосово масло, ама на цела коса оти ми е бланширана, па шампонот и на крај маската од банана на Калос. Инаку дали од стрес, ама влакното ми се уништи. Бланширана сум, ама не ми е прв пат и дури ја шишав и за две недели пак се испрли косата.
Долго време го користев ,направив пауза па пак му се вратив..најубавиот што сум го користела мн убава ми е косата после миење мека ми е и не прави првут.
Имам долга и густа коса, али многу тенко влакно, па едвај ја расчешлувам. Предлог некој регенератор или спреј?
Пробај со спреј од Глис. Имаш различни, во зависност од типот на косата. Може и малку да ја скратиш, па нема да ти се заплеткува. Добри се регенерарорите на L'oreal
Препорака за регенератор за долга и густа коса? Имам проблем со сува кожа, и често пати и косата знае да ми биде доста сува и без сјај.
И јас сакам да ми препорачате регенератор за сува и оштетена коса. Дека постојано ми е фатена, ми се направила ко метла. А ниту ја пеглам, ниту ја сушам. Се одлучив да го земам шампонот на Алверде од авокадо, ама би сакала плус и регенератор.
Незнам каде да прашам во која тема но еве тука ќе прашам.. може малу глупаво прашање Дали има има шампон што нема никаков мирис ?? како што има без боен лак за нокти
Јас го користам моментално овај шамопон , го купив од Лидл кога бев на одмор ама некако многу почна да ми се мрси косата . Ќе му дадам шанса уште неколку пати па ќе видиме како ќе се покаже. Го има некоја користено овај шампон?
Истрошив еден регенератор ваков минатиот месец, и сега го немам начекано инаку пак ќе си го земам Е сеа во рекламата премногу го форсираат, мене освен што прееееубаво ми мирисаше косата, друго ништо не ми промени во однос на квалитет. Ко и секој друг регенератор ми беше. Ама па затоа на косата го парфем да и имав ставено, до наредно миење се задржуваше мирисот.